Постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто


Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто. -По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба […]

Во април земјава ја посетиле 9.103 странски туристи, најбројни од Турција и Србија


Над 9..000 странски туристи ја посетиле земјава во април годинава, а од почетокот на годинава 42.586. Објавените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од странските туристи во април, чиј број е 9.103, најголем дел биле од Турција и Србија, а најпосетена дестинација била Скопје. Вкупниот број на туристи и домашни и странски во […]

Косовската влада очекува годинава да биде економски најуспешна во последните две децении


Косовскиот министерот за финансии, труд и трансфер, Хекуран Мурати вели дека Владата предводена од Албин Курти очекува оти 2021 година ќе има „најдобри економски перформанси во последните две децении, од аспект на приходите, вработувањето и економскиот развој“, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи се на денешната седница на Собранието на Косово, посветена на економската […]

Средба Заев – Дуда: Полската поддршката за членство на Северна Македонија во ЕУ е од исклучителна важност


Полска беше и остана искрен и вреден пријател на Северна Македонија за време на процесот на нејзиното остварување на целта да биде членка на НАТО, како и во поддршката за остварување на сите нејзини обврски за исполнување на условите за членство во ЕУ, истакна денеска премиерот Зоран Заев на средба со полскиот претседател, Анджеј Дуда, […]

За да биде поконкурентен на градежниот сектор му се потребни напредни технологии и сертифицирани работници


На градежниот сектор му се потребни напредни технологии за градење и вештини за енергетска ефикасност за тој да биде конкурентен на европскиот пазар. Голем дел од работниците во овој сектор не се доволно обучени и сертифицирани што ги прави неконкурентни на пазарот на труд. За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со […]

Регистрирани само четири новозаразени, тројца од Скопје, еден од Прилеп


Во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случај на Ковид-19 од: • Скопје – 3 • Прилеп – 1. Пријавено е едно починато лице: од Скопје (66г).   Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: • Скопје – 8 • Куманово – 3 • Прилеп, Неготино и Македонска Каменица – […]

Со турнирот „Аеродром опен 2021“ се отвора новото одбојкарско игралиште на песок


Општина Аеродром добива ново одбојкарско игралиште на песок што се наоѓа на кејот од реката Вардар, во непосредна близина на хотелот „Хилтон дабл три“.  Ова игралиште е со должина од 25 метри и широчина од 16 метри и ги исполнува сите неопходни стандарди за одигрување домашни и меѓународни натпревари.  Игралиштето, кое е придружено со трибински […]

Утре во Скопје пристигнуваат вакцини од Грција


Вакцините кои Грција ги најави за Северна Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, дознава дописничката на МИА од Атина. Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе […]

Постигната согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти до 2022 година


Владата и Здружението на судии постигнаа согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти. Десет проценти оваа година, а пет години следната, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Ова зголемување, нагласи Маричиќ, очекуваме да важи и за судските службеници, а ќе се разговара и за јавните обвинители. Тој најави дека ќе се […]

Продолжува масовната вакцинација во Србија, во Врање досега вакцинирани 4502 Македонци


Масовната вакцинација на македонските државјани продолжи и викендов во Србија, каде нашите државјани бесплатно се вакцинираат без пријавување само со потребните лични документи. Најголем број се упатуваат на вакцинација во Врање, каде на избор им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“. Според извештајот на Здравствениот дом во Врање, во саботата, на 12 јуни бројот на […]

Трајковски: Натпреварот со Украина е клучен за нас


Македонскиот напаѓач Александар Трајковски смета дека натпреварот со Украина, в четврток ќе биде клучен за „црвено-жолтите“ кои се дебитанти на Европското фудбалско првенство. – Ако ја победиме Украина големи се шансите да ја поминеме групата. До крај ќе се бориме да одиме во следната фаза и да ги израдуваме нашите навивачи. Ни преостануваат уште два […]

Поскапуваат бензините


За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, […]

За непрописно престигнување 188 санкции во цела држава, една третина на подрачје на СВР Тетово


На територијата на цела држава вчера полицијата спроведе акциска контрола за непрописно престигнување при што се санкционирани вкупно 188 возачи. Од нив нешто повеќе од една третина или 69 казни се евидентирани на тетовско-гостиварското подрачје. -Вчера во периодот од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање […]

Вакцината на „Новавакс“ е ефикасна 90%


Производителот на вакцини „Новавакс“ во понеделникот објави дека нејзините дози се многу ефикасни против КОВИД-19 и исто така штити од различните варијанти по извршената голема студија во доцната фаза во САД и Мексико. Вакцината беше ефикасна вкупно околу 90% и прелиминарните податоци покажаа дека е безбедна, соопшти компанијата. Додека побарувачката за вакцини за КОВИД-19 во […]

Дел од Стајковци денеска без вода


Без вода денеска од 11:45 часот се корисниците од улицата „11/46“ во Стајковци во Општина Гази Баба. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата „11/46“ во Стајковци. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Османовски потпиша за Работнички


Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички го доведе второто ново име во пресрет на новата сезона. Анес Османовски е ново засилување за тимот предводен од тренерот Александар Влахо. Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Османовски го прифати предизвикот да му пристапи на Работнички. – Анес Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја минал германската […]

Заев на Самитот на НАТО: „Одлично е да се биде тука“


Премиерот Зоран Заев пред почетокот на денешниот самит на НАТО во Брисел изјави дека ова е историски момент за Македонија затоа што  тоа прв пат нашата земја да присуствува на нависокиот собир на Алијансата. Заедно со Зсев на Самитот се и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Еве ја […]

Нуредини: Наша препорака е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите кои се домови на жители


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска истакна дека препорака на ресорното Министертсво е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите кои се дом на жители. – Сакам да се повикам на Законот за нелегални градби. Јасно е укажано дека без дезвола од МЖСПП каде што ќе се предвидува и постоење […]

Семејна расправија завршила со тепачка, од слобода лишени ќерка и мајка


Ќерка и мајка се лишени од слобода, откако претходно физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка. Случајот од вчера со насилството се расчистува по што ќе следуваат соодветни пријави. Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа […]

Посвежо до среда, од четврток пораст на температурите


Посвежо време наутро, а преку денот променливо облачно ќе преовладува до среда, а од четврток ќе има значително повисоки температури, но со услови за појава на нестабилност во попладневните часови. Од УХМР најавуваат дека особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Утре утринските ќе се движат од три до 14 степени, среда од 6 до […]