Исланд од утре ги укинува сите ограничувачки мерки против Ковид-19


По 15 месеци континуирани посилни или послаби мерки, Исланд најави дека од утре ќе ги укине сите национални мерки поврзани со пандемијата на коронавирусот. -Мерките за одржување на дистанца, носење маски, ограничување на бројот на учесници на собири, како и ограничување на работата во кафулињата и рестораните, од утре веќе нема да бидат на сила, […]

Земјоделците во ЕУ ќе добијат 387 милијарди евра помош во следните седум години


Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент се согласија за голема реформа на огромните земјоделски субвенции на Унијата, предизвикувајќи загриженост кај невладините организации кои велат дека таа не е доволно зелена. „Со денешниот договор почнува вистинската промена кон позелена и поправедна Заедничка земјоделска политика (ЗЗП)“, напиша на Твитер потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс. „Не е […]

Арената „Тодор Проески“ со 30 отсто исполнетост на капацитетот за еврокуповите


Македонските претставници во европските фудбалски купови ќе имаат поддршка од своите навивачи на натпреварите на домашен терен на стартот од квалификациите во Лигата на шампиони и Конференциската лига, откако локалните власти и УЕФА дадоа зелено светло да биде исполнета арената „Тодор Проески“ во Скопје до 30 отсто од вкупниот капацитет од 36.400 седишта. Од македонските […]

Русија почна големи воени вежби во Медитеранот во екот на тензиите со Велика Британија


Руската армија денеска почна големи воени вежби во Средоземното море, во кои учествуваат борбени авиони опремени со хиперсонични ракети, со што сака да демонстрира сила во екот на зголемените тензии по инцидентот со британскиот разурнувач во Црно море. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во воените вежби на истокот од Медитеранот учествуваат неколку воени бродови, […]

Курц: Необединетоста во надворешната политика ја ослабува ЕУ


– Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изрази загриженост за „длабоките поделби во Европската унија“, по повод разговорите што беа одржани на самитот на ЕУ за Русија и за законите за ЛГБТ заедницата во Унгарија. Тој рече дека не е проблем ако има различни ставови за внатрешно-политички теми, но би било проблем во надворешната политика. –  Ако не […]

Авион на „Ер Монтенегро“ приземјен во Сплит поради дојава за бомба


 Патнички авион на новата црногорска авиокомпанија „Ер Монтенегро“, што летал на релација Прага-Сплит, денеска е приземјен поради предупредување за поставена бомба, јави Н1. Но, како што јавуваат хрватските медиуми, во авинот не е пронајдена бомба.   „Авионот што летал од Прага за Сплит е приземјен во Сплит со известување на пилотот за вонредна состојба, потврди […]

Амазон и Гугл под истрага во Британија за фалсификуван рејтинг на производи


Британскиот регулатор за конкуренција на пазарот денеска отвори официјална истрага за да утврди дали компаниите „Амазон“ и „Гугл“ презеле доволно мерки за борба против фалсификување на рејтингот на производите. Агенцијата за пазарна конкуренција (ЦМА) соопшти дека ќе собере повеќе информации за да одлучи дали компаниите го прекршиле законот за потрошувачи со тоа што не презеле […]

Курти за „Ле Монд“: Вучиќ и натаму размислува за тоа како Србија да го врати Косово


Косовскиот премиер, Албин Курти, изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, и натаму Косово го смета како територија што Србија мора еден ден да ја врати. Курти ова го изјави за француски „Ле Монд“, нагласувајќи дека Србија „треба да се соочи со минатото и да стане подемократска“. Француски „Ле Монд“ во воведот забележува дека премиерот на […]

Доделени првите десет договори за набавка на комбајни со сецкалици


Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и со градоначалникот на Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев, денеска во Чешиново ги доделија првите десет од вкупно 25 одобрени договори за набавка на комбајни за ориз со сецкалица. Од АФПЗРР […]

МЗ: Вчера се вакцинирале 6.282 лица, вкупно вакцинирани 289.305 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 289.305 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.044 граѓани, а вкупно се вакцинирале 6.282 лица. Преку веб-платформата vakcinacija.mk , досега се пријавиле 460.702 граѓани за вакцинирање, информираат од Министерството за здравство. Во државата, вкупно се аплицирани 501.506 дози вакцини, а ревакцинирани се 212.201 граѓани. Со последните […]

Колку торнадата се закана за Европа?


Чешка синоќа беше погодена од разорно торнадо и неколку градови и села беа срамнети со земја. Досега е потврдена смртта на најмалку пет лица, а повредени се околу 200 лица, од кои 60 се сместени во болниците. Вестите за разорните торнада кои оставаат пустош обично доаѓаат од Америка, па многумина на социјалните мрежи се прашуваат […]

„Вирџин Галактик“ доби одобрение од ФАА за лет со човечки екипаж во вселената


Американската вселенска компанија „Вирџин Галактик Холдинг“, сопственост на милијардерот Ричард Бренсон, соопшти дека добила одобрение од американскиот регулатор за воздушна безбедност (ФАА) за лет во вселената на човечки екипаж, по успешниот пробен лет што беше изведен минатиот месец. -Денешното одобрение од ФАА ни дава самодоверба додека напредуваме кон нашиот прв пробен лет летово со комплетен […]

Благоја Милевски од 1 август нов селектор на македонската фудбалска репрезентација


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската сениорска репрезентација. Актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од 1 август 2021 година. – Најпрвин, од мое лично и од име на Управниот одбор на […]

Блиц: Европскиот пат на Србија можат да го закочат Хрватска, Романија и Бугарија


Србија започна преговори со ЕУ пред повеќе од седум години, до ѕвездата на знамето на ЕУ има уште многу да се работи, а на тој пат може да не запре Хрватска, пред се поради границата и исчезнатите лица, Романија поради малцинствата и користењето на Дунав, како и Бугарија со која го решаваме прашањето за националните […]

ДПИ изрече прекршочни платни налози за „Евротим ГДС“ – Кичево за несоодветниот „мазут“ во складот во Ресен


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево и 3.000 евра за одговорното лице. Истовремено донесе решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ од складот во […]

Најмалку петмина мртви по торнадото во Чешка


Најмалку пет лица загинаа откако ретката појава на торнадо и обилните дождови предизвикаа хаос на југо-истокот на Чешка, соопштија денеска чешката полиција и службите за итни случаи, јави ДПА. Во невремето, додава германската агенција, повредени се околу 200 лица, од кои 60 се сместени во болниците, наведуваат чешките власти. Торнадото синоќа опустоши седум села во […]

Годишно собрание на ЕБРД од 28 јуни до 2 јули, во фокусот животната средина и закрепнување на економиите


Министри и водечки претставници на земјите каде што е активна Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе се сретнат следната недела на Годишното собрание на оваа меѓународна инвестициско-кредитна институција со цел да донесат клучни одлуки за подобрување на животната средина и подобрување на економиите. Годишниот состанок и деловниот форум на Банката ќе се одржи […]

Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на шесте земји од Западен Балкан


Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули. Ова го порача министерот за […]

Со парите од еколошката такса ќе се формира посебен фонд за зелен развој


Повеќе актуелни економски теми во интерес на стопанството и економскиот развој на државава беа разгледани на денешната редовна седница на Комисијата за јавно приватен дијалог со која ко-претседаваше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорот на Бирото за јавни […]

Руте: Кон Орбан беа упатени најжестоките критики што сум ги видел на самитите на ЕУ


 Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека дебатата за правата на ЛГБТ заедницата, поттикната од законот што неодамна беше усвоен во Унгарија, била многу жестока и дека критиките и упатените пораки до унгарскиот премиер биле најжестоки што досега тој ги видел на самитите на ЕУ. Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ вчера разговараа за унгарскиот закон, […]