„Брзи и бесни 9“ претстави нов луксузен часовник


САД– Засега последниот, деветти дел на популарната филмска приказна „Брзи и бесни“ конечно се прикажува во кината откако неколкупати се одложуваше поради пандемијата на коронавирусот, па сега, оние обожаватели „со подлабок џеб“ можеби и веќе добиле инспирација да се подноват со часовникот дизајниран на оваа тема. Швајцарската компанија „Јакоб енд Ко“, во соработка со „Јуниверзал […]

МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките вчера надмина на речиси сите мерни места – виновен пустинскиот ветар


 Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за вчерашниот ден се благо надминати на речиси сите мерни места, освен на мерното место во Гевгелија, информира Министерството за животна средина и просторно планирање. – При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење […]

Зидојче цајтунг: Пандев е македонскиот Бекенбауер, Пеле и Кројф во едно


Германскиот весник Зидојче цајтунг во денешното издание му посветува посебен осврт на капитенот на македонската фудбалска репрезентација кој одлучи да ја заврши кариерата по Европското првенство. „Солзите на Горан Пандев немаа никаква врска со поразот од Холандија од 3:0. Не беше ни испаѓањето на Северна Македонија уште во првата рунда на првенството тоа кое го потресе”, […]

„Спајдермен“ на аудиенција кај папата


Ватикан– На јавната аудиенција кај папата Франциск во Ватикан денеска се појави необичен посетител – личност облечена како стрип-јунакот „Спајдермен“. Имено, човекот-пајак во црвениот тесен мрежест костим седеше во делот за ВИП во публиката во ватиканскиот дворец „Сан Дамасо“. Тој седеше тивко покрај свештеник облечен во црно, што, се чини, не го вознемируваше присуството на живописниот […]

Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка


Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) со експертска и финансиска помош ќе им помагаат на домашните мали и средни фирми добавувачи да ја подигнат конкурентноста за соработка со инвеститорите од зоните и да се поврзат со глобалните синџири за набавка. Мали и средни добавувачи од државава заедно со фирми […]

ЕУ мора да се држи до зборот, вели германската амбасадорка


И германската амбасадорка Анке Холштајн се приклучи денес на фонот на странските дипломати во Скопје кои изразија жалење за новата бугарска блокада на Македонија во ЕУ. Приоритет на владите мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а ЕУ мора да стои на своите заложби. Пристапот „вие испорачувате, ние испорачуваме“ мора да важи. Важно е пристапните преговори […]

Се реализираат три проекти во музејот „Западна Македонија во НОВ“


Од петте проекти кои финансиски се подржани од Министерството за култура, музејот „Западна Македонија во НОВ“ подготвува три. Се собира документација, се консултираат стручни лица, се архивира поголема фото- документација и за околу 2 до 3 месеци трите проекти се очекува да бидат  целосно подготвени за реализација, потврди за МИА, Дардан Емини, директор на кичевскиот музеј. […]

Гир: Сите сакаме отворање на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави


Сите сакаме да го видиме отворањето на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави. Основите не се променети, заложбите од Солун се јасни и живи. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во […]

Димитров: Блокадата на С. Македонија е проблем и на ЕУ


Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот дадено во Солун. Ова е проблем на ЕУ и оваа блокада не се однесува само за иднината на С. Македонија туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел на Првиот економски форум Скопје. […]

Филмскиот фестивал во Сан Себастијан воведува родово неутрални награди


Шпанија– Шпанскиот Меѓународен филмски фестивал во Сан Себастијан соопшти дека годинашните награди за глумците првпат ќе бидат неутрални според полот. Имено, Сребрената школка за најдобра машка и женска улога, ќе се замени со Сребрена школка за најдобра главна улога и за најдобра споредна улога, објавија организаторите. – Промената произлегува од уверувањето дека полот, социјалната и […]

Кристијан Лубутан + Идрис Елба=колекција на чевли со хумана цел


Англија – Британскиот глумец Идрис Елба и неговата сопруга Сабрина остварија соработка со дизајнерот на чевли, Кристијан Лубутaн. Средствата собрани од нивната колекцијата „Изоди милја во моите чевли“ ќе бидат дарувани на пет хуманитарни организации, пред сѐ – за помош на Афроамериканците. Идрис и Сабрина Елба, во една прилика на Инстаграм разговараа во живо со […]

Летни совети за бебиња и родители


Докажано е дека просториите во кои температурата се движи од 16 до 20 степени се идеални за спиење, за бебето. Меѓутоа, кога е топло надвор, ќе треба поголема посветеност на регулирање на температурата. Следат неколку совети коишто можат да помогнат… Правилното облекување на бебето е особено важно налето. Тоа треба да спие во пелени или […]

Ѓоковиќ ќе настапи на Игрите во Токио


Србија– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде меѓу учесниците на летните Олимписки игри, потврди денеска Тениската федерација на Србија – Новак ја потврди желбата да учествува на Олимпијадата и ние списокот со неговото име веќе го испративме до Олимпискиот комитет на Србија, посочија извори од Тениската федерација за белградскиот весник „Спортски журнал“. Ѓоковиќ досега […]

Народен правобранител: Прекинот на издавање лични документи претставува повреда на правата на граѓаните


Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и друго) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните. Омбудсманот по сопствена иницијатива ќе ги испита евентуални пропусти во работењето […]

Тетовец лажел луѓе дека блиски им загинале во сообраќајка, за транспорт им зел 2.210 евра


Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 13:50 часот на улицата „Никола Тесла“ во Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Р.М., поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“ за што денеска му е поднесена соодветна кривична пријава до тетовското ОЈО. Како што информира МВР, Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април […]

Бон Џови има богатство од половина милијарда долари, а мие садови во ресторан


  Рокерот Џон Бон Џови во 2011 година отвори синџир ресторани „The Soul Chain”, во кои нуди бесплатна храна за оние кои не можат да си ја дозволат, а неодамна во интервју откри дека пет дена неделно мие садови во еден од рестораните, покрај тоа што неговото богатство изнесува половина милијарда долари. Бон Џови се […]

Твитот на Заев за поддршка на фудбалерите ја налути Грција


Твитот на Зоран Заев: „Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“, толку ја налути официјална Атина што побара објаснување од македонскиот премиер и, како што тврди весникот „Катимерини“, придонел за дополнително одложување на веќе одложената ратификација на три меморандуми во грчкиот парламент поврзани со Преспанскиот договор. „Катимерини“ во ударниот текст […]

Галовеј и Силвестри: И покрај пречките, ЕУ агендата треба да продолжи


Сите јасно се согласуваме дека членстото во ЕУ е примарна цел и за Северна Макеоднија и за целиот регион. И покрај пречките што се појавувата на тој пат, не треба да се откажувате, порача британската амбасадорка Рејчел Галовеј во обраќањето на панел на Првиот Скопски економски форум. -Во изминатите три години Северна Македонија многу напредна […]

Регионална конференција: Во Западен Балкан во пораст трговијата со деца


Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференција „Заедничко преземање мерки во криза: Заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација на Западен Балкан“. На Конференцијата беше истакнато дека пандемијата дополнително ја зголеми […]