„Фолксваген“ ќе продава исклучиво електромобили до 2035 година


САД – Европа ќе биде првиот континент каде „Фолксваген“ ќе продава исклучиво автомобили со електрични мотори. И, тоа е најавено за помалку од 15 години. Во последните соопштенија за печатот, директорот за продажба на автокомпанијата, Клаус Зелмер ги откри најновите планови на брендот за целосна електрификација. Според нив, германскиот гигант најдоцна до 2035 година, веќе нема […]

Кина објави нови снимки од Марс


Кина – Кинеската национална вселенска агенција објави ново видео како возилото се движи во подрачјето наречено Утопија Планитија, конкретно барајќи вода или мраз што би можеле да дадат трага за тоа дали некогаш постоел живот на Марс… Роверот се придвижил 236 метри за време на 42 сола. Солот означува ден на Марс, што е долг 24 […]

Претставување на писателот Томислав Османли во Сплит


Писателот Томислав Османли, кој е на едномесечна книжевна резиденција во Сплит преку проектот „Reading Balkans“ поддржан од ЕУ-програмата „Креативна Европа“, утревечер ќе биде претставен пред сплитската културна јавност заедно со неговиот хрватски колега – Ивица Иванишевиќ.   Тие ќе бидат учесници на книжевната трибина „Диску(р)сија“ организирана од сплитското  Здружение „КУРС“ кое 13 години ја организира […]

„Љубовни аматери (Двонасочни новели)”- нова книга на  Александар Прокопиев


Книгата „Љубовни аматери (Двонасочни новели)” од Александар Прокопиев излезе од печат во издание на издавачката куќа „Прозарт медиа“. Се работи за, како што вели Фиона Сампсон „…соновиден, опсесивен свет во којшто сè има свое значење. Оваа техника не мистифицира ништо. Напротив, сè е поврзано. Прокопиев ни го нуди образецот на писателската сензибилност. Значењето на нештата […]

Во мал брод во Атлантски океан пронајдени 20 мртви лица, меѓу кои и две деца


 Брод со 20 мртви лица, меѓу кои и две деца, е пронајден на 1,5 километар од островот Гранд Турк, во Атлантскиот океан, објавија вчера локалните власти од островите Туркс и Каикос. Американските медиуми јавуваат дека официјалните лица соопштиле дека иследниците ја отфрлиле можноста за насилна смрт, меѓутоа, се обидуваат да утврдат што се случило. Идентитетот […]

Битиќи очекува да бидат донесени потребните законски измени за воведување зелена еколошка такса


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса. – Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам […]

Топлотен бран со рекордни температури во Канада и САД


Температурните рекорди во западна Канада, која беше погодена од топлотен бран, како и на пацифичкиот северозападен брег на САД, паднаа во текот на вчерашниот ден, пренесуваат новинските агенции. За време на викендот беа поставени над 40 нови рекорди на температурата во Британска Колумбија, особено во скијачкиот центар Вистлер. Литон, исто така во Британска Колумбија, сега […]

Од урнатините на зградата во Мајами извлечени уште четири тела


  Спасувачите на Флорида, САД, пронајдоа уште четири тела во урнатините на зградата во мајами и сега има вкупно девет починати, а 156 лица се сметаат за исчезнати, откако зградата падна во четвртокот наутро. „Правиме напорти за да ги идентификуваме новите тела кои ги пронајдовме“, вели градоначалничката на округот Мајами, Даде Данеила Левин Кава. Во […]

Британците забранија една од водечките берзи за тргување со криптовалути


Британскиот финансиски регулатор (FCA) го забрани работењето на популарната платформа за тргување со крипто-валути „Бајнанс“ (Binance). „’Бајнанс маркетс лимитид’ не смее да презема никакви регулирани активности во Велика Британија“, се вели во соопштението на FCA, пренесува Си-Ен-Ен. Бајнанс, една од најголемите берзи за тргување со крипто валути во светот, им овозможува на инвеститорите да купуваат […]

Рама најави реорганизација на државната полиција во Албанија


По серијата криминални настани во земјата и синоќешниот вооружен инцидент со четири жртви во Велипоја, албанскиот премиер Еди Рама најави реорганизација на државната полиција. За време на неговиот престој во Валона, тој им се извини на новинарите поради недостигот на време да одговара на прашања, поради итната средба што ја свикал со министерот за внатрешни […]

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последните 2,5 години


Цените на нафтата на светските пазари минатата недела повторно се зголемија, петти пат по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа во повеќе од две и пол години, бидејќи трговците очекуваат раст на побарувачката на нафта, со оглед на континуираното закрепнување на најголемите светски економии. На лондонскиот пазар, цената на барелот минатата недела скокна за 3,6 проценти, […]

„Тајмс“: Германија сака да им забрани на британските патници влез во ЕУ


 Германија ќе се обиде да им забрани влез на британските патници во Европската унија, без разлика дали ја примиле вакцината против Ковид-19, пренесува денеска „Тајмс“. Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прогласи Велика Британија за „загрижувачка земја“ затоа што делта варијантатата на вирусот е премногу распространета во оваа земја, пренесува весникот. Весникот додава дека […]

Џафери учествува на Самитот на претседатели на парламенти „Европски Парламент – Западен Балкан“ во Брисел


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска и утре по покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе учествува на Самитот на претседатели на парламенти „Европски Парламент – Западен Балкан“ што ќе се одржи во Брисел. На Самитот ќе учествуваат претседатели на парламенти од Република Словенија, Португалската Република, Република Албанија, Босна […]

По регионалните избори во Франција е доведено во прашање рекомпонирањето на политичкиот пејзаж


Победата на досегашните претседатели на регионите, како од десницата, така и од и левицата, звучи како предупредување за Емануел Макрон и Марин Ле Пен, на нецела една година од претседателските избори. Досега највисоката апстиненција пред гласачките кутии на околу 66 отсто од гласачкото тело, отвора многу непознати и зборува за одбивноста на политиката кај Французите, […]

Јули во Кинотека: Од концертот на Влатко Стефановски во Лисински до „Смрт во Венеција“ на Висконти


Во златниот месец – јули („златец“ – според архаичниот народен и старословенски говор) Кинотеката нуди примамлива филмска понуда која може да се одгледа во летното кино со интересни блоковски содржини од музички документарци, оскаровци до стари добри класици. На 1 јули (четврток) програмата започнува со документарниот музички филм ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ВО ЖИВО ВО „ЛИСИНСКИ“ во продукција на […]

Грчки криумчари сакале да продадат статуа на божица за 40.000 евра


Грција– Солунската полиција уапси двајца мажи од Грција и уште еден 35-годишен човек кој на својата фарма пронашол статуа и им ја дал. Уапсените, според наводите, се обиделе да продадат ретка статуа на античката божица Хеката за 40. 000 евра, соопшти грчката полиција. Полицијата добила дојава дека статуата е пронајдена, па прикриен полицаец се претставил […]

„Форбс“: Богатството на Маск се зголеми за безмалку 10 милијарди долари


САД – Богатството на сопственикот на компанијата „Тесла“ – Илон Маск, на крајот на минатата недела се зголеми за 9,9 милијарди долари, објави „Форбс“. Тоа, како резултат на растот на вредноста на акциите на „Тесла“. И, во овој миг, вкупното богатство на Маск изнесува 165,9 милијарди долари. Тој, инаку, сѐ уште е трет на списокот милијардери […]

Квинсленд воведува построги мерки, во Австралија расте бројот на новозаразени


Австралија– Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите, со зголемена мерка за социјална дистанца воведена низ целата земја, која се бори против новото зголемување на бројот на инфекции од коронавирус. Во најнаселениот град во Австралија, Сиднеј, за време на викендот беше воведен локдаун, како и во […]

Индија префлила 50.000 војници долж границата со Кина


Индија – Индија во последните месеци прераспределила најмалку 50.000 дополнителни војници долж границата со Кина, со цел да ја зајакне својата позиција во регионот, јави ТАСС, повикувајќи се на индиските медиуми. Медиумите јавуваат дека индиското Министерство за одбрана распоредило војници и единици на военото воздухопловство во три погранични области. Во моментов, на границата со Кина се […]

Зошто Брисел стравува од балканизација на Европа?


Следната среда на полноќ, Словенија ќе го преземе шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ по втор пат во последните тринаесет години. За членката која е ко-креатор на распадот на поранешна Југославија и која деновиве слави три децении независност, тоа е можност да се докаже како институционално и политички зрела и уште еднаш по 2008 година […]