Бугарскиот премиер тврди: ЕУ зазема страна во спорот со Македонија


Нашите европски партнери заземаат страна толерирајќи ја Република Северна Македонија и, соодветно, обвинувајќи ја Бугарија без реална и образложена основа, оцени привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, пред амбасадорот на Словенија Анджеј Франгеш. Двајцата се сретнаа по повод почеток на словенечкото претседателство со ЕУ. Еден од главните приоритети на Љубљана е почеток на преговорите за […]

Заев со владиниот економски тим во Стопанска комора: Остануваме најголем поддржувач на домашните компании


Владата останува најголем поддржувач на домашните компании и партнер на бизнис заедницата во креирањето и спроведувањето на економски политики со цел обезбедување подобри услови и подобри закони, раст на БДП и отворање нови работни места, рече премиерот Зоран Заев на денепната попладневна повеќечасовна работна средба во Стопанската комора на Северна Македонија. Заев на средбата која […]

Построги мерки за баровите и кафулињата во Грција


Грција– Од 8 јули сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата, местата за забава и слично, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Кунгуловски: Големи се шансите делта да стане доминантен сој во земјава


Уште два нови случаи позитивни на делта сојот на SARS-CoV-2 се регистрирани во Жан Митрев Клиник, соопшти доктор Горан Кунгуловски на Фејсбук. Од Министерството за здравство се уште нема потврда за новите случаи, а министерот Венко Филипче претходно денеска соопшти дека има четири потврдени случаи на делта сојот. – Денеска се потврдени шест случаи (четири […]

Ериксен и лекарите специјални гости на финалето на ЕУРО2020


Франција – Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен и лекаритe кои го вратиja во живот фудбалерот откако неговото срце престана да чука за време на натпреварот против Финска, ќе бидат специјални гости на финалето на ЕУРО2020, соопшти денеска УЕФА. Носителот на играта на данската репрезентација колабираше на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген во завршните минути од првото полувреме во […]

Јуначење под јорган планина


ЕРОЛ РИЗАОВ Лошиот производ на меѓупартиски предизборни игри ќе биде мевлем на рана само еден ден зашто не претставува соодветен одговор на бугарската декларација, туку домашна патриотска предизборна трка   (Колумна за Дојче веле)                                            […]

Народната банка „на готовс“ доколку инфлацијата покаже заби


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска смета дека за сега нема таква опасност и дека инфлацијата според процените на НБ годинава ќе изнесува 2,2 отсто   Народната банка нема да се колеба да ги преземе сите потребни мерки за да се одржи ценовната стабилност во земјава, доколку се зголеми притисокот врз инфлацијата, изјави денес гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа […]

Поддршка за 33 организатори на настани, за игротеки, детски одморалишта, фотографски студија и фитнес центри


На 33 економски оператори од индустријата за организација на настани кои ги исполниле условите од јавниот повик, ќе им бидат распределени предвидените 15.443.661,00 денари поддршка од шестиот антикризен пакет. На повикот биле поднесени 45 апликации. Владата на денешната седница одлучи од шестиот пакет за справување со последиците од КОВИД-кризата, поддршка да добијат и сите 184 […]

Поддршка од 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, одобри Владата


Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат 2.460.000  денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик. Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет […]

МЗ: Никој од пациентите заразени со делта сојот не е вакциниран


Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. По направените анкети со пациентите, посочуваат од Министерството, утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. – Од вкупниот број позитивни пациенти, […]

ЕК: Ковид кризата ја зголеми нееднаквоста на пазарот на трудот во ЕУ


Последниот извештај на Европската Комисија за социјалниот развој во ЕУ ги анализира последиците од здравствената криза и предупредува дека земјите треба да внимаваат да не се продлабочат нееднаквостите, јави дописничката на МИА од Брисел. Извештајот покажува дека најголем раст на невработеноста има на прекарните работни места, оние за кои е потребно физичко присуство, како што […]

Конфликтот на водечките производители ги задржа цените на нафтата близу 77 долари


Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари останаа на чекор до 77 американски долари, поради конфликтот меѓу водечките производители околу планираното зголемување на понудата за да се задоволи растечката побарувачка во постпандемискиот период. На лондонскиот пазар, цената на барелот после пладне падна за 25 центи во споредба со претходното затворање, на 76,91 долари, откако за кратко достигна […]

Десетици млади заразени со Ковид-19 по забави во бич бар во Атина


Грција – Десетици случаи на Ковид-19 кај млади се регистрирани во Атина по забави организирани во познат бич бар, објавија грчките медиуми, кои пишуваат дека бројот на заразени е околу 100, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, младите кои присуствувале на забавите во изминатите дена, преку социјалните мрежи коментираат дека тие лично или […]

Египет дозволи ослободување на бродот „Евер Гивен“, што во март шест дена го блокираше Суецкиот канал


Египетски суд денеска издаде наредба со која се дозволува ослободување на огромниот контејнерски брод „Евер Гивен“, откако товарот беше привремено блокиран во Суецкиот канал заради нарушување на глобалната трговија, јави ДПА. Претседателот на Економскиот суд во Исмаилија го одобри барањето поднесено од Агенцијата што стопанисува со Суецкиот канал (СЦА) за укинување на налогот за притвор […]

МЗ: Сите вакцини се ефикасни и штитат од тешка форма на болеста и хоспитализација од делта сојот


 Апсолутно е неточно тврдењето кај дел од објавите и пренесените ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ не штити од делта сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина, реагира Министерството за здравство. Нагласуваат дека нема ниту една студија или научен доказ што ова го потврдува. – Апелираме медиумите да […]

Ќе се формира Координативно тело за „Скопје – кандидат за Европска престолнина на културата“


Предлог-одлуката за формирање на Координативно тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата“, денеска беше изгласана на Седницата на Град Скопје. Со оваа одлука се предлага формирање на специјално тело чија цел е координирање на активностите што произлегуваат од кандидатурата за оваа титула. Специјалното тело е составено од претседател заменик-претседател и 19 членови, […]

Во прилепски „Еурокомпозит“ продолжува неизвесноста и по владините одлуки


Владата уште на 20 април донесе одлуки за прилепската наменска фабрика и последен загубар „Еурокомпозит“, но нема ништо решено, реагираа на прес-конфекренција денеска пред општинската зграда преставници на Иницијативниот одбор на поранешните вработени во прилепски „Еурокомпозит“. Како што изјави Цветан Бунтески, претставник на Иницијативниот одбор на поранешните вработени во „Еурокомпозит“, Владата на 20 април донесе […]

Штрахе на суд за наводен поткуп


Судскиот процес против поранешниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, кој е обвинет за примање мито, започна денеска пред покраинскиот суд во Виена. На обвинителна клупа со Штрахе е и Валтер Грубмилер, сопственик на приватна клиника во Виена, кој е осомничен за подмитување. Штрахе во коалициските преговори со Народната партија на Австрија (ОВП) побарал приватната клиника „Веринг“ […]

Дебата на НКЕУ-МК: Состојбата со корупцијата се уште сериозна, неказнивоста ја намалува довербата на граѓаните во институциите


Професионализацијата и интегритетот на државната администрација е од суштинско значење за спречување на појавите на корупција. Со самото членство во ЕУ корупцијата нема стопроцентно да се искорени, но затоа е важно јакнење на јавната свест дека со оваа појава е невозможно да се егзистира во едно општество. Непочитувањето на правилата на игра, односно кога не […]

Вељаноски: На 27 април бев посветен на завршување на конститутивната седница


Обвинителниот акт е паушален и непоткрепен со докази, изјави поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, каде е меѓу обвинетите. Тој пред Судот истакна дека на 27 април 2017 година ниту знаел, ниту изготвил некаков план, односно бил посветен во завршување на конститутивната седница. – За […]