Филипче: Од септември ќе биде ставен во функција планот за лекарска нега на затворениците


Пред неколку години ја преземавме обврската, како Министерство за здравство да се грижиме за здравствената состојба на затворениците преку тоа што лекарите и медицинските сестри тогаш преминаа во здравствените домови. Иако имаше неколку огласи за Здравствениот дом во Скопје, не се пријавија млади лекари да бидат дел од тимовите што ќе пружат ваков вид на […]

Нова пратка на вакцини на „Астра Зенека“ пристигнува утре, а на „Спутник“ наредната недела


Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера […]

(Видео) Голема експлозија во Лос Анџелес, повредени 16 лица


Полицијата во Лос Анџелес се обиде да активира неколку тони нелегален огномет, по што следеше силна експлозија во која се повредени повеќе од 17 лица, вклучително и полицајци. Девет полицајци и еден федерален агент од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви се повредени во несреќата. Шест цивили се пренесени в болница – тројца […]

Заев од Охрид: Да го зачуваме непроценливото богатство верификувано од УНЕСКО


Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид Костадин Георгиевски денеска извршија увид во активностите на комуналните служби преземени за исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето. Премиерот Заев посочи дека Општина Охрид добива […]

Ковид-19 вообичаена појава кај мачки и кучиња


Холандија– Нови истражувања во Холандија покажаа дека Ковид-19 е чест и вообичаен кај мачки и кучиња чии сопственици биле заразени со вирусот. – Ако имате Ковид, треба да избегнувате контакт со мачка или куче, исто како и со луѓето. Главната грижа не е здравјето на животните, туку потенцијалната опасност тие да бидат само носители, па […]

СЗО: Повторно се зголемува бројката на заразени со Ковид-19 во Европа


Светската здравствена организација денеска соопшти дека заврши периодот на двомесечно континуирано намалување на случаите со коронавирус во Европа, предупредувајќи дека ќе има нов бран „доколку не останеме дисциплинирани“. -Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече на прес-конференција регионалниот директор […]

Ева Јовановска: Лице на иднината на Мис на Евроазија 2021 во Анталија


Во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој нашата претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички. Таа е од Тетово, има 17 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за […]

Приведен 20 годишник кај кого се најдени кокаин и марихуана


Дваесетгодишник од Тетово е приведен откако полицајците му нашле кокаин и марихуана дома при претрес утринава. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени му се 5 пакувања кокаин, 1 пакување марихуана и 1 дигитална вага. -Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 9 часот и 30 минути  до 10 часот и 30 минути извршиле претрес […]

Бочварски: Инвестираме подеднакво насекаде за рамномерен регионален развој и подобро општество за сите


Инвестираме подеднакво насекаде заради рамномерен регионален развој и обезбедување подобро општество за сите наши граѓани. Веруваме дека само на тој начин државата оди во вистински правец, истакна денеска во Кавадарци министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев извршија увид во реконструкција на локални улици, во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта”. Бочварски и […]

Како да се наспиете во жештините без будење и без клима? Четири совети за полесен сон


Кога ќе запече сонцето и ќе се загреат становите, многу е тешко да заспиете без вклучена климатизација. Германски експерт дава четири совети да не се будите во текот на ноќта поради топлината – еден од нив ќе ве изненади. Топлотниот бран што ја зафати Македонија последните недели тешко им падна на сите – оние кои […]

Царовска: Реформите во образованието стартуваат од септември


Реформите за основно образование стартуваат од септември за учениците во прво и во четврто одделение, потврди денеска министеркста за образование и наука Мила Царовска. По обраќањето на младинскиот форум „Гласот на младите дома го обединува регионот“ во Отешево, во изјава за медиумите министерката посочи дека програмите за работа се донесени, а подготвени се три сценарија […]

Пол Џорџ: Ако играше Каваи, ќе беше друга песна


Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, по поразот од Феникс (103:130) и губење на финалето на Западот со 2-4 од Феникс санс, се пожали на отсуството на лидерот на тимот Каваи Ленард. Ленард целосно ја пропушти серијата поради повреда на коленото. – Ако Каваи играше, тоа ќе беше друга песна. Зборуваме за еден од […]

ММФ: Нерамноправноста во пристапот до вакцините се одразува и на закрепнувањето на економиите


САД– Светската економија нерамномерно закрепнува од пандемијата поради нееднаквоста во пристапот до вакцините, предупреди главната економистка на ММФ, Гита Гопинат, додавајќи дека делта сојот им се заканува на земјите што немаат основни медицински материјали. Пандемијата почна пред повеќе од една година и многу земји се уште се борат да се справат со коронавирусот, особено со многу […]

Рускоска: Јанакиески и Спировски редовно го информирале Вељановски за протестите


Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, обвинет во случајот „Организатори на 27 април”, имал задача по секоја цена да спречи избор на нов претседател на Собранието на 27 април 2017 година, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска, во завршниот збор за овој предмет.  Таа во продолжение истакна дека обвинетиот Вељановски, не го ставил на гласање предлогот […]

Сите веднаш ги фрламе, а всушност се вистинско богатство


Ги добиваме „бесплатно“ со набавка на чевли или чанти, и веднаш ги фрламе затоа што не знаеме колку се корисни. Силиконските вреќички се неверојатно средство против влага и еве како сè уште можете да ги користите. Секогаш кога ќе купите нов пар чевли или торба, во внатрешноста на кутијата ќе најдете минијатурни вреќички со топчиња. […]

Преку „МојДДВ“ кај граѓаните за две години се вратени 36,3 милиони евра


Две години фискалните сметки не се само хартија со бројки, туку сметки кои на граѓаните им враќаат пари. Враќањето пари назад кај граѓаните е реалност во нашата држава и на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денари, односно 36,3 милиони евра како дел од […]

Парада на гордоста денеска во Приштина


Активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово денеска по четврти пат ќе ја организираат Парадата на гордоста, која се одржува во рамките на годинешната „Недела на гордоста“. Парадата ќе се одржи во самиот центар на Приштина, во пешачката зона, со почеток во 11:30 часот, а ќе се финализира со пригодни говори и со концерт на платото кај […]

Грција најави отворање на сите копнени гранични премини


Отворање на сите копнени гранични премини на Грција со соседните земји, меѓу кои и Ники/Меџитлија и Дојран кон Северна Македонија и тоа со 24-часовно работно време, почнувајќи од денеска, најавија грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу. – Ги зајакнуваме копнените граници, од денеска, копнените […]

Филипче: Граѓаните да бидат спокојни, вакцините се веќе дистрибуирани


Вакцините се веќе дистрибуирани, околу 50-тина илјади веќе во понеделникот беа дистрибуирани и денеска се спроведува имунизација во сите градови. Вклучени се и центрите за масовна вакцинација, тоа се спортските сали и здравствените домови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.  -Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба […]

Македонско-хрватски бизнис средби: Авиолинија меѓу туристичките центри и економска дипломатија


Авиолиниско поврзување на Охрид со Сплит или Дубровник, како туристички центри, во насока на поддршка на туризмот што е меѓу најпогодените гранки во ковид пандемијата, е една од иницијативите што ги изнесоа македонските и хрватските бизнисмени на денешна деловна средба во Загреб. Бизнимени од Сојузот на стопански комори на Македонија и од Хрватската трговска комора […]