Најбрзата Американка позитивна на марихуана


САД– Американската спринтерка Шакари Ричардсон била позитивна на марихуана на американските олимписки квалификации поради што може да остане без настап на Игрите во Токио, објави денеска весникот „Њујорк Тајм“, повикувајќи се на анонимни извори. Ричардсон (21) победи во финалната трка на 100 метри на американските квалификации што се одржаа минатиот месец, обезбедувајќи со тоа пласман на претстојната Олимпијада во Токио. […]

МЗ: Од утре активна веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство


 Министерството за здравство информира дека од утре до 10-ти месецов ќе биде во функција веб страницата „https://vakcinacija.mk/revaccination“, која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава. Од Министерството посочуваат дека преку регистрацијата на граѓаните, ќе можат да добијат детален увид за колкава бројка станува […]

Во Албанија во акцијата „Душа“ запленет имот од милиони евра, шест тони дрога, уапсен обвинител и првиот човек на албанската антимафија


Албанија– Запленет имот вреден милиони евра, ресторани, хотели, супермаркети , четири компании, градежно земјиште и притворени 38 лица е билансот од големата акција „Душа“ финализирана денеска во утринските часови од страна на албанското специјално обвинителство (СПАК) во соработка со италијанската полиција во четири земји – Албанија, Италија, Црна Гора и Шпанија, јави дописничката на МИА […]

Изложба „Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина“ во Музеј на град Скопје


Вечерва во 20 часот, во Музеј на град Скопје, а ќе биде отворена изложбата-Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина, во рамките на проектот КреАрт, подржан од Креативна Европа, а во организација на Град Скопје и Музеј на град Скопје. На изложбата ќе бидат изложени дела на 15 интернационални уметници- кои […]

Брнабиќ: Тоа што ѝ се случи на Северна Македонија е опасен преседан


Тоа што ѝ се случи на Северна Македонија е опасен преседан. Билатералното прашање на интерпретација на потеклото на некој јазик или историја не е прашање кое треба да се однесува на ЕУ, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на прес-конференција во Охрид, каде учествува на Преспа форумот за дијалог. – Ќе видиме што ќе се […]

Објавени процедурите за влез на „Егзит“ за посетителите од Македонија


ЕГЗИТ“ (EXIT) на своите веб-страници ги објави официјалните процедури за влез на посетителите на овогодишното издание на фестивалот. Според предвидените протоколи влезот на Тврдината од 8 до 11 јули за сите посетители ќе биде ограничен на неколку начини. Иако за влез од Македонија во Србија не е потребен никаков вид на дополнителни документи освен документот […]

Нови 11 случаи на коронавирус, почина еден пациент на возраст од 43 години


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1. Регистрирани се 4 оздравени пациент од: Скопје и Битола – по 2 . Пријавено […]

(Во живо) Заедничка прес-конференција на Заев и вршителот на должност помошник државен секретар за Европа на САД, Филип Рикер


Со почеток во 16:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и вршителот на должност помошник државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер ќе одржат заедничка прес-конференција.   https://youtu.be/PBUjtTln1EI Преносот на македонски јазик можете да го проследите на следниот канал.

Британија: Пристигнати шест милиони барања за престој од граѓани на ЕУ


Англија– Шест милиони луѓе поднеле барање за статус за престој преку Системот за регистрација и престој на државјани на ЕУ (EU Settlement Scheme) пред крајниот рок на 30 јуни, соопштија денеска властите во Велика Британија. Откако ја напушти ЕУ и го заврши преодниот рок кон крајот на минатата година, Велика Британија започна да воведува нов […]

Промовиран романот „Лазарка“ добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година


Романот „Лазарка“ од Љупчо Петрески, еден од победниците на книжевната награда „Пегаз“ за 2020 година, беше промовиран онлајн на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. „Лазарка“ е директна референција на истоимената, парадигматична песна од славната поетеса Силвија Плат, каде што авторот – со пристап на изверзиран почитувач на книжевноста, во рембовска смисла на зборот – […]

Изгоре селото во Канада што три дена уриваше температурни рекорди


Литон, мало село во канадската провинција Британска Колумбија, во последните три дена по ред уриваше температурни рекорди во историјата на мерење во Канада, а 49,6 степени Целзиусови беа измерени во вторникот. Во средата приквечер началникто на тоа мало планинско село од 250 жители мораше да издаде наредба за евакуација поради експлозивен пожар кој се приближуваше. […]

Реконструирано детско игралиште кај градинката „Лале’“ во Аеродром


  Општина Аеродром започна со реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија. Деновиве се реконструира детско игралиште во близина на градинката „Лале“, на булевар „Јане Сандански“. Старите реквизити се заменети со нови и е поставена нова подлога. „Дечињата заслужуваат најдобри услови за безбедна и безгрижна игра. Општина Аеродром инвестира во подобра иднина за сите!“, […]

ВМРО-ДПМНЕ со резолуција за заштита на македонските позиции во преговорите со Бугарија, бара од СДСМ да ја поддржи


 ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе резолуција до Собранието во која се дефинирани и заштитени македонските позиции во преговорите со Бугарија, најави денеска партискиот лидер, Христијан Мицкоски. Мицкоски на прес-конференција рече дека текстот на резолуцијата од кој треба да произлезе национален консензус, брана за сите напади и обиди за манипулација, не е авторско дело на ВМРО-ДПМНЕ, туку е […]

АПИС и „Сакам да работам“ бараат јавна расправа за измените на Законот за игри на среќа


Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ бараат да се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет за измените на Законот за игри на среќа, за да се соочат аргументите. Тие сметаат дека предложените законски измени содржат дискриминаторски противуставни […]

Коце Трајановски еден од потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за скопски градоначалник


Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје, откри денска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски повтори дека многу скоро, до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локлани избори. Се преговара, рече, за коалиција, но не само […]

Лицата болни од целебрална фиброза апелираат за потребата од лекот Калидеко, министерот Филипче уверува дека ќе го имаат следната недела


Лицата болни од цистична фиброза информираат дека се во лоша здравствена состојба, откако се потроши лекот Калидеко, кој им овозможуваше да можат да функционираат без да ги чувствуваат последиците од ова заболување. Тие велат дека откако го нема лекот губат тежина, не можат да јадат, ниту пак да се движат. – Без лекот сум многу […]

ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Македонија за 2020 година


Државниот завод за ревизија на веб страницата го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2020 година. – Од извршената анализа на извештаите за пријавени обврски заклучно со декември 2020 година, ревизијата констатира дека од вкупно 1.380 субјекти, во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските (ЕСПЕО) податоци имаат доставено […]

Премиерите од регионот порачаа дека на Западен Балкан дуваат нови ветришта


Разочарување од одлуката на Европската унија во врска со (не)одржувањето на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија, но и пораки дека регионот на Западен Балкан дуваат нови ветришта во насока на меѓусебно поврзување и формирање заеднички пазар, превладуваа на вториот дел од денешната пленарна сесија „Ресетирање на синергијата на ЕУ-САД кон Западен Балкан“, […]

Лагард: Закрепнувањето на еврозоната од корона кризата и натаму кревко


Економијата во еврозоната почнува да се опоравува од падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, но закрепнувањето и натаму е кревко, изјави денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард.   Претставници на ЕЦБ започнаа дебати за тоа кога треба да ја намалат вредноста на кризната програма за откуп на обврзници, преку која од почетокот […]

Бекеле го откажа учеството на Олимпијадата во Токио


 Кенениса Бекеле, трикратен олимписки шампион во трчање на 5.000 и 10.000 метри нема да биде дел од Олимписките игри во Токио. Триесет и осумгодишниот ветеран во последно време учествува на комерцијални маратони, но одби да се натпреварува во националните квалификации, велејќи дека настапот во Јапонија не одговара на неговиот распоред. Пред само две години – […]