Бугарија не знае што да прави со вакцините, интересот е многу мал


Вакцинирање во Софија

Службениот премиер Стефан Јанев објави дека бугарската влада ќе одлучува на која земја да и ги донира своите преостанати дози на вакцини против Ковид-19 бидејќи постои голем ризик нивниот рок на траење да истече наскоро.

Досега Бугарија прими 4,8 милиони дози вакцини, но користени се само 1,8 милиони дози.

Вакцинацијата во Бугарија не е задолжителна, но таква екстремна мерка може да се бара во иднина, ако кризата е многу акутна, рече Јанев. Владата размислува да даде стимулации против вакцинацијата, следејќи го примерот на Грција, евентуално да им даде на целосно вакцинираните пари во форма на ваучери за да привлече поголем интерес, додаде Јанев.

Вакцинацијата во Бугарија се одвива многу бавно поради отпорот на матичните лекари и лажните вести на социјалните мрежи. Дозите администрирани низ целата земја се движат помеѓу 12-13.000 на ден и само 15 отсто од Бугарите се целосно вакцинирани.