СЗО: Пандемијата се намалува во Европа и Америка


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека пандемијата е на својот врв, но дека бројот на новозаразени и смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 се намалува во повеќето региони, вклучувајќи ги и најтешко погодените во Европа и северна и јужна Америка. „Но, ова е неприфатлив врв на пандемијата со 5,4 милиони новоинфицирани и речиси 90.000 […]

Ултиматум за Јувентус: ако не се откаже од Супер лига ќе биде исфрлен од Серија А


Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А доколку не се откаже од учество во европската Супер лига, најави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина. Јувентус, заедно со Реал Мадрид и Барселона, се единствените три екипи што останаа доследни на новото натпреварување од кое експресно се откажаа другите девет основачи – Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, […]

Санчез и Мицотакис притискаат за ковид сертификатот


Дигиталниот зелен сертификат за вакцинација беше тема на разговор меѓу премиерите на Грција и Шпанија, Кирјакос Мицотакис и Педро Санчез за време на Делфи економскиот форум во Атина. Мицотакис истакна дека е важно тој што е можно побргу да се имплементира, но исто така и да се избегне карантинот, односно граѓаните да можат слободно да патуваат […]

Истражување: Законите генерално добри и хармонизирани со ЕУ, недостига правилна имплементација


Правно-институционалната рамка во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 е во голема мера усогласена со европските стандарди, иако во одредени области, како на пример изборниот процес и финансирањето на политичките партии, потребна е опсежна ревизија. Темпото на реформи е многу бавно, но државата се опоравува од системските проблеми утврдени во извештајот на групата високи […]

СДСМ: Бојкотот на наставата е организиран од ВМРО-ДПМНЕ


Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ, ги обвини денес ВМРО-ДПМНЕ дека стојат зад бојкотот на наставата организиран од родителите. -На лагата и се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кој се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието. Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има“, која […]

Борел ќе вечера со лидерите на Западен Балкан идната недела во Брисел


Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, потврди дека идната недела се поканети на вечера шесте лидери на земјите од Западен Балкан за да се разговара со нив за стратегијата на ЕУ во регионот.Иако Борел не даде точен датум, според дипломатите се очекува вечерата да се одржи на 18 мај во Брисел.   […]

Борел: Немаме намера да ги одвоиме Македонија и Албанија (Видео)


Западен Балкан за прв пат по две години се најде на агендата на европските министри. Жозеп Борел најави уште ден ваков состанок пред почетокот на летото. „Македонија ги исполни условите“, рече Борел   Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера […]

Поднесени 2.000 амандмани на Предлогот за измени на законот за служба во Армијата


Законот за служба во Армијата кој денеска беше на дневен ред пред Комисијата за одбрана и безбедност не го помина второто читање пред пратениците. ВМРО-ДПМНЕ поднела 2.000 амандмани во врска со предложениот закон со кој се предвидува војниците да можат да земат отпремнина по завршување на службата, откуп на стажот за офицерите, забрана за политички […]

Затвореници обљубиле друг затвореник што им бил цимер


Вчера во 16.05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвореници) извршил обљуба врз него. Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Објавен извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал


Пазарот за шверц на мигранти во Западниот Балкан вреди најмалку 50 милиони евра годишно. Иако оваа сума е далеку под просекот на илегалниот профит создаден за време на хуманитарната криза од 2015 година, сепак таа покажува дека се уште има одреден активен пазар за шверц на мигранти низ регионот, кој е спротивен од напорите за […]

Уште една блокада на ВМРО-ДПМНЕ: 2.000 амандмани за измените за служба во Армијата


Најголем дел од поднесените амандмани се однесуваат на предлогот воениот и цивилниот персонал во служба на Армијата да не смее да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на нејзините органи   Законот за служба во Армијата кој денеска беше на дневен ред пред Комисијата за одбрана и безбедност не […]

Странски туристи ќе привлекуваме со кампања „Безбедно како дома“ и европски протоколи


Република Северна Македонија е подготвена како дестинација за оваа сезона своите туристички услуги пред светскиот пазар да ги понуди со безбедносен сертификат идентичен на оној на државите-членки на Европската Унија. Тоа значи дека може да се очекува ова лето во земјата да има поголем број туристи од регионот, но и од државите од каде традиционално […]

Во последните 24 часа регистрирани само 25 случаи на Ковид-19


Бројот на регистрирани нови инфекции од корона вирусот се намалува од ден на ден, што е знак дека третиот бран на епидемијата полека стивнува. Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19, објави Министерството за здравство, што изнесува само 2,3 отсто од земените примероци.   Од нив […]

За синдикалната кошница во април биле потребни 204 денари повеќе во однос на март


Синдикалната кошница со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари во однос на март. Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната […]

Дачиќ: Теориите на заговор се најголема причина за отпор кон вакцинацијата


Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, денеска предупреди дека најголемата причина за отпор кон вакцинацијата кај милиони луѓе во Европа е потпирањето на теориите на заговор и шарлатанските содржини, кои се раширени во онлајн сферата и на социјалните мрежи, јави дописникот на МИА од Белград. -Сите заедно се наоѓаме во многу чувствителна зона, каде […]

Пендаровски и Зурабишвили положија венци на гробот на Гоце Делчев


Претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. По завршувањето на церемонијата, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили во црквата „Св. Спас“ ја посетија спомен-собата на Гоце Делчев, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев […]

Надзорен орган на британскиот Парламент го испитува Џонсон за патувања во странство


Независно надзорно тело на британскиот Парламент го испитува  премиерот Борис Џонсон за патувања во странство и начинот на кој тој им го претставил тоа на парламентарните власти. Парламентарниот комесар за стандарди рече дека се испитува дали Џонсон го прекршил кодексот на однесување кон членовите на Парламентот. Тоа ја интензивираше истрагата за финансиите на Џонсон, бидејќи […]

Сеуште е рано да не се носат маски на отворено, рано е и за свадби и концерти, вели Филипче


Сеуште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека за ова е разговарано утрово, но оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка. – […]

Триесетина деца затруени со храна од кумановската градинка „Ангел Шајче“, затворена кујната, се земаат мостри и брисеви


Според првичните информации на надлежните од градинката „Ангел Шајче“ 30 деца од две до шест години, од три објекти „Пчелка“, „Синоличка“ и „Кокиче“ за време на викендот се пожалиле на симптоми повраќање, дијареја, болки и грчеви во стомакот, температура. Дел од родителите пак, ги одвеле децата на лекување во Скопје. Директорката на градинката, Марина Алексовска […]

Вишиот јавен обвинител Бектеши побара повисоки казни за случајот „Рекет”


Изречените казни се благи и нема да бидат исполнети целите на казнување. Судот ги преценил олеснителните околности и недоволно ги земал во предвид отежнителните околности. Предлагам Апелацискиот суд да ги преиначи и им одреди повисоки казни, побара јавниот обвинител Дилавер Бектеши, образложувајќи ја жалбата пред Апелацискиот суд на ЈО за случајот „Рекет“. Обвинителството, исто така, […]