Мобилна библиотека ќе патува низ државата


Во тетовско Теарце беше промовирана мобилна библиотека, дел од проектот Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД), која ќе патува низ нашата и други држави за да промовира повеќе вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање особено кај младите, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Проектот […]

Владата воведува кризен данок, а не еколошка такса, вели Трајко Славески


Поскапувањето на горивата не е еколошка такса, туку кризен данок, изјави денес на прес-конференција Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја Владата дека создава паралелна реалност и погрешно ги именува работите. „Нѐ убедуваат дека зголемените цени на горивата почивале на познатиот принцип ‘загадувачот плаќа’. Овој принцип, предложен од економистите пред точно еден век, […]

Марк Руте: Унгарија да го повлече анти ЛГБТ законот или да си оди од ЕУ


Пред денешниот самит на ЕУ имаше остри изјави од многу страни против контроверзниот анти ЛГБТ закон што го усвои Унгарија. Холандскиот премиер Марк Руте пред новинарите изјави дека Унгарија „мора да го укине“ овој закон и да ги почитува основните човекови права утврдени во член 2 од договорите на ЕУ „за кои не може да […]

Кастекс: Франција треба да ја забрза вакцинацијата


Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите да се вакцинираат против корона вирусот, истакнувајќи дека се помалку луѓе се пријавуваат за вакцинација во летниот период. – Ние вакцинираме 200.000 луѓе на ден со првата доза, рече Кастекс за време на посетата на југозападна Франција, каде што 70 проценти од сите нови случаи се заразени со новата […]

Заев: Нема дилема кога се употребува на Северна Македонија, а кога македонско


Пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот Зоран Заев во Парламентот зошто, откако грчката влада се налути затоа што фудбалската репрезентација ја именуваше како македонска и се извини на Грција. Заев објаснувајќи ги одредбите од Преспанскиот договор рече дека е коректно што признал дека направил грешка со „македонска фудбалска репрезентација“ и порача пратеничката да […]

Балкан Барометар 2021: Над половина од граѓаните би се вакцинирале, за членство во ЕУ се 62 отсто


Повеќе од половина од испитаниците на Западен Балкан, односно 56 проценти изразуваат желба да се вакцинираат, 42 проценти не сакаат, покажува „Балкан Барометар 2021“ што го спроведува Регионалниот центар за соработка. Според „Барометарот“ на јавното мислење, кој е спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, има подобрување во 46 точки, за разлика од 2020 година, кога […]

Тројца починати и 10 новозаразени со Ковид 19 во изминатото деноноќие


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19. Случаите се регистрирани во Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1. Во исто време регистрирани се 17 оздравени пациенти и тоа во Скопје […]

„Моцарт и кларинетот“ и „Хагер- Калминов“ на „Скопско лето“


На вечерашната програма на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржат два концерта во Музејот на македонската борба. Концертот е во соработка со уметничкиот центар „Полифонија“. Првиот концерт, со почеток во 20 часот, насловен „Моцарт и кларинетот“ ќе биде изведен од страна на Бранко Павловски – кларинет, co ансамблoт на „Полифонија” кој се […]

Радев од Брисел: Го издржавме притисокот, Македонија треба да престане да ја краде бугарската историја


Бугарскиот претседател се пофали дека Софија успеала започнувањето преговори со Скопје и Тирана да биде отстрането од денешната агенда на самитот на ЕУ   Бугарскиот претседател денеска од Брисел изјави дека Софија не можела да каже „да“ за напредокот на Македонија кон ЕУ сѐ „додека не се увериме дека нашиот сосед нема да го гради […]

Изминатата недела отстранети 165 непрописно паркирани возила во Скопје


Во текот на изминатата недела со „пајак“ се подигнати 165 возила од јавните површини, информираат од Град Скопје. Како што стои во соопштението, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 13 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 152 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска […]

Џонсон: Британскиот воен брод беше во меѓународните води од Црно Море


 По вчерашниот сериозен конфликт со руската армија крај брегот на Крим, британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека воениот брод на британската морнарица легално пловел во меѓународните води. -Мислам дека беше сосема соодветно што се користат меѓународните води, изјави Џонсон, пренесен од британските медиуми. Според него, „важно е дека нема да ја признаеме руската анексија […]

Спасовски: Се врши надградба на системот, од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име


Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. На […]

Пандев до Ангеловски: Шефе, благодарам е малку, го сплоти цел македонски народ


Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, преку социјалните мрежи му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за соработката која ја имаа изминатите шест години во националниот тим. Пандев ја заврши репрезентативната кариера со настапот на Европското првенство, додека  Ангеловски потврди дека ја завршил соработката со ФФМ. – На 20 октомври 2015 година, прв […]

Еден пожарникар повреден во Тетово при гаснење пожар


Еден пожарникар е полесно повреден во Тетово при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица морала да интервенира на десетина места во периодот од 8 часот па се до 3 часот рано изутринава.  -Вчера имавме пожар кај Спортскиот центар во Тетово каде беше повреден пожарникарот. Освен таму на отворено имавме пожари во […]

Русија подготвена да нападне туѓи воени бродови кои влегуваат на нејзина територија


Русија ќе биде подготвена да „отвори оган и да нападне“ туѓи бродови за да ги заштити своите граници, предупреди денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по инцидентот во Црното Море каде плови британскиот воен брод „Дифенред“ во близина на Крим, во водите за кои таа тврди дека се нејзини. Русија соопшти дека […]

АД ЕСМ понуди пониска цена за електрична енергија од лани


Државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од  36,1 евро за мегават час на тендерот за набавка на електрична енергија за следните шест месеци што го распиша Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. -На денешната аукција за набавка на количини на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците, ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична […]

Претставници на МЗТ Скопје во посета на градоначалникот Марин


Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин денес оствари средба со шампионите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје претставувани од капитенот Дамјан Стојановски, плејмејкерот Кристијан Николов и спортскиот директор Тони Грнчаров. Повод на посетата беше освојувањето на двојната круна во Кошаркарското првенство и Купот на Македонија. – Им честитам на нашите храбри момци за освоената титула. Општина Аеродром […]

Мареј ќе настапи на Олимписките игри во Токио


Англија – Двократниот олимписки шампион Енди Мареј се приклучи на британската репрезентација за Олимписките игри во Токио, информира веб-страницата на британскиот тим. За 34-годишниот Мареј ова ќе биде четврта Олимпијада. – Олимписките игри ми значат многу. Голема чест е да учествувам во нив по четврти пат. Излегувањето со тимот на церемонијата на отворање пред пет години […]

Ковид-19 не е главната причина за големата смртност во С. Македонија


Минатата година смртноста се зголемила за 26 отсто во споредба со 2019 година. Но, највеќе граѓани починале од болести од циркулаторниот систем и од неоплазми. Минатата година е забележан рекорден број на починати лица во Северна Македонија од 1995 година навака. Бројот на починати лица лани е зголемен за 26 отсто во однос на 2019 […]

Меркел: Европа и Германија се „на тенок мраз“ со индискиот сој


Зборувајќи за Германија, канцеларката Ангела Меркел утрово рече дека Европа е „на тенок мраз“ во борбата против корона вирусот, бидејќи многу заразната Делта варијанта се заканува да го поништи напредокот во намалувањето на инфекциите. Асошиетед прес објави дека во она што може да биде нејзината последна декларација од владата до германскиот парламент, Меркел рече дека […]