Листите на адвокати по службена должност во полициските станици во Скопје стари по 12 години


Во периодот од јануари до септември 2020 година во полициските станиците на подрачјето на Град Скопје, биле приведени вкупно 1080 лица, од кои 15 лица или само еден процент го искористиле правото на бранител. Омбудсманот Насер Зибери, објавуваќи податоци од годишниот извештај на Националниот превентивен меканизам, изјави дека во истиот период биле лишени од слобода […]

Филипче: Работиме на подобрување на системот за здравствена заштита на затворениците


Постојниот систем на здравствена заштита на затворениците треба да се подобри и многу сме блиску до наоѓање на дефинитивниот модел, на кој долго време се работи, вели министерот за здравство Венко Филипче по денешната изјава на омбудсманот. -Тоа е проблем за којшто сме свесни подолго време и знам дека е информиран и Народниот правобранител и […]

Вештаците се една од главните причини за одложување на судските рочишта


Од мониторингот спроведен од Коалицијата „Сите за правично судење“ на 1.200 судски расправи е зајклучено дека до квалитетна правда се доаѓа тешко и поради тоа што има висок процент на одложени рочишта поради отсуство на надворешните субјекти на постапката, како на пример вешти лица или пак доказен материјал кој произлегува од овие лица или останати […]

Девет нови случаи на Ковид-19, починале три лица


Девет нови случаи со Ковид 19 се ргистрирани во последните 24 часа од направени 3.239 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Оздравени пациенти се регистрирани 13 и три починати лица.   Новите случаи со Ковид 19 според податоците од Министерството за здравство, се по тројца во Скопје  и Кичево и во Битола, Штип и Дебар  по […]

Многу топлото време продолжува, температурата и до 42 степена


Многу топло време со натпросечни температури кои наместа ќе бидат над 40 степени ќе се задржи и утре. Во недела и понеделник ќе се намали за неколку степени, но од вторник повторно ќе биде во пораст и ќе достигне и до 42 степени. Утре максималната температура ќе се движи од 28 до 41 степен, во […]

Германската амбасадорка, Анке Холштајн во посета на „Лајка“


Амбасадорката на СР Германија Анке Холштајн, денес беше во официјална посета на прифатилиштето на ЈП Лајка и оствари средба со директорката Тина Петрушевска. На средбата амбасадорката Холштајн се запозна со програмата и остварените резултати на претпријатието. Амбасадорката изрази благодарност до ЈП ЛАЈКА за посветеноста и големите заложби во насока на разрешување на проблемот со бездомните […]

Зибери: Затворениците оставени без неопходна здравствена и медицинска заштита


 Повеќе од 20 проценти од затворениците во казнено-поправните установи во државата се зависници од дрога. Според извештајот на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, 476 затвореници од вкупниот број од 2118 (затвор-притвор), затвореници страдаат од нарушувања предизвикани од употребата на дрога. Народниот правобранител Насер Зибери, денеска при објавување на Извештајот истакна дека во овие бројки […]

Со донација од САД се зајакна лабораторијата во ИЈЗ, земјата подготвена да менаџира со каква било криза


Со донација од САД, лабораторијата на Институтот за јавно здравје го зголемува капацитетот и станува регионален центар во кој на соодветен начин ќе се детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест, а со тоа земјава станува целосно подготвена да менаџира каква било криза која во иднина евентуално може да се појави кај нас […]

Општина Аеродром организира турнир „Тројка за МЗТ“


Општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани да се пријават за учество на турнир во баскет насловен „Тројка за МЗТ“ на [email protected]. Првиот натпревар ќе се одигра на 3 јули во Спортскиот центар „Ново Лисиче“. Сите турнири ќе се одржуваат според правилата на ФИБА за игра 3 x 3 на реконструираните спортски игралишта на отворено на ниво […]

Концерт на „Рибља чорба“ в недела во Скопје


Поради огромен интерес на публиката за најавениот концерт во Скопје на „Рибља чорба“, ќе биде сменета првичната локација. Наместо да се одржи на отворениот простор пред „А1 арената“, ќе се случи на паркингот кој граничи со Аква паркот, в недела, на 27 јуни. Локацијата собира 15.000 посетители и тоа ни овозможува да пуштиме дополнителни 1.000 […]

Велико Трново есенва ќе биде домаќин на средба меѓу новинари од Бугарија и Македонија, организирана од БТА


Бугарија – Велико Трново наесен ќе биде домаќин на состанок меѓу новинари од Бугарија и Република Северна Македонија, организиран од БТА, најави генералниот директор на бугарската агенција БТА, Кирил Валчев. Тој посочи дека десет новинари од двете земји се очекува да го продолжат дијалогот меѓу нив, што почна во 2019 година. Тогаш новинари од Република Северна […]

Халеп го откажа настапот на Вимблдон


Англија– Третиот светски рекет Симона Халеп објави дека нема да игра на Грен слемот во Лондон. Актуелната шампионка на Вимблдон ќе го пропушти турнирот поради проблеми со мускулот на задниот дел на потколеницата. За потсетување, Романката го скина мускулот на левата нога на натпреварот против Анжелик Кербер во Рим. Поради повреда се повлече од Ролан Гарос, […]

Композиција за виолина, пијано, перкусии и електроника од Дарија Андовска селектирана од над 200 композиции од цел свет


Композицијата „Zugzwang” за виолина, пијано, перкусии и електроника од македонската композиторка Дарија Андовска, беше селектирана од над 200 композиции од целиот свет за изведба во рамки на 29. Меѓународна трибина на композитори во Белград, Србија. -Од преку двеста композиции пристигнати на конкурсот на Сојузот на композитори на Србија, во програмата се вклучени само 38 дела […]

Рекорден број починати во Москва од Ковид-19


  Русија денеска јави за рекорден број мртви со Ковид-19 во Москва, покрај порастот на бројот новозаразени. Според властите, одговорни се новиот „делта“ сој и спориод напредок на вакцинацијата. Работната група на руската влада за корона виусот пријави 20.393 нови случаи со Ковид-19, од кои 7.916 во Москва, што е најголем дневен број случаи од […]

Од понеделник сите пријавени ќе добијат термин за вакцинација


  Почнувајќи од понеделник, сите граѓани коишто се пријавиле за вакцина ќе добијат термин за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање. „Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, односно вторник, по системот највозрасни, па помлади граѓани, сите ќе добијат термин во период од следните две недели“, рече министерот […]

Во април 49,6 отсто од потрошената струја била од домашни извори


Во април годинава во земјава вкупно се потрошени 687.240 мегават часови електрична енергија, 11,903 милиони нормални кубни метри природен гас, 431.145 тони јаглен и 89.922 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 49,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 95,2 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за […]

Од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите во јавното здравство


Од следната недела наеднаш ќе биде исплатено задоцнетотот петпроцентно зголемување на платите за вработените во здравството, а од наредниот месец тоа ќе се исплаќа редовно пет месеци како додаток за работа со ковид, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. -Денеска се префрлија средствата за зголемување на платите на сите вработени во здравствениот сектор, не […]

Триесет години од распадот на СФРЈ: Како живеевме тогаш, како живееме сега


 Во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, а во партнерство со Академската мрежа за соработка во Југоисточна Европа, денеска во Скопје се одржа меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: Рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“. Во своите дебати учесниците на конференцијата, која се одржа со физичко присуство и онлајн, […]

На денешен ден, 1934 година, роден е Петре М.Андреевски, автор на неискоренливиот „Пиреј“ и безвременската „Дениција“ 


„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“, ќе напише Петре М.Андреевски во второто писмо за Дениција посочувајќи ѝ дека во неа се границите на целокупна Македонија, и дури ја љуби неа, ја љуби сета татковина. Поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Еден од најталентираните, најпопуларните и незаменливи […]