Лага е дека јужноафриканка родила 10 бебиња


ЈАР – Откако неодамна во светските медиуми се прошири приказната за жена од Јужна Африка, која тврдеше дека родила 10 бебиња, се покажа дека станува збор за измислица. Имено, Госијаме Ситоле тврдеше дека родила седум момчиња и три девојчиња во Преторија на почетокот на овој месец. Но, сомнежите во нејзината приказна се појавија кога нејзиниот сопруг […]

Во Бугарија вршат истрага за 14 трансплантации извршени во болница во Софија


Бугарија– Бугарската Дирекција за борба со организаиран криминал врши истрага за 14 трансплантации извршени во болница во Софија. – За случајот е побарана помош од Молдавија, изјави техничкиот мнистер за внатрешни работи Бојко Рашков. Истрагата е почната откако министерот за здравство донел резултати од проверки извршени со МВР на Бугарија. „Првичните податоци се дека се […]

Спајк Ли ќе жирира годинава во Кан со пет жени


Франција- Канскиот филмски фестивал го претстави жирито на гала-настанот во кој членуваат мнозинство жени, вклучително и американската актерка-режисер Меги Гиленхал, француската актерка Мелани Лоран, француско-сенегалската актерка-режисер Мати Диоп, австриската режисерка Џесика Хауснер и култната француска пејачка Милен Фармер. Спајк Ли ќе претседава со жирито во кое ќе учествуваат и францускиот актер Тахар Рахим, бразилскиот актер […]

Под знак прашање аранжмани на балкански туристички агенции кои соработувале со грчкиот „Музенидис травел“


Белградски туристички агенции денеска потврдија дека добиле мејл од грчкиот тур-оператор Музенидис во кој се нагласува дека сите патувања во периодот д 27 јуни до 31 јуни се откажани. Според медиумите во Србија под знак прашање се десетина илјади аранжмани на корисници од Русија, Северна Македонија, Украина, Романија, Бугарија, Србија и Босна. Во Белград според […]

Европските популисти му се додворуваат на Орбан


Повеќемесечното додворување на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговите европратеници од Фидес – кои се без членство во Европскиот парламент по напуштањето на Европската народна партија (ЕПП) – влезе во нова фаза во средата за време на вечерата меѓу Орбан и претседателот на Групата на европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и лидер на национално-конзервативната партија […]

Потпишан нов Колективен договор на МВР


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, денеска во Клубор на пратеници го потпишаа новиот Колективен договор на Министерството за внатрешни работи, кој претставува производ од меѓусебните разговори и дијалог, со цел понатамошно квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди неопходни за подобрување на […]

Вучиќ: Жалам што Скопје и Тирана не добија датум за преговори со ЕУ


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека му е многу жал што ЕУ не им дала на Албанија и Северна Македонија датум за почеток на преговорите и дека не е фер кон тие земји и нивните граѓани. – Сметам дека е нефер и кон Тирана и кон Скопје, како и кон граѓаните и луѓето што […]

МОК одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да не претставува на Олимписките игри во Токио


Македонскиот олимписки комитет одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да патува на Игрите во Токио. – Селекцијата е направена согласно критериумите за пријава на спортисти кои се без остварена норма. Светската атлетска федерација посочува дека треба да се испрати најдобриот рангиран атлетичар во дисциплината во којашто настапува. Во моментов, според овие пропозиции на Светската атлетска федерација, […]

Идентификувани 29 планети на коишто може да има вонземјани


Научници утврдиле 29 планети на кои може да има вонземјани коишто би можеле да ја набљудуваат Земјата. Тоа, од вкупно 1.715 испитани и лоцирани ѕвездени системи од каде што вонземјаните би можеле да ја откријат, т.е. лоцираат Земјата последниве 5.000 години, пишува „Гардијан“. Луѓето со векови го гледаат небото прашувајќи се – дали има живот […]

Објавен тендер за урбанистичко решение на „Треска“


 Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска од денеска е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општина Центар, линк http://www.centar.gov.mk/?page_id=12249 Програмската задача што е креирана од стручната Комисија ангажирана за изготвување на задачата, има цел да обезбеди комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во […]

Нов лабораториски фрижидер за Клиниката за ортопедија, донација од Германската амбасада


На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ денеска е пуштен во употреба нов лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива. Фрижидерот чија вредност е 414.156 денари е добиен преку програмата Мали Проекти на Амбасадата на Германија и ќе биде дел од Банката за коскени ткива на Одделот за трансплантација на Клиниката за ортопедија.   […]

Во канал на Флорида најдени тела на две девојчиња – мајката под истрага


    Полицијата во градот Лоредхил на Флорида, вчера соопшти дека под истрага е мајката на двете девојчиња кои се најдени мртви, а нивните тела пловеле во каналот близу нивниот дом. Мајката Тинеси Хоган е лоцирана, но засега не е уапсена. Таа не го пријавила исчезнувањето на девојчињата. „Полицијата ја контактираше, во моментот се наоѓа […]

И семките од лубеница се здрави за јадење


Луѓето се навикнати да ги фрлаат семките од лубеница, веројатно затоа што како деца нѐ учат дека не е добро да ги јадеме. За детските дишни органи, тие може да бидат опасни, но истражувањата покажуваат дека малите црни семки се и вистински извор на здравје. 1. Ја намалуваат надуеноста. Семето од лубеница содржи влакна кои […]

Синедејс: Кино под отворено небо во три града по повод 20-тиот јубилеј


По повод 20-тиот јубилеј на филмскиот фестивал „ Cinedays“ и во пресрет на летните кино активности на Младинскиот културен центар, љубителите на филмот ќе имаат можност да уживаат во неколку европски и македонски филмови под отворено небо во три града низ државава. Имено, во перидот од 25 јуни до 10 јули патувачкото кино ќе отпатува […]

Џафери ќе ги распише локалните избори до почетокот на август


Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што истакна, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците. На средбата со новинарите, претседателот на Собранието рече дека нема да остави простор некој […]

Митровска, Величковски и Михајловски добитници на почесните награди „Златна рамка“


Друштвото на филмски работници трета година по ред ги доделува почесните награди „Златна Рамка“ за најдобар филмски автор, актер и филмски работник. Добитник на почесната награда за филмски автор на годината е Тонкица Митровска, дипломиран графичар и претставува една од првите автори кои работат на анимиран филм во земјава. Почесна „Златна рамка“ за филмски работник […]

Минимално опаѓање на високите натпросечни температури в понеделник и вторник


Утре ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината, кои на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надминат 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има в недела […]

Албанија не планира укинување на полицискиот час


 И покрај стабилната епидемиолошка состојба со Ковид-19, албанскиот Комитетот на експерти за справување со пандемијата, не размислува за укинување на мерката за ограничено  движење.  Скендер Братај, член на комитетот и директор на Националниот ургентен центар во Тирана, коментирајќи го барањето на унијата на угостители за ослободување од анти-ковид мерките рече дека мерките ќе продолжат да се […]

Премиерот Заев го прими Јанис Бутарис: Од исклучителна важност е градењето на заеднички капацитети за пристап и користење на фондовите на ЕУ за регионалната соработка


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими поранешниот градоначалник на Солун, политичар и бизнисмен Јанис Бутарис, кој заедно со своите соработници остана во работна посета на Скопје откако вчера учествуваше на Првиот Економски Форум во Скопје во организација на Економскиот Форум од Делфи, Грција, и на Грчката Бизнис Асоцијација во Северна […]

Филипче: Вакцинација со забрзано темпо, приоритет – наставниците


 Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со Ковид-19, но порачува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација, во кој процес сега приоритет ќе имаат наставниците за да може да почнат со работа училиштата од наесен, за што веќе се финализираат протоколите. -Засега нашата проценка, […]