Сити Мол го враќа гламурот во Скопје: LATE NIGHT SHOPPING во холивудски стил!


После повеќе од 1 година изолација, дистанца и многу малку можности за забава, се враќаме во стариот препознатлив стил и ви го најавуваме новото издание на Late Night Shopping во омилениот трговски центар, Skopje City Mall. Да се потсетиме на Холивуд забавите, филмскиот гламур, како и сите симболи на ретро забавата. Ве покануваме денес, на 2 јули да […]

ЕВРО 2020: Вечерва во четвртфиналето играат Швајцарија – Шпанија и Белгија – Италија


Италија– Со одигрување на последните два осминафинални натпревара, познати се двојките за четвртфиналето. Денес, на 2 јули ќе играат: Швајцарија – Шпанија (Санкт Петербург, почеток 18 часот) Белгија – Италија (Минхен, почеток 21 часот). Утре, 3 јули се закажани средбите: Чешка – Данска (Баку, почеток 18 часот) Украина – Англија (Рим, почеток 21 часот). 

Половина милион граѓани ќе бидат вакцинирани до следниот петок, можни се мерки за заштита на границата од делта сојот


Комисијата за заразни болести в понеделник ќе разговара за воведување мерки во однос на заштита на границата против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека засега не […]

Тимерманс одби да се слика со Јанша, Фон дер Лајен покажа разбирање


Белгија – Извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимерманс, одби да биде дел од традиционалната институционална фотографија помеѓу членовите на Европската Комисија и новата земја претседавач со ЕУ поради политиката на Јанша, јави дописничката на МИА од Брисел. Од Европската Комисија денеска уверија дека претседателката Усрула фон дер Лајен изразила разбирање за одлуката на Тимерманс. -Извршниот […]

Шефот на словенечката дипломатија ќе ја посети Бугарија заради ветото кон Македонија


Бугарија– Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, изјави дека една од неговите први претстојни посети ќе биде во Бугарија, во врска со бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ,  јави Бугарското национално радио. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот Логар изрази надеж дека по предвремените парламентарни избори […]

ЕСМ: Македонија стана член на ППЦА и се обврза да го напушти производството на струја од јаглен до 2030 година


Земјава стана член на ППЦА Алијансата (Powering Past Coal Alliance) за време на Лондонската недела за климатски акции и заедно со Шпанија се обврзаа да го напуштат производството на електрична енергија од јаглен до 2030 година, информира АД ЕСМ. – Одлуката на Северна Македонија да се придружи на клубот европски земји кои ќе го напуштат […]

Активистката Јара Шахиди стана глобален бренд амбасадор на „Диор“


Франција– „Диор“ ја назначи Јара Шахиди како најнов глобален амбасадор на брендови. 21-годишната актерка и активистка ќе биде заштитно лице на женската мода и козметика на дизајнерската куќа, претставувајќи ги дизајните креирани од креативната директорка на жените „Диор“, Марија Грација Кјури и директорот за шминка на Диор, Питер Филипс. Шахиди претходно соработуваше со Диор годинава […]

Малку убави зборови за односот на ЕУ кон регионот на Преспа форумот


ЕУ морално потклекна во регионот. Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека веќе следната недела ќе оди во Софија, а Филип Рикер порача дека спорот ќе биде решен во наредните неддели или месеци  „Немам што да кажам за тоа што ЕУ не ги отвори првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија. Тоа е неодбранливо“. Овие зборовви […]

Амбер Херд стана мајка: Ми се исполни најголемата желба


САД– Актерката Амбер Херд на својот инстаграм-профил ја сподели среќната вест дека станала мајка. „Многу сум возбудена што ја споделувам оваа вест со вас. Одлучив да имам дете пред четири години. Сакав да го направам тоа под мои услови“, напиша таа откривајќи дека на нејзината ќерка ѝ го дала името Онаг Пејџ, по нејзината покојна […]

Аеродром воспостави соработка со општини во регионот


 Претставници на Општина Аеродром во изминатите три дена посетија неколку градови во Западен Балкан и воспоставија контакти и меѓуопштинска соработка со неколку општини во регионот. Остварени се средби во Елези Хан во Косово – за реализација на ЕУ-проектот за меѓугранична соработка; Шенгин во Албанија – за размена на културни вредности, Подгорица во Црна Гора – за […]

Двајца возачи загинале во сообраќајка кај превојот Ѓавато


 Двајца возачи загинале во сообраќајка што вчера вечер се случила на  магистралниот пат Битола-Ресен, кај превој „Ѓавато“, во близина на мостот над село Кажани. Како што информираат од МВР, вчера во 22:40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) […]

Ако ги чувствувате овие симптоми во прашање е делта сојот


Делта сојот  на вирусот ги има истите симптоми како и обичниот Ковид-19, а тоа се треска, кашлица, губење на мирис и вкус, но исто така и главоболка, замор и хроничен замор. Главната разлика е во тоа што овој вид повеќе ги напаѓа органите за дишење, предизвикувајќи суво грло и студ. Во споредба со претходните два […]

Вардар ги доби ривалите во ракометната Лигата на шампиони


 Македонскиот ракометен шампион Вардар денес ги дозна противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Ждрепката сакаше Вардар да игра во А-групата заедно со: Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпеље, Загреб и Елверум. Во Б-групата се најдоа: ПСЖ, Барселона, Порто на Никола Митрески, Киелце, Флензбург, Веспрем на Дејан Манасков, Динамо Букурешт и Мотор Запорожје. […]

Пендаровски: Време е за рестартирање во регионот и нова синергија од САД и ЕУ


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски побара од САД и Европската унија да им помогнат на земјите од Западен Балкан да се воспостави нова синергија и рестартирање на регионот, како и заедничка соработка. На панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“, која денеска се одржува во Охрид во рамките […]

Ричард Бренсон со лет до Вселената на 11 јули


Англија – Британскиот милијардер Ричард Бренсон на 11 јули ќе отпатува до Земјината орбита, со пробен лет на неговата корпорација „Вирџин галактик холдингс инк.“, објави вчера компанијата за вселенски туризам. Со тоа, таа фирма може „да го претрка“ Американецот Џеф Безос, чиј лет е закажан за 20 јули. „Вирџин галактик‘ е предводник на новата комерцијална вселенска […]

Казнен налог од 2.000 евра за фалсификување ПЦР тест


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. -На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на […]

Конзервативците на Меркел ја зголемуваат предноста во анкетите пред изборите во Германија


Расте поддршката за конзервативниот сојуз на германската канцеларка Ангела Меркел пред парламентарните избори во септември, покажува денеска објавеното онлајн истражување на јавното мнение, пренесе ДПА. Во анкетата спроведена од фирмата за истражување на јавното мислење „ЈоуГов“, 30 проценти одговориле дека ќе гласаат за Христијанско-демократската унија на Меркел (ЦДУ) или нејзиниот баварски партнер, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), […]

Стигнаа 10 илјади вакцини „Астра Зенека“ од Хрватска, најавени уште 20 илјади


Во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“. Тие од почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“ што ќе биде практично […]

Објавен извештајот на Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот


Американскиот државен секретар Ентони Бликен го презентираше годишниот извештај на Стејт департментот за трговија со луѓе во светот. Извештајот опфаќа 188 земји и територии, а некои од нив ќе се соочат со потенцијални санкции поради недоволните напори во оваа област. Администрацијата во Вашингтон во извештајот посебно посочи 17 земји кои не прават доволно во борбата против трговијата […]

Дел од Сопиште денеска без вода


Дел од жителите на Општина Сопиште денеска од 10.30 часот имаат прекин во водоснабдувањето. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улицата „29“ број 39 во Сопиште. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отсранување на дефект