ФФМ бара од УЕФА најостра казна за Арнаутовиќ заради испадот кон Алиоски


Фудбалската федерација на Мaкeдонија соопшти дека побарала УЕФА најостро да го казни австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој по постигнувањето на третиот гол за Австрија упати непримерни зборови кон нашиот репрезентативец Алиоски.  “Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон […]

Комисија за вакцинација во Грција препорачува Астра Зенека да се користи за лица на над 60-годишна возраст


Поради подобрената епидемиолошка слика во земјата и доволниот број вакцини, Националната комисија за вакцинација на Грција, препорачува вакцината на Астра Зенека да се користи за лица на над 60-годишна возраст, наместо над 30 како што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателката на Комисијата Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерот за здравство […]

Арнаутовиќ се извини на македонски и албански јазик, „Не сум расист“


Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска се извини поради вербалниот инцидент што го предизвика на вчерашниот дуел од ЕУРО2020 против македонската репрезентација, дообјаснувајќи дека неговото однесување било непримерно, но оти „не е расист“. Арнаутовиќ со својот гол во 89. минута стави печат на вчерашниот триумф на Австрија од 3:1 по што беше снимен од една од […]

Пијанистката Ана Велиновска на „Луцерн Фестивал“ и на „Звуци на Алпите“ во Швајцарија


Пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на фестивалот „Звуци на Алпите“ што ќе се одржи од 12 до 15 август во Швајцарија. На фестивалот ќе изведе три светски премиери, од композитори од Русија, Ерменија и Швајцарија. Потоа Велиновска ќе настапи и на „Луцерн Фестивал“, еден од водечките фестивали во светот на класичната музика, кој ќе се […]

Петмина светски диџеи на Solar Summer во Бургас


Бугарија – Петмина светски диџеи ќе настапуваат на Solar Summer во Бургас, во периодот од 13 до 15 август, соопштија организаторите, пренесува БТА. Во трите дена ќе гостуваат Hot Since 82, Michael Bibi, Paco Osuna, Victor Calderone и Amelie Lens. Две клучни фигури на британската електронска сцена ќе се појават зад пултот вечерта на отворање (13 […]

Експлозија во хемиска фабрика во Илиноис, наложена евакуација на областа


Експлозија во хемиска фабрика во северниот дел на Илиноис денеска предизвика огромен пожар и висок густ црн чад, по што беше наложена евакуација на областа. Екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот во 7:30 часот изутрина по локално време во близина на Роктон, северозападно од Чикаго, во компанијата „Кемтол“, компанија што произведува лубриканти […]

Уживале со жива музика во кафеани, иако ги кршат здравствените протоколи


  Два угостителски објекти во Валандово и во Куманово ги кршеле здравствените протоколи, при што имале гости во објектите, а во Валандово и жива музика. СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Валандово и А.Б.(43) од валандовското село Балинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според […]

Османи ја разреши претседателката на ЦИК на Косово, Ваљдете Дака


Косовската претседателка Вјоса Османи ја разреши попладнево претседателката на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), Ваљдете Дака, откако порано денеска беше објавено дека побарала оставка од неа, јави дописникот на МИА од Приштина. Во образложението на одлуката на Османи, кое го пренесоа косовските медиуми, се вели дека Дака, иако има одговорност за зачувување на непристрасноста […]

Чешка ја совлада Шкотска на Европското првенство


Репрезентацијата на Чешка со победа го започна настапот на Европското првенство. Чесите на „Хемпден парк“ во Глазгов ја победи Шкотска со 2:0 и тоа благодарение на Патрик Шик.Натпреварот започна мирно со блага иницијатива на Шкотска, но Чесите брзо ја презедоа контролата и тоа го потврдија во 42 минута преку Патрик Шик. По двата корнери едноподруго, […]

ЕУРО2020: Чешка ја порази Шкотска во Глазгов, спектакуларен гол на Шик


Предводени од двојниот стрелец Патрик Шик, кој постигна спектакуларен гол од половина терен, фудбалерите на Чешка триумфираа попладнево над Шкотска со 2:0 (1:0) во возбудлив натпревар во Глазгов, во рамки на групата Д на ЕУРО2020. Напаѓачот на Баер Леверкузен ги доведе Чесите во водство во 42 минута, а по седум минути игра во вториот дел […]

Германија сепак затворена за македонските туристи


Македонските граѓани, се уште не можат да патуваат во Германија како туристи. Ова го соопштија денеска од Меѓународниот аеродром во Скопје извинувајќи се за информацијата што ја објавиле во саботата кога информираа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини. „Таа одлука не е на сила иако ние како аеродром добивме информација […]

Почна состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО


 Премиерот Заев, заедно со лидерите на земјите – членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно  на пленарната седница на Северноатлантскиот совет. Шефовите на држави и влади на вој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност. Во ерата на […]

Размената со Романија е во пораст, голем потенцијал за продлабочување на економската соработка


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт имаше работна средба со романскиот министер за економија, претприемништво и туризам, Клаудиу Насуј. Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“ во […]

„Филипс“ повлекува дел од респираторите, можно е да предизвикуваат рак


Холандсскиот производител на медицинска опрема „Филипс“ во понеделникот објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распѓањето на пената на ситни, токсични честички кои можат да предизвикаат рак. Пената се користи за пригушување на звукот на уредот, а може да се распадне на честички кои лесно се вдишуваат и ги надразнуваат дишните патишта, […]

И Коѕијас бара да се смени името на ФФМ


Никос Коѕијас, поранешниот министер за надворешни работи на Грција и потписник на Преспанскиот договор, побара од грчката влада да изврши притисок „Фудбалската федерација на Македонија“ да го промени името, бидејќи ако не постоела „Македонија“ како држава, немало ниту фудбалската репрезентација да настапува на Европското првенство. – Им препорачувам на сите одговорни во Македонија внимателно и […]

Преку спортска дипломатија се промовираа македонските производи во Романија


 Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, задно со министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на Република Северна Македонија во Романија,Габриел Атанасов и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извоз, Дејан Павлески, во Букурешт ја отворија еднонеделната презентација „Недела на македонски производи“.   Владата на Македонија со идејна поддршка на советничката за […]

Премиера на детскиот филм „Рока го менува светот“ во Кинотека


Во Кинотека на Северна Македонија вечерва од 18 часот се премиерно ќе се прикаже филмот „Рока го менува светот“ за најмладата публика, но и за целото семејство. Филмот е снимен според книжевните мотиви на шведската писателка за деца Астрид Лингрен, најпозната по романите за Пипи Долгиот Чорап. Станува збор за германска продукција во режија на […]

Бугарскиот премиер на средба со грчкиот амбасадор, разговарале за спорот со Македонија


Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Република Северна Македонија и ќе продолжи во оваа насока,  изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев за време на средбата со грчкиот амбасадор во Софија Димитрис Хронопулос. Според бугарската агенција БГНЕС, грчкиот амбасадор изразил разбирање за бугарската позиција. За време на средбата било нотирано […]

Се расчистува депонијата во Рашче


Градот Скопје од денеска ја расчистува големата дива депонија на влезот во село Рашче. Од ова сметиште ќе бидат подигнати над 2.000 кубни метри отпад. – Нашата цел е да спречиме повторно создавање на депонијата и да спречиме палење и загадување на амбиентниот воздух. Градот Скопје изминатиов период интензивно работи на расчистување на повеќедецениски диви […]