Коронавирусот беснее во Москва, се враќаат рестриктивните мерки


Во последните 24 часа во Москва се потврдени 6.723 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 114 умреа, поради што од денеска во сила стапуваат нови епидемиолошки мерки. Само на вакцинираните, лицата кои заздравеле од коронавирусот или луѓето кои ќе направат негативен тест, ќе им биде дозволен влез во московските ресторани, кафулиња и барови. Градските […]

Османи: Отворивме важни прашања за иднината на пристапниот процес со земјите од регионот


Процесот на проширување на ЕУ и последните случувања поврзани со последните Самити на ЕУ беше централна тема на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група (В4) и земјите од Западен Балкан (ЗБ6) во Познан, во рамките на полското претседавање со В4, на кој учествуваше и шефот на дипломатијата Бујар Османи. […]

Младите вакцинирани Грци ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава


Грција-  Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат во текот на годинава ќе добијат ваучер „Freedom pass“ односно електронска припејд карта што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности , јави дописничката на МИА од Атина. Ваучерот се однесува на околу 940.000 млади, […]

Дождот го одложи почетокот на Вимблдон 2021


Воведните натпревари (закажани за 12 часот) на годинашното издание на Вимблдон беа одложени за половина час поради дождливото време, објави на Твитер новинарот Хозе Моргадо. Вимблдон е трет Грен слем во сезоната. Турнирот се одржува Лондон на трева и ќе трае од 28 јуни до 11 јули. Во 2019 година, Србинот Новак Ѓоковиќ стана победник […]

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар


Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, за денар поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71 денар за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС -98  ќе чини 73 […]

Украина и САД започнуваат воени вежби во Црно Море, и покрај руското противење


Украина – Украина и САД ќе започнат воени вежби во Црно Море и јужна Украина во кои ќе учествуваат повеќе од 30 земји, и покрај руските повици за откажување на вежбите.   Вежбите „Морски ветер 2021“ следат по зголемувањето на тензиите меѓу НАТО и Москва, која минатата недела соопшти дека истрелала предупредувачки истрели во близина на британски […]

Чешкиот претседател ги нарече трансродовите луѓе „одвратни“


Чешкиот претседател Милош Земан, коментирајќи го унгарскиот закон со кој се забранува поуката за ЛГБТ во училиштата, во неделното телевизиско интервју изјави дека смета дека трансродовите луѓе се „одвратни“. Земан, кој честопати застапува ставови надвор од мејнстримот, одговараше на прашање во врска со законот што Унгарија го донесе на почетокот на овој месец, со кој […]

Куртоа: Слушнав дека репрезентацијата на Белгија била критикувана, ние продолжуваме на ЕВРО, а тие се веќе дома


Голманот на Белгија, Тибо Куртоа се осврна на критиките насочени кон неговата репрезентација по синоќешниот меч од осминафиналето на ЕВРО 2020. – Кога ќе ја победите Португалија, која има таква моќ во нападот, со резултат 1:0, сигурно знаете дека било тешко. Ние добро се браневме и докажавме дека критиката кон нашата одбрана е неоправдана. Слушнав […]

Прилепчанец прегазен на патот Битола-Ресен


Во неделата, во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, патничко моторно возило „форд фокус“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(26) од Битола, удрило во пешак Г.Р.(46) од Прилеп. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на […]

Орбан го обвини Брисел дека гради „европска империја“


Унгарскиот премер бара итен прием на Србија во Европската унија   Откако повеќе европски лидери неодамна изјавија и јавно и зад затворени врати на самитот, дека за нив ЕУ се темели на заеднички вредности, а не само на економска кохезија и единствен пазар, унгарскиот премиер Виктор Орбан им одговори викендов преку огласи во повеќе весници […]

Ивештај на ЦГК: Фирмите се жалат на критерирумот „најниска цена“, во втора половина од 2020 поништени 33 отсто од тендерите


 „Најниската цена“ како критериум за избор на најповолната понуда во јавните набавки е проблем број еден за 77 отсто од фирмите во земјава, покажуваат резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации, заедно со Извештајот  од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември […]

Две лица прободени со нож во германскиот град Ерфурт


Двајца мажи се прободени со нож во германскиот град Ерфурт,  во провинцијата Турингија. Осомничениот се уште е на слобода, пишуваат германските медиуми. Како што се наведува, сторителот е маж на возраст од 20 до 30 години со лузни на лицето. Во моментов не се знае каде тој се крие. Според очевидци, осомничениот ги ранил двајца […]

Царовска: Очекуваме враќање на сите ученици во училиштата, но подготвени сме и за уште две други сценарија


Системот на образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година –  целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствени протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата. -За тоа ќе […]

Премиерот Заев ќе користи десет дена одмор, не сака да коментира дали пратениците треба да одат на одмор


Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, но не сакаше да коментира дали Парламентот треба или не да оди на одмор за да се реализираат сите заостанати активноти пред пописот во септември и локалните избори во октомври. – Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско […]

Заев очекува низ дебата да се сфати придонесот на еколошката такса за животната средина


 Воведувањето еколошка такса на горивата што е предвидено од 1 јули годинава според премиерот Зоран Заев ќе се компензира со тоа што се очекува да се укине воведената акциза од два денара на горивата. Иако се најавени блокади во Парламентот верува дека врз основа на дебата ќе се сфати колку е тоа драгоцено и важно. […]

Шведскиот премиер Левен поднесе оставка


 Шведскиот премиер Стефан Левен денеска ја соопшти својата оставка на функцијата, една недела откако му беше изгласана недоверба во парламентот, јави ДПА. Гласањето недоверба беше ставено на дневен ред откако партијата Левица ја повлече поддршката за малцинската влада на Левен поради судир околу предложените реформи на шведскиот пазар за рентирање. Ова беше првпат еден шведски […]

Прв пат во историјата: Колосеумот ги отвори подземните простории за туристи


  Посетителите на Колосеумот во Рим конечно ќе може во потполност да уживаат во истражување на подземните тунели и простории каде биле гладијаторите и животните кои се подготвувале за борба. Делови од подземјето на римскиот Колосеум веќе беа отворени за јавноста, но по обновата, посетителите ќе можат да шетаат низ ходниците, во кои животните и […]

Од утре започнува етапната исплата на јунските пензии


Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 29.06.2021 година, (вторник) започнува  етапната исплата на  јунските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не […]

Уште еден инцидент во Албанија – запалени 60 лежалки


На плажа бар во албанскиот приморски град Дримаде изгореа 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска медиумите во таа земја. Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим. Според порталите, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на […]

Италија прогласена за земја со низок ризик од корона вирус


Италија ја укина обврската за носење маски на отворено, додека земјата од денеска стана „зона со низок ризик од корона вирус“, што е главна пресвртница за првата европска земја погодена од глобалната пандемија на корона вирус во февруари 2020 година. Со декрет што денеска стапи на сила, Министерството за здравство првпат ги прогласи сите 20 […]