Тетово нема море, но има нуркачи кои на други места помагаат во вадење отпад


Иако во Тетово нема море веќе неколку години функционира еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“, а членовите учествуваат во акции на други места каде има езеро или море за еколошко чистење и вадење на смет и отпад, вежби и други активности. Десетина членови на „Пена“ ги имаат потребните документи односно се лиценцирани со соодветен државен сертификат за нуркање. […]

„Самодоверба, комуникација, мотивација“ – неколкучасовен музички настан во Паркот на светлината


Јавен настан насловен „Самодоверба, комуникација, мотивација“ денеска попладне ќе се одржи во Паркот на светлината, спроти Мајчин дом, со почеток во 18 часот во организација на Општина Аеродром и ЕУ Институт Скопје. Програмата ќе започне со промоција на публикацијата „Невербална комуникација“, по што обраќања ќе имаат претседателката на ЕУ Институт Скопје, Верица Пандиловска, како и […]

Перформанс: „Свири крај!“- куп пари се уништуваат во машина за сечење хартија


Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) организира настан за спасување пари од уништување поради корупција „Свири крај!“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје од утрово. Момче со бела маска која му го прекрива цело лице уништува банкноти од 2.000 денари во машина за сечење хартија, а сето тоа можат да го видат минувачите.   За 2,5 часа граѓаните […]

Бислимоски: Намалувањето на ДДВ-то за струјата е едно од решенијата што ги понуди РКЕ пред една година


 Намалувањето на ДДВ-то е едно од решенијата што Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) го понуди точно пред една година како можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија, порачува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Нашите тимови кои прават сеопфатни анализи во координација со Енергетската заедница проценија пред една […]

Брнз: Разочарани сме што членките на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија


 Остануваме разочарани што ЕУ земјите членки не успеаа да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионланата стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност, […]

Не полевајте бавчи и ниви во екстремно жешките денови – штедете вода!


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви. Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат […]

Османи најави нова регионална иницијатива за соработка на државите од Западен Балкан


Регионалната соработка е важен катализатор за помирување на регионот, добри соседски односи и мислам дека регионот навистина многу напредна во оваа смисла. Некој пресметал дека има 71 регионални иницијативи, и може да се каже дека имаме инфлација од регионални иницијативи и  дека резултатуите не се во соглансот со големината на направените инвестиции. Меѓутоа не би […]

Последен ден од групната фаза на ЕУРО2020


Осминафиналните двојки на Европското првенство во фудбал ќе бидат комплетирани денеска со одигрување на завршните четири натпревари во групите Е и Ф. Шпанија во рамки на групата Е од 18 часот во Севиља е домаќин на Словачка, додека во истиот термин Шведска и Полска ќе играат во Санкт Петербург. Шведска е првопласирана во групата со четири бодови […]

Заев од првиот Скопски економски форум: Потребен ни е Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина


Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните. Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додам и Балкан кој […]

Одложено рочиштето за „Моќник”


 Главната расправа за „Моќник” предвидено да се одржи денеска се одлага по барања на јавниот обвинител кој го застапува овој случај. Како што информираат од Кривичниот суд Скопје, следното рочиште за овој предмет е закажано за 14 јули. Судењето за овој случај го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението се јавниот обвинители Гаврил […]

ССМ бара мерки за заштита на работниците од топлотниот бран


Сојузот на синдикатите на Македонија бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе […]

Петар Колев од ГДУ: Македонија намерно ја провоцира Бугарија за да не влезе во ЕУ


Петар Колев вели дека се надева оти бугарскиот претседател Румен Радев „нема да биде излажан“ од Зоран Заев   Се будат бугарските филијали во Македонија. Петар Колев, лидерот на партијата Граѓанско демократска унија, во текст напишан специјално за БГНЕС тврди дека Македонија намерно и наменски бара конфликт со Бугарија – за да не стане членка […]

Владата одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти


Владата на вчерашната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Како што соопшти владината прес-служба, превозниците се обврзани одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за […]

Центар за култура Иван Михаилов: Тито никогаш не бил наш


Тито никогаш не бил наш, наши биле бугарските трупи кои ги оставиле младите коски на Црна, Кајмакчалан, Пелистер, Криволак. Ова е наведено во позицијата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола по повод, како што тврдат, неодамнешната посета на внукот на Тито во „античкиот бугарски град Охрид“.  Според нив, целта на оваа посета, за […]

Џастин и Хајли Бибер со лежерен изглед во Елисејската палата: За што разговараа со претседателот Макрон?


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон беа домаќини на поп-ѕвездата Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли Бибер,  во Париз Франција– Според француските медиуми, канадскиот пејач побарал лично да се состане со францускиот претседател, со цел да разговара за „прашања поврзани со младите“. Бибер објави заедничка фотографија на Инстаграм, на која позира во […]

ФТ: САД и Кина преговараат за можна средба на Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Jи


САД и Кина преговараат за можна средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Jи на министерскиот состанок на Г20 во Италија следната недела, објави „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на извори блиски до разговорите. Според весникот, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги известила колегите во Пекинг дека би […]

На Грција и се заканува четврт бран на Ковид 19


Сојот  Делта на корона вирусот предизвикува загриженост во Грција дека престои можен четврти бран на пандемија, изјави Марија Теодориду, шеф на Националниот комитет за вакцинација. За време на брифингот за медиуми за ширењето на вирусот, таа рече дека ако има четврти бран, тоа ќе доведе до помалку хоспитализации и смртни случаи и ќе влијае на […]

Видео проекција и дискусија со визуелниот уметник Игор Грубиќ во МСУ


Видео проекција и дискусија со хрватскиот визуелен уметник Игор Грубиќ во разговор со кураторката Јованка Попова вечер ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје од 21 часот во рамки на програмата „Видео уметници од Македонија и регионот“. Избраните видео дела – Angels with dirty faces, 2004-2006; East Side Story, 2006-2008; Capitalism follows […]

Една година затвор за патник што покажал лажен ковид тест во Белгија


Патник кој бил откриен на аеродромот во Брисел со фалсификуван PCR-тест е осуден од судот во Брисел на една година затвор, пишува Де Стандард. Тоа е прва ваква казна откако белгиските власти објавија во април дека ќе ги гонат ваквите злосторства. Помеѓу 19 април и 11 јуни, 576 лица се фатени со фалсификуван PCR-тест на […]

„Политико“: Бугарија губи пријатели со голема брзина


Бриселски „Политико“ пишува дека по вчерашниот состанок на Советот за општи работи, на кој Софија повторно стави блокада за Македонија, Бугарија е изолирана. Во текстот насловен: „Заборавете на проширувањето, продолжува да вели Бугарија“, неколку дипломати на „Политико“ му изјавиле дека Софија продолжува да го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција поради домашни историски политики кои […]