Претставници на МЗТ Скопје во посета на градоначалникот Марин


Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин денес оствари средба со шампионите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје претставувани од капитенот Дамјан Стојановски, плејмејкерот Кристијан Николов и спортскиот директор Тони Грнчаров.

Повод на посетата беше освојувањето на двојната круна во Кошаркарското првенство и Купот на Македонија.

– Им честитам на нашите храбри момци за освоената титула. Општина Аеродром и во иднина безрезервно ќе ги поддржува нивните подвизи и ќе вложува во развој на сите спортови, изјави Марин.

Како знак на благодарност капитенот Дамјан Стојановски му подари дрес на градоначалникот.