Авион на „Ер Монтенегро“ приземјен во Сплит поради дојава за бомба


 Патнички авион на новата црногорска авиокомпанија „Ер Монтенегро“, што летал на релација Прага-Сплит, денеска е приземјен поради предупредување за поставена бомба, јави Н1. Но, како што јавуваат хрватските медиуми, во авинот не е пронајдена бомба.
 
„Авионот што летал од Прага за Сплит е приземјен во Сплит со известување на пилотот за вонредна состојба, потврди Хрватската контрола на воздухопловната навигација.
 
Контролата не ги објаснува причините за прогласување вонредна состојба, но како што јави Н1, авионот бил приземјен поради предупредување за бомба.
 
Кога авионот влегол во хрватскиот воздушен простор, пристигнала дојава за бомба. Авионот е приземјен на аеродромот во Сплит, а сите патници се проверуваат.
 
„Можеме да потврдиме дека авионот на релација Прага – Сплит слета на аеродромот во Сплит и дека извештајот што го добивме се проверува во согласност со стандардните оперативни процедури. Авионот е одвоен, сите патници го напуштија и сите теренски услуги се во тек. Аеродромот не е затворен за сообраќај“, велат од хрватското МВР.