ЕК ќе купи уште 36 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон


Европската комисија ќе го искористи своето право да набави дополнителни 36,7 милиони дози од вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“, изјави денеска портпаролот на компанијата. Тој додаде дека во тек се дискусиите во врска со тоа. Комисијата првиот пат купи 200 милиони дози на вакцината во октомври 2020 година.  Производителот на лекови се обидува […]

Белгија: Зелено светло за вакцинација на млади помеѓу 12 и 15-годишна возраст


Белгиските власти одобрија вакцинација на децата помеѓу 12 и 15-годишна возраст, но само со дозвола од родител или старател. Адолесцентите ќе можат да се вакцинираат само со вакцината на Фајзер и на доброволна основа. Одлуката младите да се вакцинираат само со Фајзер се заснова на препораката на Европската агенција за лекови, ЕМА. Министерот за здравство […]

Современа музичка драма „Само глас“ со Ангеловска и Ристановски во МНТ


Во Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва на програмата на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одигра комуникациска современа музичка драма „Само глас“. Претставата е во продукција на МНТ, а автор е Нина Плавањац. Улогите се Таа, која ја исполнува Звездана Ангеловска и Тој – снимениот глас на Никола Ристановски. Балетан е Мирослав […]

Османи: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е етничка место државна


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со предложената резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата, денеска изјави дека неговата партија ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија. -Се плашам дека може […]

Франција и Македонија договорија преземање на лица кои престојуваат без дозвола


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во МВР остварил работна средба со амбасадорот на Франција Сирил  Бомгартнер и директорката за меѓународна соработка на МВР на Франција, Софи Ат. Средба беше искористена за потпишување на Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, за чие навремено усогласување во голема мерка […]

Цел Балкан бележи зголемување на бројот случаи со Ковид-19 во последната недела


Неделниот тренд на нови ковид-случаи е во пораст, безмалку во цела Европа, но најизразено тоа е на Балканот. Така, според податоците на „Ворлдометерс“ Црна Гора бележи пораст од 5 отсто. Имено, минатата недела биле забележани 126 случаи, додека оваа недела има 132 нови случаи со Ковид-19. Во Србија, се забележува пораст од 17 отсто. Неделава […]

МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни


По детектирањето на седум пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат, соопштија денеска од Министерството за здравство.   Според Министерството, вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот […]

Македонската кинематографија на Канскиот фестивал, краткиот филм „Северен Пол“ премиерно на 16 јули


„Северен Пол” – најновиот краткометражен филм на Марија Апчевска, во продукција на „Кино око“ и поддржан од Агенцијата за филм, е во официјалната конкуренција на 74. Кански филмски фестивал кој се одржува од 6 до 17 јули. Светската премиера на нашиот филм ќе биде на 16 јули во 11 часот во салата „Дебиси“ во Кан. […]

Солистички рецитал на пијано дуото Аврамовска – Мариновски во  Софија


Во концертната сала на музејот „Борис Христов“ во Софија во Бугарија денеска ќе се одржи солистички рецитал на пијано дуото Аврамовска – Мариновски. На програмата на концертот се дела од Бетовен, Александар Јосифов, Шуберт, Сметана и Дворжак.  Дуото е основано од пијанистите Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски во 2015 година. Јасна Аврамовска живее во семејство на музичари, нејзиниот […]

Еруптира вулканот Таал на Филипините


Серија кратки и слаби ерупции се случија денеска на вториот најактивен филипински вулкан, објави научниот тим на филипинската влада предупредувајќи дека би можела да следува силна ерупција Повеќе од 6.000 луѓе ги напуштија своите домови во селата близу Таал во покраината Батангас, 66 км јужно од манила, од 1 јули кога беше забележана првата ерупција. […]

Армани претстави нова колекција на Неделата на висока мода во Париз


Франција – Италијанскиот дизајнер Џорџио Армани претстави нова колекција на париската Недела на високата мода, којашто беше обележана со блескави модели во гламурозен стил. Пред ограничен број гости, моделите прошетаа низ просториите на Италијанската амбасада во Париз, покажувајќи ја линијата за есен – зима во којашто доминира облека во небесно-сини и сребрени нијанси, заедно со црни […]

Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 на Кипар


Нагорен тренд, бележи Кипар во изминатите денови, во однос на новите случаи на Ковид-19, со оглед на тоа дека вчера беа регистрирани 827 новозаразени, односно 1,99 отсто позитивни од направените тестови, што е највисок процент во изминатиот период. Од почетокот на месецов, индексот на позитивни случаи од направени тестови е над еден (од 1,2 до […]

(Видео) Промовирање на бескаматната кредитна линија Ковид 4


Проследете ја прес конференцијата на вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Развојната банка, Кире Наумов, на која ќе ја промовираат бескаматната кредитна линија Ковид 4.

Идеален спој на филм и мода : Почна 74. Кански фестивал (галерија)


Франција–Канскиот филмски фестивал, освен што важи за еден од најпрестижните настани во светот на филмаџиите, го држи првото место за најочекуван црвен килим на годината. Славните парадираат меѓу папараците и обожавателите во нивните гламурозни креации за време на целиот 11-дневен фестивал на француската ривиера. На вчерашното отворање на 74. издание на фестивалот, меѓу другите, се […]

Манчини е уверен дека Италија е заслужено во финалето на ЕВРО 2020


Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите впечатоци по синоќешниот натпревар од полуфиналето на ЕВРО 2020 против Шпанија (1:1, на пенали 4:2). – Се стремевме кон финале, иако многу малку луѓе веруваа во тоа пред почетокот на турнирот. И честитам на репрезентацијата на Шпанија. Ова е одличен тим, а пеналите се лотарија. Ние заслужуваме […]

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Пржино


Поради водоводен приклучок ф-80мм на ул.„Стрмашево“ бр.5, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Стрмашево“ и ул.„Пржино“. Прекинот ќе започе од 8:45, а ќе трае до завршување на работните активности.

Во Албанија над милион вакцинирани против Ковид-19, половината се ревакцинирани


Албанија досега достигна бројка од милион вакцинирани граѓани против Ковид-19, од кои половина се ревакцинирани. Веста ја објави премиерот Еди Рама, преку фотографија на социјалните мрежи. „+ 1милион. Албанија се насмевнува, напиша Рама. Процесот на вакцинација во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари првите лица кои биле вакцинирани беа медицинскиот персонал, […]

МОН: Субвенциониран оброк може да користат редовните студенти од државните и од приватните универзитети


 Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните високообразовни установи. Оваа финансиска поддршка ќе почне од октомври годинава. За да ги добијат средствата, студентите покрај тоа  што […]

Врховниот суд ќе одржи јавна седница за пресудата за „Диво Насеље“


Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по повод жалбите против пресудата за случајот „Диво Насеље“, која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје. За случајот осудени се вкупно 33 лица од кои седум на доживотен затвор, а 13 на 40-годишни затворски казни. Во престрелка во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници […]

Вкупно 15 лица на Мис Мексико биле заразени со коронавирус


Мексико– Најмалку 14 од 32 натпреварувачки на изборот за Мис Мексико, и уште едно лице, се заразени со коронавирус, соопштија здравствените власти во сојузната држава Чивава. Секретарот за здравство, Едуардо Фернандез Ерера за тамошните медиуми изјави дека сите учеснички на натпреварот, официјално, имале свој негативен корона-тест пред самиот настан кој се одржува во главниот град […]