ФФМ бара од УЕФА најостра казна за Арнаутовиќ заради испадот кон Алиоски


Фудбалската федерација на Мaкeдонија соопшти дека побарала УЕФА најостро да го казни австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој по постигнувањето на третиот гол за Австрија упати непримерни зборови кон нашиот репрезентативец Алиоски. 

“Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.
Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, стои на официјалниот Фејсбук профил на ФФМ.