Премиерот на Луксембург Бетел, позитивен на Ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ


Белгија – Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел. „Засега тој има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности. Тој има намера да остане во карантин 10 дена“, објави весникот „Луксембургер Ворт“. Според луксембуршката Влада, Бетел […]

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост


За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, […]

Шахпаска на министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе учествува на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. На состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за Соработка, ќе учествуваат министрите од Западен Балкан […]

Промоција на стихозбирката „Гранична состојба“ од Лидија Димковска


Промоцијата на новата стихозбирка „Гранична состојба“ од Лидија Димковска, во издание на ИЛИ-ИЛИ ќе се одржи вечер во „Буква“. За книгата и со авторката ќе зборуваат промоторките Искра Гешоска и Александра Јуруковска. – Поетската збирка „Гранична состојба“ од Лидија Димковска е нејзина седма поетска книга, после временска пауза од четири години од стихозбирката „Црно на […]

Регионален концерт во Отешево за укинувањето на роамингот на Западен Балкан


Концерт со повеќе групи и ди-џеи од регионот ќе се одржи денеска во Отешево за да се одбележи укинувањето на роамингот на Западен Балкан, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС). Концертот ќе се одржи на плажата „Лејк вју“ во Отешево со почеток од 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб каналот […]

Онлајн конференција „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“


Конференција „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ ќе се одржи денеска на онлајн платформата Зум, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“. На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти,новинари, функционери од земјата и странство кои ќе ги споделат своите ставови за тековните состојби поврзани со […]

Со половина милион вакцини „Синовак“ ќе се забрза процесот на имунизација


Со два авиона вчера на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата. Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо ги пречекаа […]

Османи на министерски состанок на Вишеградската група и Западен Балкан


Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе присуствува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, што се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.  Состанокот ќе се одржи во Познан, а на него се очекува да се отвори […]

САД ни донираат АБХО опрема за деконтаминација


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во касарната Чојлија кај Петровец ќе присуствуваат на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД. Опремата е донирана во рамки на програмата 333 (три-три-три) на САД и се состои од два система за масовна деконтаминација, два система за деконтаминација и две […]

Кандидатот од партијата на Слави Трифонов е прв по првиот круг од изборите за градоначалник на Благоевград


Бугарија– По првиот круг од локалните избори во Благоевград, што важат за клучни пред предвремените парламентарни избори, кандидатот на партијата на Слави Трифонов, Илко Стојанов, е на првото место во битката за градоначалничката функција во овој југозападен бугарски град, јави дописникот на МИА од Софија. На 4 јули, кога е вториот круг од локалните избори […]

Сончево и топло до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од […]

Изборен удар за Марин Лепен во Франција – не успеа да освои ниту еден регион


Крајната десница не победи ни во нејзиниот најсилен регион на југот на Франција   Екстремно десничарската партија на Марин Лепен претрпе сериозен изборен удар откако не успеа да победи на регионалните избори во нејзиното упориште на југот на Франција. Националниот собир (РН) ги насочи своите силипреземање на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег откако излезе како победник од […]

Европа добива нов фудбалски првак – Португалија загуби од Белгија


Роналдо и Португалија испаднаа во осминафиналето на ЕВРО 2020 и нема да ја бранат титулата, Белгија во четвртфиналето против Италија Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство откако во осминафиналето во Севилја го совлада бранителот на титулата Португалија со 1-0. Тоа беше судир на светската бронза и европското злато. Имено, Белгија […]

Словенија следната недела ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ


Словенија ќе го преземе од Португалија ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија следната недела, по вторпат откако стана членка на Унијата. Португалија го завршува своето претседателство на последниот ден од јуни, а Словенија ја презема палката на 1 јули, потсетува Хина. По тој повод, комесарите на Европската комисија, предводени од претседателката Урсула фон дер […]

Британски научници потврдуваат дека вакцинацијата ја ослабела врската меѓу заразата и смртноста од Ковид-19


Масовната кампања за вакцинација против Ковид-19 во Велика Британија ја ослабе врската помеѓу заразата со коронавирус и смртниот исход, но сè уште не е прекината целосно, изјави денеска шефот на научното советодавно тело на британската влада. Питер Хорби, претседател на владиното советодавно тело, за Би-Би-Си изјави дека Велика Британија има „многу помалку хоспитализации“. На прашањето […]

До кога може да чека Македонија?


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Патот по кој треба да работи Македонија е дека Бугарија со блокадата ја поткопува европската архитектура. Апсурдноста на „билатералниот проблем“ да се решава и на поширок начин, не само со разговори меѓу Софија и Скопје   (Колумна за Дојче веле)                             […]

Големо изненадување на ЕВРО 2020: Чешка ја елиминира Холандија и влезе во четвртфиналето


Првото големо изненадување во нокаут фазата на Европското фудбалско првенство го приреди Чешка. Чесите заслужено ја совладаа Холандија со 2-0 и се пласираа во четвртфиналето, каде што ќе ги одмерат силите со Данска. Натпреварот ќе се одигра  во сабота на 3 јули во Баку, главниот град на Азербејџан. Клучен момент на натпреварот беше исклучувањето на […]

Рекордно високи температури во северозападниот дел на САД


Во текот на вчерашниот ден беа забележани рекордно високи температури во северозападниот дел на САД, соопштија денеска американските медиуми. Во Портланд, Орегон, измерени се 42,2 степени Целзиусови, што е највисока температура досега забележана во тој град. Портланд е меѓу најмалку осумте градови во Орегон и соседната држава Вашингтон, во кои претходните рекорди се урнати или […]

Како вакцините на „Синовак“ го вратија животот во еден бразилски град речиси во нормала


Додека цел Бразил е во ужасно страдање од пандемијата градот Серана реши да учествува во проектот со вакцините на „Синовак“ и за неколку месеци смртните случаи паднаа за 95, а хоспитализациите за 86 отсто. Животот пак се врати во градот   СЕРАНА, Бразил – Само еден пациент со Ковид-19 на почетокот на јуни беше во […]

(Фото) Кружен тек на крстосницата меѓу „Орце Николов“ и „Ленинова“


На крстосницата меѓу улиците „Орце Николов“ и „Ленинова“ во тек е поставување на кружен тек кој кога ќе биде целосно завршен ќе го регулира сообраќајот на оваа локација, позната меѓу возачите како една од поризичните и место каде што често се случуваа сообраќајки. Кружниот тек е едно од решенијата предвидено со реконструкцијата на улицата „Орце […]