Пендаровски и Зурабишвили положија венци на гробот на Гоце Делчев


Претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

По завршувањето на церемонијата, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили во црквата „Св. Спас“ ја посетија спомен-собата на Гоце Делчев, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев од Софија.

Претходно, во претседателскиот кабинет, Пендаровски и Зурабишвили имаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на официјалните делегации, а беа потпишани Спогодба меѓу Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата.