Парада на гордоста денеска во Приштина


Активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово денеска по четврти пат ќе ја организираат Парадата на гордостакоја се одржува во рамките на годинешната „Недела на гордоста“.

Парадата ќе се одржи во самиот центар на Приштина, во пешачката зона, со почеток во 11:30 часот, а ќе се финализира со пригодни говори и со концерт на платото кај хотелот „Гранд“.

По 2017 година во Косовскиот главен град редовно се одржуваат паради на грдоста, освен лани, кога не беше организирана поради пандемијата на Ковид-19. Пред тоа, од 2014 со 2016 година, во Приштина беа организирани маршеви на припадниците и поддржувачите на ЛГБТИ популацијата. Сите овие манифестации поминаа без посериозни инциденти и само со помали јавни демонстрации на противниците на ваквите манифестации.

Парадата на гордоста, која годинава се одржува под мотото „Заедно и горди“, според организаторите, „има за цел јакнење на ЛГБТИ-лицата за нивно соочување  со секојдневната дискриминација во Косово“.

Организатори на парадата се Центарот за развој на општествените групи (ЦСГД) и Центарот за слобода и еднаквост (ЦЕЛ), заедно со нивните партнерски организации, меѓународната Заштитници на човековите права (ЦРД), и косовските Иницијатива на младите за човекови права (ЈИХР КС) и Центар за родови студии (КЦРС).