Шаповалов ги сруши надежите на Мареј на Вимблдон


Англија– Денис Шаповалов не загуби ниту сет во дуелот со Енди Мареј и ги урна надежите на Британецот дека може да се надева на пласман во самата завршница на актуелниот Вимблдон.

 

Шаповалов вчера победи со 6:4/6:2/6:2 во рамките на третото коло на грен-слем турнирот во Лондон, а за Мареј ова е најрана елиминација на овој турнир по 2005 година.

 

Во првиот сет Мареј успеа да направи еден брејк, но откако Канаѓанецот имаше два во своја корист, па тоа значеше минимални 6:4 за Шаповалов, додека во вториот и третиот сет, мечот целосно се движеше во корист на помладиот тенисер.

Шаповалов правеше брејк во првиот и третиот гејм, па на некој начин и го откажа трикратниот грен-слем победник.

 

Во четвртото коло, противник на Шаповалов ќе му биде осмиот носител Баутиста Агут.

Лошата вечер за британскиот тенис ја заокружи и поразот на Дан Еванс, кој беше изненаден од Американецот Себастијан Корда.