Бон Џови има богатство од половина милијарда долари, а мие садови во ресторан


 

Рокерот Џон Бон Џови во 2011 година отвори синџир ресторани „The Soul Chain”, во кои нуди бесплатна храна за оние кои не можат да си ја дозволат, а неодамна во интервју откри дека пет дена неделно мие садови во еден од рестораните, покрај тоа што неговото богатство изнесува половина милијарда долари.

Бон Џови се појави во шоуто на Хауард Стерн јавувајќи се од својот дом во Њу Џерси. На Стерн му кажа дека и понатаму работи во ресторанот „Soul Kitchen” односно во кујната мие садови пет дена во неделата, помагајќи му на својот ресторан да им овозможи оброк на луѓето во невола.

„Таму буквално работам во кујната со шефот на кујната и менаџерот на ресторанот“, вели Бон Џови. „Тоа е тоа. Буквално, во кујната сум и мијам садови. Немам врска со оние што се надвор, освен што влегувам и излегувам од ресторанот. Така што, вежбаме социјлно дистанцирање“, појасни Бон Џови.

Уште во текот на 2020 година протекоа фотографии од Бон Џови како мие садови во еден ресторан.

„Soul Kitchen” во текот на пандемијата беше отворен ислкучително за лушето кои не можат да си купат ниту еден оброк дневно. Како што рече Бон Џови – не можел да ги затвори рестораните во момент кога на толку луѓе им треба храна.

„Лушето кои веќе беа бездомници ги изгубија ресурсите, а оние кои останаа без работа, не можеа да купат, па им беше потребна помош“, рече Бон Џови.