Над 4.000 ваучери за домашен туризам ќе бидат поделени следната недела


На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците […]

Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство


Од септември, учениците ќе одат во училиште доколку епидемиолошката состојба остане непроменета. – Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците […]

Филипче: За конкретни мерки ќе разговараме подетално во август


Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави денеска  министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за конкретните мерки ќе разговараат подетално во август. – […]

Предлог-измените на Законот за матична евиденција ќе овозможат правно признавање на родот на трансродовите лица


За трансродовата заедница во земјава е приоритетно да се донесат измените на Законот за матична евиденција, кои се во процедура во Собрание, но се уште не е отворена комисиска расправа. Со нив ќе се регулира правното признавање на родот и ќе се усогласат нивните лични документи. Според пратеничката Маја Морачанин, претседателка на Интерпартиската парламентарна група […]

„Мерцедесот“ на Џорџ Харисон продаден за 170.000 евра


Англија– Возилото „Мерцедес-Бенц 600“, што му припаѓаше на англискиот музичар, пејач, текстописец, музички и филмски продуцент и гитарист на легендарните „Битлс“ – Џорџ Харисон, беше продаден на аукција, вчера, за 145.000 фунти (170.000 евра).   Автомобилот е произведен во септември 1963 година како еден од најпопуларните во историјата, и стана хит меѓу славните, државниците и политичарите […]

Досега вакцинирани 500.995 граѓани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.810 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 862.426 дози вакцини, а […]

Тренерот на Георгиевски се откажа од наградата и побараа средствата да му се доделат на медалистот


Дарко Костовски, тренерот на Дејан Георгиевски кој вчера освои сребрен медал на Олимпијадата во Токио, преку социјалните мрежи информира дека тој и неговиот брат Борче како тренери се откажуваат од наградата 600.000 денари доделена од Владата со одлука на вчерашната седница. – Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 […]

Апелација ја укина пресудата за Ејуп Алими и Исмет Гури во предметот „Титаник 3“


Апелацискиот суд во Скопје денеска преку соопштение објави дека ја укинал пресудата во случајот познат како „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал во општината Чаир и го врати предметот на повторно судење. Во овој процес беа осудени Ејуп Алими (член на ДУИ и едно време координатор на пратеничката група на партијата во Собранието) и […]

Дочек на олимпиецот Георгиевски утре во 19.30 на плоштад


очекот на Дејан Георгиевски, кој што вчера освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот. Самиот Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри. „Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со […]

Апарат за испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и малигни заболувања во болницата во Битола


Нов апарат кој служи за функционални испитувања на бубрезите, тироидната жлезда, венската циркулација и испитувања на малигните заболувања е ставен во функција во Клиничката болница во Битола. Тоа е таканаречена спек камера, која со донација преку проектот на Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, првпат ја добива болницата во Битола заедно со апарат за […]

ЕК склучи договор за набавка на лекови против Ковид


Белгија – Европската комисија денеска соопшти дека склучила договор за набавка на лек против Ковид, произведен од Глаксо Смит Клин (ГСК). Во соопштението на ЕК се вели дека препаратот (сотровимаб / VIR-7831) сè уште не е одобрен од Европската Агенција за лекови (ЕМА) и се додава дека употребата на лекот ќе биде можна по одобрување од […]

Владимир Талески година и пол седи дома во куќен притвор и чека седница на скопска Апелација


Поранешниот градоначалник на Битола, осуден на 8 години затвор во случајот „Транспортер“, за цело време прима плата од Народниот театар и му тече стажот. Апелацискиот суд треба да расправа за жалбите во септември   АНЕТА БЛАЖЕВСКА БИТОЛА – Екс-градоначалникот на Битола Владимир Талески, една и пол година е во куќен притвор по пресудата на Основниот […]

Есер Џевахир почесен конзул на Северна Македонија во Турција


Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене. Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна […]

ОИ: Блажевска-Еминова 40-та во квалификациите на 100 метри слободно


Јапонија– Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова оствари 40-то време во квалификациите на трката на 100 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио. Македонката патеката ја мина со време 57.19 секунди. Во оваа дисциплина во квалификациите учествуваа 52 пливачки. Најдобро време постави Ема Мекин од Австралија – 52.13 што е нов олимписки рекорд. Од македонските спортисти на […]

Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период


Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за деца во основно по 2.100 денари и за деца во средно образование во износ од 3.000 денари, соопшти Министерството за труд социјална политика. Како што појаснуваат од Министерството, исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот […]

Компанијата „Блу Скај инвестментс“ нов сопственик на ФК Вардар


Компанијата „Блу Скај инвесмент“ е согласна во целост да го преземе постојниот договор, со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар, со што со тоа официјално го презема раководењето со клубот. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција по повод преземањето на клубот, истакна дека […]

Модната недела во Париз ќе му одадде почит на Албер Елбаз


Франција– АZ Factory, модниот старт-ап инициран од Албер Елбаз, треба да ја затвори модната недела во Париз оваа есен со модна ревија во чест на саканиот дизајнер, кој почина на 24 април од Ковид-19 на 59 години. Со наслов „Love Brings Love,” , шоуто е закажано за 5 октомври во 20 часот. „ Со шоуто […]

Во петок, ќе се прска против ларви од комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план: – Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. – Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот […]

Чадеж: Во Скопје започнуваме нова ера на економска и политичка соработка


Србија– Бизнисмени од Србија, Северна Македонија и Албанија денеска и утре во Скопје ќе разговараат за можностите за подобра економска соработка во регионот. Претседателот Александар Вучиќ, како и премиерите Еди Рама и Зоран Заев, ќе ја охрабрат соработката, пишуваат српските медиуми, според кои српскиот претседател во Скопје пристига со преставници на над 200 компании, јави […]