Светска банка: Кинескиот економски раст поголем отколку што се очекуваше


Кинеската економија ќе расте посилна отколку што се очекуваше оваа година, а во 2022 година активностите ќе забават , што означува враќање на долгорочниот тренд пред пандемијата, предвидува Светска банка. Активностите во азискиот гигант годинава се очекува да пораснат за 8,5 проценти, пресмета Светска банка, зголемувајќи ја сегашната проценка за 0,4 процентни поени. Кинеската влада […]

МЗ: Изготвен е сертификат за прележан Ковид-19


Министерството за здравство информира дека во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид-19. Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава […]

Кавадарчанец пријавил во полиција дека неговиот зет физички ги нападнал него и комшијата


Кавадарчанец на возраст од 65 години, денеска пријавил во полиција дека во домот,  неговиот 41-годишен зет физички ги нападнал него и комшијата на возраст од 20 години. Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дерала: Продолжен рокот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ за локалните избори


 Рокот за аплицирање за изборни набљудувачи ЦИВИЛ одлучи да го продолжи до 10 јули на полноќ, информира на денешната прес-конференција под наслов „Отворено за сите прашања“ претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала. Тој појасни за краткорочниот изборен мониторинг, што е задача на краткорочните набљудувачи, и за начинот на набљудување на набљудувачите на ЦИВИЛ. ЦИВИЛ, како што […]

Работници надничари од соседството и понатаму во судир со законот поради нелегален престој


Ковид кризата не ја спречи појавата на луѓе од соседните земји да доаѓаат во тетовскиот регион од април до октомври кои во руралните области наоѓаат работа во градежништво или земјоделие. Од друга страна, најчесто тие доаѓаат без да го регулираат престојот и се соочуваат со законски последици. Според евиденцијата на СВР Тетово во изминатите пет […]

Русија ја тестира својата воздушна одбрана како одговор на воените вежби на Украина и САД


Русија ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на Крим, полуостровот што го анектираше од Украина во 2014 година, бидејќи Украина и земјите од НАТО одржуваат воени вежби во Црното Море, објави денеска новинската агенција Интерфакс.   Вежбите „Морски ветер 2021“ следат по зголемувањето на тензиите меѓу НАТО и Москва, која минатата недела […]

Во Албанија денеска и утре се отворени денови за вакцинација на младите над 18 години


Денеска и утре во Албанија се „отворени денови“ за вакцинација на популацијата над 18 години. На порталот e-Albania во изминатите два дена се пријавиле над 4.000 лица, кои според добиениот термин, ќе може да ја добијат првата доза 8 до 20 часот, во вакциналните пунктови на местото на живеење. Како што информираше министерката за здравство […]

„Фајнанс тинк“: Еколошката такса на долг рок ќе ја зголеми инфлацијата за 0,8 – 0,9 отсто


Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво – инфлацијата, кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти. Долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени. Ова го порачува Finance […]

Би-Би-Си: Пиратските игри содржат вирус што хакерите го користат за рударење криптовалути


Пиратирањето, поточно симнувањето игри за компјутер сега може да стане туѓа алатка за рударење криптовалути. Како што објави Би-Би-Си, „бесплатните“ верзии на видеоигри како што се „ГТА 5“, „НБА 2К-19“ и „ПЕС 2018“ не се обични пиратски верзии на игрите, туку содржат вирус наречен „Креконош“, што го користи хардверот на други лица за рударење криптовалути […]

Последна порака од Лисабон: Македонскиот јазик бил дел од бугарскиот


Португалската министерка за Европа, Ана Паола Закаријас, во разговор со новинарите пред завршувањето на претседателството, изјави дека „ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји… Ние мора да ја почитуваме бугарската позиција и тоа го сторивме“   На два дена пред завршувањето на португалското претседателство официјален Лисабон […]

Репортажа од Грција: За лежалки и чадор – 15 евра


Ако планирате да летувате во Грција ова лето, каде мерките за заштита од корона вирусот се сведени на минимум годинава, подгответе се на пример на граничниот премин „Евзони“ да почекате барем 45 минути. На македонската граница се поминува лесно и брзо, но колона има пред грчката граница. Колоната не е многу долга, но бавно оди […]

„Еуримаж“ го поддржа новиот филм на Теона Митевска


Филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Митевска, во кој Северна Македонија е носител на проектот, како и копродукцијата „Празник на трудот“ со македонско малцинско учество, се поддржани од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – „Еуримаж“, на втората сесија во 2021 година. На својата редовна 163 […]

Започнува пријавувањето за 17. Виз Ер Скопски Маратон 2021


Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се одржи на 2 и 3 октомври, а почнувајќи од денеска од 10 часот официјално започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе биде отворено до 15 септември 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. Сабота, 2 октомври, оваа година ќе биде резервирана за трката на пет километри, […]

Паднато дрво зад Собрание – загрозена безбедноста на граѓаните


Во паркчето зад зградата на Собранието утрово падна огромно дрво со што, пред сѐ, е загрозена безбедноста на граѓаните. Од Град Скопје, за Независен весник велат дека Секторот за комунални работи при Град Скопје, во координација со нашето јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ се надлежни за следење на состојбата со дрвјата во Скопје.  – Сите […]

Мбапе: Многу ми е жал за промашениот пенал против Швајцарија


Напаѓачот на Франција, Килијан Мбапе им се извини на навивачите за промашениот пенал, синоќа во осминафиналето од ЕВРО 2020 против Швајцарија. Франција е елиминирана на пенали 4:5, а Мбапе не реализира во последната, петта серија. – Многу сум тажен бидејќи не ја постигнеме нашата цел. Навистина ми е жал за решавачкиот пенал. Сакав да му […]

Пронајдени хероин и марихуана во Кичево, приведени две лица


Во понеделникот во 21.45 часот на ул. „29 ноември“ во Кичево полициски службеници од СВР Охрид -OВР Кичево запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф.М. (40), а сопатник бил П.Ј. и при преглед кај нив е пронајдена прашкаста материја, марихуана во повеќе полиетиленски пакувања , пиштол марка „Зораки“ и еден куршум. Потоа, […]

Шефот на израелската дипломатија во историска посета на ОАЕ


Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска ќе престојува во Обединетите Арапски Емирати, во првата официјална посета на еден израелски министер на оваа земја од Заливот по воспоставувањето на дипломатските односи минатата година. За време на дводневната посета, Лапид ќе ги отвори седиштото на израелската Амбасада во Абу Даби и конзулатот во Дубаи. Израелското […]

Состојбата во ЕУ e како во коцкарниците – „ништо повеќе не оди“


НАНО РУЖИН Унијата влегува во фаза на голема нефункционалност поради претераната употреба на правото на вето кое се претвора во опасен паразит   Дали стариот казино слоган на крупиеата  «rien ne va plus» („ништо повеќе не оди“) почнува да ја симболизира немоќта на Европската унија и на нејзиното неединство? По тешките преговори со Унгарија и […]

Бројот на милионери во светот достигна 20,8 милиони, дури 63 отсто од нив се во четири земји


Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите податоци објавени од консултантската куќа „Капгемини“ во вторникот. Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе се зголеми за 6,3 проценти, на 20,8 милиони луѓе, во текот на годината на глобална пандемија на корона вирусот, […]

Саудиска Арабија ослободи две активистки за женски права


Саудиска Арабија – Саудиска Арабија ослободи две истакнати активистки за женски права кои се наоѓаат во затвор од 2018 година, соопшти вчера Центарот за човекови права во Персискиот залив. Самар Бадави и Насима ал-Садах сега не се во притвор, но нивните движења и активности остануваат строго ограничени. Тие не смеат да го напуштат ова ултраконзервативно кралство, […]