Уште еден земјотрес во Црна Гора


  Црногорските сеизмолози регистрираа уште еден земјотрес денеска во 15.41 часот, втор за два дена, чиј епицентар е во близина на Херцег Нови. „Јачината на потресот во епицентарот изнесуваше 3,2 степени според Рихтер и не можеше да предизвика материјална штета“, соопштија од црногорскиот Завод за сеизмологија. Истото подрачје, ноќта кон саботата беше погодено од земјотрес […]

Демократски сојуз предлага летово пратениците и министрите да не одат на одмор


Демократскиот сојуз предлага пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат,се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите […]

Тетовчанка си го убила сопругот, па сама се пријавила во полиција


Денеска,  во 11.35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И.. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од […]

Во Москва во еден ден починаа најмногу луѓе досега


  Бројот новозаразени со корона вирус порасна за повеќе од 1.000 во рускиот град Санкт Петерсбург, пред натпреварот од четвртфиналето на Европското првенство во фудбал, кое се игра во овој град во петок. Градските власти јавија за речиси 1.300 случаи во еден ден, 50 повеќе од вчера. Во рој од 24 часа починаа повеќе од […]

Речиси 20 повредени на протести во Либан


Речиси 20 лица се повредени за време на протестите во текот на измината ноќ, кои прераснаа во судири со полицијата и војската во либанскиот град Триполи. Десетици демонстранти излегоа на улиците на градот по уште една девалвација на локалната валута на црниот пазар. Некои демонстранти се обидоа да упаднат во јавните згради, вклучително и во […]

(Видео) Во Канада палат цркви по откритието на стотици гробови во католички интернат за деца


Синоќа за помалку од еден час до темел изгореa две цркви во Британска Колумбија, во област во која живее автохнтоно индијанско население. Само минатата недела во западна Канада изгореа четири католички цркви, јавува Би-би-си. Полицијата објави дека црквите се во целост уништени, изразувајќи сомнеж дека пожарите се подметнати. Засега нема уапсени, ниту обвинети. Истрагата и […]

Голем пожар беснее во близина на плажа во Мармарис


 Голем шумски пожар избувна во близина на плажа во турското одморалиште Мармарис (област Мугла), јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Причината за пожарот, кој брзо се прошири на релативно голема површина, сè уште не е позната. Пламенот беснее во близина на населено место и позната плажа. Фотографии и снимки од плажата покажуваат како луѓето со вознемиреност ја […]

Париз најавува можно преразгледување на односите меѓу САД и ЕУ


Промените во политиката на Европа и САД создаваат услови за преиспитување на меѓусебните односи на нова основа. Ова го изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан во заедничкото интервју со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, објавено во „Le Journal du Dimanche“. „Сега ситуацијата е поинаква. САД се променија, а исто така и Европа, […]

Свети Мојсеј! Огласите со напади покажуваат дека Зелените имаат вистинска шанса во Германија


АЛИСТЕР КЕМПБЕЛ Огласи со напади кои ја покажуваат кандидатката на партијата на Зелените за канцелар, Аналена Бербок, како Мојсеј со список од 10 заповеди предизвикаа бура во Германија   Постер од кампањата на конзервативците за „ѓаволски очи“ од 1997 година, во кој се појавува насмеаното лице на Тони Блер и насловот „Нови лабуристи, нова опасност“ […]

Во Хрватска годинава издадени 33.000 дозволи за престој и работа на странци


Оваа година, во која се укинати квотите за увоз на работна сила, досега се издадени 32.813 дозволи за престој и работа на странци во Хрватска, од кои 7.003 се дозволи од дејноста туризам и угостителство, пишува „Јутарњи лист“. Секторот кој е најбаран за странска работна сила е сè уште градежништвото. Според хрватската служба за вработување, […]

Четири нови случаи на Ковид-19, нема починати


Четири нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие од кои три во Скопје и еден во Битола. Направени се 2.514 тестирања. Не се евидентирани починати лица, а оздравени се 11 пациенти.   Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 228.   Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од […]

На ГП Табановце има задржување од 30-60 минути за влез и за излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет. На ГП Табановце има задржување од 30-60 минути за влез и за излез од државата, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Во албанскиот град Фиер откриена лабораторија за Биткоин


Албанија– Во рамки на акцијата „Фабрика“ албанската полиција во градот Фиер уапси едно лице, трага по второ, а трето го товари за финансиска измама поврзана со криптовалута.  -Тие се осомничени за управување со нелегална платформа за трговија со криптовалути и се товарат за злоупотреба на компјутери, затајување данок и кражба на електрична енергија. Полицијата работи на целосно […]

Кулханек го најави Западен Балкан како приоритет на чешкото претседателство со Европската унија


Чешка – Чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек го најави Западен Балкан како приоритет на чешкото претседателство со Европската унија во втората половина на следната година. Смената во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е првиот од трите надворешно-политички приоритети на Чешка за време на нејзиното претседателство од јули до крајот на 2022 година. „Штета […]

Татко и син струмичани прелетаа половина свет за да ја бодрат македонската фудбалската репрезентација


Струмичанецот Ѓорги Нецев, поранешен фудбалски судија и голем заљубеник во најважната споредна работа на светот, заедно со неговиот 14-годишен син, Лука, прелетаа половина свет за да можат да го следат првото учество на македонската фудбалска репрезентација на едно Европско првенство. Ѓорги повеќе од 12 години живее и работи со семејството во Масачусетс, САД, но ниту […]

Наскоро се отвора најдолгата патека на светот низ крошни од дрвја


  Од 11 јули ќе биде отворена најфолгата патека на светот во крошните на дрвјата во швајцарските Алпи. Прошетката која води низ крошните на дрвјата поврзува две села. Лакс Муршчетг и Лакс Дорф. Кога ќе достигнат висина на платформата, посетителите ги чека патека долга 1,56 километри која ги води низ шума. Погледот на посетителите по […]

Го послушав срцето: Поп-пејачката Кристина Арнаудова продолжува со хуманитарната мисија


Музиката – дали е поп, рок, џез или класика, сосема неважно, е дел од мене и секогаш ќе биде. Но човек мора да си постави приоритети, а во Македонија музиката како приоритет одамна не може да биде единствена и сериозна професија било кому, вели Арнаудова за „Независен“   „Проект среќа“ на поп-пејачката, автор и хуманитарец […]

Тајни британски податоци најдени на автобуска станица


  Строго доверливи документи од Министерството за одбрана на Велика Британија најдени се на автобуска станица во англискиот округ Кент. Во документите биле детали за разурнувачот „HMS Defender” и британската војска.. Овие „ескплозивни“ документи најдени се влажно купче во Кент во вторникот, ден пред бродот „Дефенедер“ да биде вмешан во инцидент со руски бродови во […]

Арсовска: Малите и средните претпријатија се клучот за побрзо економско закрепнување


Малите и средните претпријатија се од клучно значење за постигнување одржлив економски раст. Тие се важен фактор за одржување на конкурентноста и постигнување на економски просперитет, но, истовремено се најподложни на потреси, како во случајот со кризата предизвикана од пандемијата, поради што сите активни чинители треба да работат на креирање на добро деловно окружување за […]

Пристигнаа 500 илјади вакцини „Синовак“, најголема пратка досега во земјата


Со два авиони денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата. Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор ги пречекаа вакцините, со […]