Модната недела во Париз ќе му одадде почит на Албер Елбаз


Франција– АZ Factory, модниот старт-ап инициран од Албер Елбаз, треба да ја затвори модната недела во Париз оваа есен со модна ревија во чест на саканиот дизајнер, кој почина на 24 април од Ковид-19 на 59 години.

Со наслов „Love Brings Love,” , шоуто е закажано за 5 октомври во 20 часот.

„ Со шоуто ќе се оддаде почит на креативната визија на Албер и неговата извонредна љубов кон модното семејство“, рече брендот во краткото соопштение.

Елбаз е погребан на гробиштата Холон во Израел, покрај неговите родители, само неколку дена по неговото смрт.

Светот на модата беше шокирана од ненадејната загуба на Елбаз, најпознат по подмладувањето на „Ланвин“ од 2001 до 2015 година.

Елбаз направи пауза од пет години откако го напушти Ланвин пред да ја отвори АZ Factory .

Роден во Мароко и израснат и школуван во Израел, дизајнерот се преселил во Њујорк во средината на 1980-тите. После едно учество во фирма за невести, тој се вработи кај  Џефри Бине, како негов постар асистент седум години.

Елбаз беше забележан на меѓународната сцена кога беше регрутиран од Ралф Толедано на чело на Ги Ларош во Париз во 1996 година, каде што доби медиумско внимание и понуда за работа од соништата : да ја наследи легендата за мода Ив Сен Лоран на чело на колекцијата реди ту веар Рив Гош во 1998 г.

По три сезони, Елбаз доби отказ во пресрет на преземањето на YSL од страна на Гучи Груп. Потоа, Елбаз работеше една сезона со Криција во Милано пред да ја преземе функцијата во Ланвин. (WWD)