Тедрос: Светот е во опасен период на пандемијата со Ковид-19


Швајцарија – Светот е во многу опасен период на пандемијата на коронавирусот, а идентификувана е позаразната делта варијанта во речиси 100 земји, изјави шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреијус. Тедрос на редовната прес-конференција на СЗО кажа дека делта варијантата, која за првпат се појави во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува […]

Имунизацијата се одвива непречено, можни нови мерки за заштита од делта сојот


Имунизацијата во државата против Ковид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вакцинирани половина милион граѓани. Од денеска активна е и веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство, а задутре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сојот […]

Шаповалов ги сруши надежите на Мареј на Вимблдон


Англија– Денис Шаповалов не загуби ниту сет во дуелот со Енди Мареј и ги урна надежите на Британецот дека може да се надева на пласман во самата завршница на актуелниот Вимблдон.   Шаповалов вчера победи со 6:4/6:2/6:2 во рамките на третото коло на грен-слем турнирот во Лондон, а за Мареј ова е најрана елиминација на […]

Ѓоковиќ преку Кудла во осминафиналето на Вимблдон


Англија– Најдобриот светски тенисер се пласираше во осминафиналето на Грен слемот Вимблдон, откако вчера со максимални 3-0 по сетови 6-4, 6-3 и 7-6  го порази Американецот Денис Кудла. Во следната фаза противник на Ѓоковиќ е Кристијан Гарина од Чиле, 17 носител на Отвореното првенство на Англија.

Променливо облачно и посвежо 


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и ретки грмежи претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. […]

Џефри Ховениер нов американски амбасадор во Косово


Косово– Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден го номинира Џефри М. Ховениер за нов американски амбасадор во Косово, објавија синоќа медиумите во Приштина, пренесувајќи соопштение на Белата куќа во Вашингтон. Ховениер на чело на дипломатската мисија на САД во Косово ќе го наследи Филип Коснет, кој за амбасадор во Приштина беше номиниран од поранешниот […]

Одредени пластични производи за еднократна употреба од денеска забранети во Грција


Грција– Пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши, од денеска се забранети за употреба во Грција, согласно законот што важи во сите земји од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот закон, […]

Данска донира два милиони вакцини „Астра Зенека“ на Западен Балкан, за Македонија 250.000


Данската Влада намени милион дози вакцини, по 250.000 дози како донација за Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, и Косово, како и уште милион дози вакцина  „Астра Зенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцините КОВАКС, соопштија од Данската амбасада во Белград. Во моменталната епидемиолошка ситуација, како што наведуваат, данските здравствени власти ја вклучија вакцината […]

Италија ја елиминира Белгија во четвртфиналето на ЕУРО 2020


 Италија ќе игра против Шпанија во полуфиналето на ЕУРО 2020, откако Азурите триумфираа вечерва во Минхен над Белгија со 2:1 (2:1). Италијанците, кои во натпреварот влегоа во серија од 31 натпревари без пораз, дојдоа до својата 13 последователна победа со головите на Никола Барела во 31. минута и Лоренцо Инсиње (44 м.). Ромелу Лукаку во судиското продолжение […]

Ги забетонираа, па ги ослободија дрвјата на Кеј


Попладнево, граѓани и групи за заштита на зеленилото на социјалните мрежи споделуваа фотографии од забетонирани дрва на кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, чија реконструкцијатапочна пред четири месеци со проект вреден 88,6 милиони денари. Активистите го повикаа градоначалникот Петре Шилегов да го провери работењето на изведувачот и односот на дрвата. По повикот, градоначалникот Шилегов […]

Седумгодишна ќерка на пожарникар загина во рушењето на зградата на Флорида


Седумгодишната ќерка на пожарникар од Мајами е една од двете нови жртви пронајдени меѓу урнатините на зградата која минатата недела се урна во Флорида. Бројот на мртви се зголеми на 20, а 128 лице се уште се водат како исчезнати. „Оваа трагедија влијаеше на многумина од нас, затоа што познаваме некого кој живеел во оваа […]

(Видео) Силно невреме во Вашингтон, илјадници домови без струја


Силно невреме го зафати Вашингтон, поради што многу домови останаа без електрична енергија. Невремето започна во близина на Фолс Черч и Арлингтон, помина низ центарот на Вашингтон и заврши во округот Принц Џорџ во Мериленд. Американската национална метеоролошка служба соопшти дека поминал најлошиот дел од невремето, но ги предупреди граѓаните да бидат „крајно внимателни“ кога […]

Кацарска: Верувам во напредокот на работата на судството, нема да дозволам никој да ми каже како да работам


Верувам во судиите на Уставен суд, верувам дека и тие нови тројца судии кои треба да бидат избрани ќе бидат прифесионалци, чесни судии и судии со интегритет. Можам да тврдам дека и тука нема да дозволам никој да ми каже како јас да работам и во никој случај да ми каже некој како да гласам. […]

Заев: Ќе прифатам дуел со Мицкоски кога ќе има суштина


Премиерот Зоран Заев вели дека не прифаќа ТВ дуел со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за разговорите со Бугарија, потенцирајќи дека не избегнува дуели, туку дека ќе прифати кога навистина ќе има суштина или потреба. Во интервју за ТВ 21, Заев потсетува дека досега пет пати прифатил дуел со Мицкоски. -Прочитав што е причината, […]

Шпанија прв полуфиналист на ЕУРО2020


 Шпанија е прв полуфиналист на ЕУРО2020 совладувајќи ја вечерва Швајцарија на пенали со 3:1 во Санкт Петерсбург, откако четвртфиналната пресметка по 120 минути фудбал заврши 1:1. Шпанија поведе со автоголот на Денис Закарија во осмата минута и го чуваше водството до 68 минута кога Џердан Шаќири донесе израмнување. Швајцарците од 77 минута играа со фудбалер помалку поради […]

Прв случај на делта сојот потврден во БиХ


БиХ– Делта сојот на коронавирусот е потврден кај жена од Меѓугорје, Босна и Херцеговина, објавија дел од босанските медиуми. Делта сојот првпат е откриен во Индија, а стана глобално доминантна варијанта на Ковид-19. Овој сој се смета за повирулентен, но не е докажано дека е посмртоносен. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести […]

Роналдо изби на врвот според заработка од реклами на Инстаграм


Англија – Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо се искачи на врвот според заработката од реклами на неговиот Инстаграм профил, симнувајќи го од водечкото место американскиот актер Двејн Џонсон. Триесетишестгодишниот португалскиот фудбалер, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1.6 милиони долари за една рекламна објава на својот профил, објави денеска компанијата „Hopper HQ“, […]

Заев – Рикер: Отворањето на пристапните преговори останува приоритет, билатералните прашања немаат место на преговарачката маса


Отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија останува наш највисок стратешки приоритет, билатералните прашања немаат место на преговарачката маса, став за кој недвосмислено се согласиле премиерот Зоран Заев и помошникот државен секретар на САД Филип Рикер. На заедничката прес-конференција денеска во Охрид во рамки на „Преспа дијалог за соработка“, Заев повтори дека Северна […]

(Видео) Во Канада ги урнаа спомениците на британските кралици


  Демонстрантите во Канада ги урнаа спомениците на британските кралици Викторија и Елизабета II, јави Би-би-си. Статуата на кралицата Викторија урната е во Винипег, главниот град на провинцијата Манитоба. Во близина на таа статуа се наоѓаше и помал споменик на Елизабета II, кој исто така е срушен. Demonstrators toppled statues of Queen Victoria and Queen […]

Песков: Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување на земјата поради новиот бран коронавирус


Русија– Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување поради новиот бран на епидемијата со коронавирусот, иако четврти ден по ред има рекорден број на смртни случаи како резултат на појавата на делта сојот на вирусот. „Никој не сака да биде затворен и прашањето за тоа не се поставува. А, за да не се случи тоа, сите […]