Маска која покажува дали човекот е заразен со вирус


САД– Американски научници развија заштитна маска со која може да се утврди дали лицето кое ја носи, е заразено со коронавирус, се вели во статија објавена на интернет-страната на Технолошкиот институт во Масачусетс. Тамошни стручњаци, заедно со колеги од Универзитетот Харвард, создадоа прототип-маска со мал подвижен сензор. Сензорот дава резултати по околу час и половина […]

ЕВРО 2020 најефикасно во историјата


Англија– На Европското фудбалско првенство 2020, поставен е нов рекорд во постигнати голови, објави УЕФА на својата веб-страницата. Екипите постигнаа 118 погодоци. Претходниот рекорд од 108 голови беше поставен на Евро 2016. 109-от гол на Евро 2020 го постигна Хрватот Мислав Оршиќ, вчеравечер во осминафиналниот натпревар со Шпанија (3:5). Пред воведувањето на форматот од 24 екипи […]

По 19 години заврши учеството на Армијата во мировната мисија во Авганистан


Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана. Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници […]

Истражување на Оксфорд: Комбинација на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ ги произведува најдобрите одговори на Т- клетките


Англија – Доза на вакцината „АстраЗенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд. Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „АстраЗенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината […]

Половина година корона-вакцини: европски биланс


Европа пред половина година за првпат „ги засука ракавите“ за вакцинација против Ковид-19. Но, кампањата за вакцинација не се одвиваше секаде и секогаш лесно. Ова е европскиот биланс. Каков успех беше тоа кога Европската комисија неколку дена пред Божиќ ја одобри за употреба корона вакцината на Бионтек/Фајзер и на 27 декември повеќето ЕУ земји започнаа […]

Русија обвинета во извештај на ОН за злоупотреби на нивен персонал во Централноафриканската Република


САД– Руски инструктори во Централноафриканската Република, заедно со армијата на оваа земја, го прекршиле меѓународното хуманитарно право, објавено е во годишниот извештај на експертите на ОН, додека руските власти наведуваат дека нивните инструктори не се вооружени и не учествуваат во борби. Извештајот на експертите задолжени за контролира на ембаргото за вооружување во ЦАР, воведено во […]

Вучиќ, Заев и Рама на видео конференција ќе разговараат за „Малиот Шенген“


Србија- Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, денеска на видео конференција ќе разговараат за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“. Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на состанокот да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување […]

Португалија се надева дека по изборите во Бугарија ќе се најде решение за старт на преговорите меѓу С Македонија и ЕУ


Бугарија – Државниот секретар за европски прашања на Португалија Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе донесат решение за бугарското вето за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Таа очекува Словенија, како земја од регионот, која го презема ротирачкото претседателство со ЕУ од 1 јули, […]

Промоција на книгата „Видеологија“ од Златко Ѓелески


Збирката филмски рецензии и есеи „Видеологија“ од Златко Ѓелески, издание на ПНВ Публикации од Скопје, вечер ќе биде промовирана на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје. Книгата ќе биде претставена низ разговор со авторот, а разговорот ќе го води Јулијана Величковска, главен уредник и основач на ПНВ Публикации. Промоцијата на книгата ќе се одржи на […]

Недела со добитниците на наградата „Пегаз“ за 2020 година


Двата победнички романа на книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“ за 2020 година ќе бидат промовирани онлајн на фејсбук страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Романот „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски ќе биде промовиран вечер, во 19 часот, а „Лазарка“ од Љупчо Петрески на 1 јули во 19 часот. Разговорот со […]

Свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан


Церемонија по повод враќањето на последната ротација од Армијата на Република Северна Македонија во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан ќе се одржи денеска во касарната „Илинден“. На свеченоста, како што најави Министерството за одбрана, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. На свечената церемонија ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генералот […]

МНТ со „Отело“ вечер на 42. „Скопско лето“


Македонскиот народен театар во рамки на годинашното 42. издание на манифестација „Скопско лето“ ќе учествува со две претстави.  Меѓународниот проект „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ ќе се одигра вечер, на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот.  Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција […]

Стоев: Данскиот бизнис е добро претставен во Бугарија


Бугарија– Данскиот бизнис е добро позициониран во Бугарија, но земјата треба да вложи натамошни напори за идните можности за развој на билатералните партнерства во зелената енергија, каде Данска има долгогодишно искуство, изјави бугарскиот технички министер за надворешни работи, Светлан Стоев, за време на прошталната посета нао амбасадорот на Данска во Софија, Сорен Јакобсен. Како што јави […]

Состојбата со Ковид стабилна, од денеска дистрибуција на вакцините „Синовак“ во сите центри за имунизација


Епидемиолошката ситуација во државата е стабилна и само мал број пациенти се лекуваат во болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вели, доколку продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почеток на септември годинава да се прогласи крај на епидемијата. За да се прогласи крај на епидемијата, потребно е да нема […]

Скопје ќе продолжи да бара решение за ветото, но ќе мора да се чека политичка влада во Софија


Реафирмирана е силната американска поддршка, како и поддршката од повеќе европски центри за почеток на пристапните преговори на С Македонија со ЕУ по продолжената бугарска блокада на Самитот на ЕУ. Скопје продолжува да бара решение за ветото, но ќе мора да се чека политичка влада во Софија, а евентуалната одлука за старт на преговорите ја […]

Меѓународна научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“


Меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде отворена во Куршумли ан. Конференцијата се одржува по повод 40 години од основањето на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.   Како што е најавено, на отворањето […]

Почнува исплатата на јунските пензии


Од денска започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Коронавирусот. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во […]

Сончево и многу топло, активирано жолто ниво на опасност од високи температури


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано […]

Енди Мареј излезе од пеколот со победа по четири години на Вимблдон


За четири години откако Енди Мареј последен пат победи во сингл меч на Вимблдон, двократниот шампион беше во спортски пекол и назад, погоден од постојан сомнеж и повреди па кариерата се чинеше дека многу пати стигнува до својот крај. Но, во ниту еден момент за време на неговите напори тој никогаш не ја изгуби волјата […]

Уште еден фудбалски стрес тест на ЕВРО 2020 – Швајцарија го елиминира светскиот првак Франција


Репрезентацијата на Швајцарија приреди големо изненадување со пласман во четвртфиналето на Европското првенство откако во осминафиналето во Букурешт ја победи Франција по подоброто изведување пенали со 5: 4. По 120 минути натпреварот заврши нерешено 3-3, откако Швајцарците се изборија за продолжување во последната минута од регуларниот дел. Головите за Франција ги постигнаа Карим Бензема (57, […]