Бекеле го откажа учеството на Олимпијадата во Токио


 Кенениса Бекеле, трикратен олимписки шампион во трчање на 5.000 и 10.000 метри нема да биде дел од Олимписките игри во Токио.

Триесет и осумгодишниот ветеран во последно време учествува на комерцијални маратони, но одби да се натпреварува во националните квалификации, велејќи дека настапот во Јапонија не одговара на неговиот распоред.

Пред само две години – есента 2019 година – Бекеле го освои престижниот маратон во Берлин со резултат 2:01,41 часа, само две секунди зад светскиот рекорд.

Етиопјаните во Токио исто така ќе бидат без олимпискиот шампион во Рио 2016 година на 10.000 метри Алмаз Ајан, светскиот рекордер на 1500 метри Гензебе Дибаба и двократниот светски шампион на 5000 метри Муктар Едрис