Чешка ја совлада Шкотска на Европското првенство


Репрезентацијата на Чешка со победа го започна настапот на Европското првенство. Чесите на „Хемпден парк“ во Глазгов ја победи Шкотска со 2:0 и тоа благодарение на Патрик Шик.Натпреварот започна мирно со блага иницијатива на Шкотска, но Чесите брзо ја презедоа контролата и тоа го потврдија во 42 минута преку Патрик Шик. По двата корнери едноподруго, следеше и трет по кој беше отворен резултатот. Шик беше највисок во шеснаесетникот на Шкотска и со глава го совлада Маршал.

Одличната игра, Патрик Шик ја потврди во 52 минута со фантастичен гол. Тој со лоб од 45 метри успеа да го изненади Маршал и да донесе водство од 2:0 кое на крајот се покажа како конечен резултат.
Следен противник на Чешка е Хрватска, додека Шкотска на 18 јуни ја очекува дуел со Англија на „Вембли“.