Над 535 обвинети за упадот во Капитол Хил


Министерството за правда на САД соопшти дека се обвинети над 535 лица, шест месеци по немирите на 6 јануари во американскиот Капитол Хил. Обвинителството на САД за областа Колумбија во соопштението наведува дека 495 лица се обвинети за влегување или останување во федералната зграда или простории. Речиси 235 лица се обвинети за попречување, влијание или […]

Гризли-мечка усмрти кампер во САД


Во камп близу градот Овадо, западна Монтана, САД, гризли-мечка нападна и усмрти едно лице. Според шерифот во округот Пауел, мечката залутала во областа и се движела околу логорот, а нападот се случил меѓу 4,00 и 5,00 часот вчера наутро по локално време. – Мечката се појавила близу луѓето пред овој фатален напад, потоа се одaлечила, […]

Финалната серија во НБА стартуваше со триумф на Феникс


Феникс санс рано утрово го совлада Милвоки бакс со 118:105 во првиот натпревар од големото финале во НБА-лигата. Клубот од Аризона, предводен од Крис Пол (32 поена) и Девин Букер (27 поени), поведе со 1-0 во серијата прв до четири победи. Во поразениот тим се истакна Крис Мидлтон со 29 поени, првата ѕвезда, Јанис Адетокунбо […]

Јужна Кореја: Најголем број на заразени случаи од декември минатата година


Јужна Кореја потврди повеќе од 1.200 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем дневен број од крајот на декември минатата година. Премиерот Ким Бу-кјум изјави дека мерките за социјално дистанцирање ќе бидат продолжени за следните неколку денови, а властите ќе одлучат дали ќе ги заострат постоечките правила, во момент кога земјата […]

Аргентина на пенали преку Колумбија до финалето во Купот на Америка


Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Бразилија ја победи Колумбија во второто полуфинале од Купот на Америка. Победникот беше решен по изведувањето пенали, откако основните 90 минути завршија без победник 1:1. Најпрво резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 7. минута по асистенција од Лионел Меси, изедначи Луис Дијаз по еден час игра. Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа […]

Психичките проблеми од Ковид-19 не се безопасни, се повеќе лица бараат помош


Истражувачката група составена од 12 психолози од Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет во Загреб и еден од Филозофскиот факултет во Загреб, неодамна објави преглед на прелиминарните резултати од вториот бран на истражувањето – „Како сме? Животот во Хрватска за време на короната“. Проектот ги испитува последиците од пандемијата на коронавирусот во Хрватска и земјотресот […]

Шекеринска во заедничка посета на Летонија со министрите за одбрана на Црна Гора и Словенија


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во еднодневна работна посета на Летонија, заедно со министрите за одбрана на Словенија, Матеј Тонин и на Црна Гора, Оливера Ињац. Домаќин ќе им биде заменик премиерот и министер за одбрана на Летонија, Артикс Пабрикс. Како што соопшти Министерството за одбрана, заедничката посета на тројца министри за одбрана […]

Карантинот во Сиднеј продолжен за уште една недела


Двонеделниот локдаун во најголемиот австралиски град Сиднеј ќе биде продолжен за уште една недела, со цел да се спречи ширењето на заразниот делта сој на коронавирусот, објавија локалните медиуми. Сиднеј, каде живее една петтина од 25 милиони жители на Австралија, се бори со најсилниот бран на пандемијата оваа година. Вкупниот број на заразени надмина 330 […]

Промоција на книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“


Промоција на книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“ која ја подготви и за која напиша предговор Ана Мартиноска, издадена од Kнигоиздателство Ми-Ан ќе се одржи денеска во паркот пред КИЦ-Скопје. Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици, со исцрепен предговор на проф. д-р Ана Мартиноскa. – Книгата […]

Познат холандски новинар од црна хроника тешко ранет во центарот на Амстердам


Познат холандски новинар од рубриката Црна хроника, Питер Р. де Вриес е во критична состојба откако во него беше пукано синоќа од огнено оружје во центарот на Амстердам, јавија холандските медиуми. Де Вриес (64) беше сериозно повреден во нападот и беше пренесен во болница. Нападот се случи само неколку минути откако тој ја напушти зградата […]

Куомо потпиша наредба со која се прогласува состојба на „вонредна катастрофа“ во државата Њујорк поради бран вооружено насилство


Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, потпиша наредба со која се прогласува состојба на „вонредна катастрофа“ за борба против насилството со оружје и државата Њујорк да биде побезбедна. Новата стратегија ќе го третира насилството со огнено оружје како јавна здравствена криза. – Отидовме од ковид во епидемија на вооружено насилство. Повеќе луѓе умираат од насилство од […]

Бајден: Ве молам, вакцинирајте се


Ако сте вакцинирани, заштитени сте, ве молам, вакцинирајте се, нагласи американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, зборувајќи за планот за вакцинација. Тој ја упати пораката неколку дена откако не беше исполнета целта 70 отсто од граѓаните да бидат имунизирани со најмалку една доза до Денот на независноста. – Америка се враќа и се спојува. […]

Нуредини ќе информира за прогласувањето на Шар Планина за Национален парк


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата, по повод донесувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, Национален парк. Основната цел на законското решение е обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и […]

Јубилејниот 20 „Синедејс“ од 15 до 21 јули


Програмата на јубилејниот 20. Фестивал на европски филм „Синедејс“ (CINEDAYS) денеска ќе биде објавена на прес-конференција. Годинашново издание на Фестивалот ќе се одржува од 15 до 21 јули годинава. На прес-конференцијата ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, координаторот на Фестивалот Маргарита Арсова и Филип Николовски, програмски директор на Младинскиот културен центар (МКЦ).

За најпогодените сектори 10 милиони евра преку бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов. Бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“, проектирана на 10 милиони евра, е дел од шестиот пакет антикризни […]

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, албанскиот блок воздржан


Откако деновиве резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ беше поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, се произнесоа и партиите од албанскиот блок. ДУИ бара усогласување на текстот меѓу сите парламентарни партии, додека АА и Алтернатива очекуваат дебата во Собранието. Но, и владејачката ДУИ и опозициската коалиција Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива укажаа дека треба […]

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Дебатата почна на 1 јули, а Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година го образложи заменик министерот за финансии, Димитар Ковачески. За власта, ребалансот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на […]

Сончево и многу топло до 39 степени


Времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до […]

Бугарија не знае што да прави со вакцините, интересот е многу мал


Службениот премиер Стефан Јанев објави дека бугарската влада ќе одлучува на која земја да и ги донира своите преостанати дози на вакцини против Ковид-19 бидејќи постои голем ризик нивниот рок на траење да истече наскоро. Досега Бугарија прими 4,8 милиони дози вакцини, но користени се само 1,8 милиони дози. Вакцинацијата во Бугарија не е задолжителна, […]

Италија го слави влезот во финалето на ЕВРО 2020, пресуди пенал рулетот


Фудбалската репрезентација на Италија е првиот финалист на овогодинешното Европско првенство, откако вечерва во драматичен натпревар ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали (4-2) и откако во регуларниот дел и по продолженијата резултатот беше 1-1. Овој возбудлив и крајно неизвесен натпревар се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон.  Водечкиот погодок за Италија го постигна […]