Уште еден земјотрес во Црна Гора


 

Црногорските сеизмолози регистрираа уште еден земјотрес денеска во 15.41 часот, втор за два дена, чиј епицентар е во близина на Херцег Нови.

„Јачината на потресот во епицентарот изнесуваше 3,2 степени според Рихтер и не можеше да предизвика материјална штета“, соопштија од црногорскиот Завод за сеизмологија.

Истото подрачје, ноќта кон саботата беше погодено од земјотрес со јачина од 4,7 степени, кој се почувствува по цела Далмација.

Црна Гора во април одбележа 42 години од разорниот земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер, во кој загинаа 101 човек.