(Видео) Во Канада ги урнаа спомениците на британските кралици


 

Демонстрантите во Канада ги урнаа спомениците на британските кралици Викторија и Елизабета II, јави Би-би-си.

Статуата на кралицата Викторија урната е во Винипег, главниот град на провинцијата Манитоба. Во близина на таа статуа се наоѓаше и помал споменик на Елизабета II, кој исто така е срушен.

Рушењто на спомениците е последица на растечкиот бес поради откритието на гробници на деца под католичките цркви.

Уапсено едно лице

Локалните медиуми јавија дека полицијата уапсеила едно лице со користење на електро-шокер, но додаваат дека демонстрациите главно биле мирни.

Демонстрациите не се случајно организирани денеска. Имено, на 1 јули во таа земја се злави Денот на Канада, односно годишнината од основањето на државата во рамки на британските колонии во 1967 година.

Британската влада го осуди чинот на уривање на спомениците на скулптурите.