Најавена и 18. сезона на „Вовед во анатомија“


САД – Телевизиската серија „Вовед во анатомија“ сè уште има што да понуди. „Еј-би-си“ објави дека лекарската ТВ-драма ќе се врати и со 18-та сезона. „Станица 19“, чија приказна се испреплетува со „Вовед во анатомија“, исто така, ќе се врати – со својата петта сезона. – „Станица 19“ и „Вовед во анатомија“ завршија одлична работа во […]

Амбасадорката Брнз и генерал Ѓурчиновски на „Trojan Footprint 21“ на Криволак


Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Скопје, Мери Брнз, денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе проследат дел од завршните активности на вежбата „Trojan Footprint 21“ во која учествуваат специјалните сили на армиите на Република Северна Македонија и на САД. На денешните активности припадници од баталјонот за специјални сили и специјалните […]

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат заради милионерот-педофил Џефри Епстајн?


САД- Мелинда Гејтс првпат контактирала со адвокати за развод пред две години, откако се обелодени опсегот на врската на нејзиниот сопруг Бил со милионерот- педофил Џефри Епстајн, тврдат блиски извори на семејството. Г-дин Гејтс се состана со финансиерот кој беше под истрага на ФБИ  во повеќе наврати, дури и се фотографираше во градската куќа во […]

Во претседателскиот замок во Прага запалени свеќи за жртвите на Ковид-19


Чешка – Во претседателскиот замок Храдчани во Прага беа запалени 30.000 свеќи, симболично по една за секоја жртва на Ковид-19 во Чешка, а првата ја запали чешкиот претседател Милош Земан. – Морам да кажам дека самите сме одговорни за смртта на некои од нив поради нашата рамнодушност, непромисленост и, пред сè, затоа што подлегнавме на искушението […]

КПТ со критики за затворските услови во Македонија


Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казни (КПТ), денеска во Стразбур по добиеното одобрување од македонските власти го објави извештајот за 5-та периодична посета на Северна Македонија, заедно со одговорот на властите на земјата. При посетатата е утврдено дека полициската бруталност е во пораст и дека властите не успеаја да […]

Бајден се обидува да спречи недостиг на гориво по хакерскиот напад врз „Colonial Pipeline“


САД– Американската администрација го следи недостигот на гориво во делови од југоисточниот дел на земјата и разгледува различни реакции, се вели во соопштението издадено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. „Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да добива редовни ажурирања за состојбата со Colonial Pipeline. Администрацијата продолжува да го проценува влијанието на инцидентот врз снабдувањето […]

Изложба „ Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на ФЛУ


Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, по 34-ти пат ја организираат изложбата Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте. Изложбата ќе биде отворена денеска во 13 часот, во Галеријата на ФЛУ.   На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно […]

Роберт Билбилов си го честиташе роденденот со нова песна „Нигде не те наоѓам“ (видео)


Пејачот и композитор Роберт Билбилов е актуелен со новата песна „Нигде не те наоѓам“.  Вчера, на својот роденден Билбилов го промовираше видеото заедно со темата на својот Јутјуб канал. Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт.   „Пандемијата со коронавирусот ја искористив на […]

Заев за Еуроњуз: Не е можно раздвојување на Северна Македонија и Албанија


Не е можно да се раздвои патот за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев за Еуроњуз. Брисел ги разгледуваше двете кандидатури паралелно, но минатата недела европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз изјави дека раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија „може да биде опција“ доколку […]

Чешкиот министер за одбрана, Лубомир Метнар во официјална посета на С Македонија


Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.   Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот Метнар ќе оствари те-а-тет средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а ќе се одржи и заедничка средба на македонската и чешката делегација.   Во текот на посетата ќе биде потпишан Меморандум за […]

Се зголемува интересот за вакцинација, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин


Граѓаните да се пријавуваат на веб страницата vakcinacija.mk, заради тоа што тоа е најпрактичниот механизам и начин да се стигне до соодветен термин за вакцина против Ковид-19. Ова е апелот што вчера го упати министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека вакцинацијата се одвива добро, вакцинирани се околу 110 илјади граѓани од кои 23 […]

Владата ќе носи одлука за олабавување на ковид-рестриктивните мерки


Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорача на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница. Новите мерки би […]

Самит за Западен Балкан во октомври за време на словенечкото претседателство со ЕУ


Грција – За време на словенечкото претседателство со Европската унија, во втората половина на годината, ќе се одржи вонреден Самит посветен на Западен Балкан, односно за проширување на Унијата со земјите од регионот, соопштија премиерите на Грција и Словенија Кирјакос Мицотакис и Јанез Јанша по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека […]

Сончево со мала облачност, температурата до 29 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а […]

Унгарија не дава раска да падне врз Кина околу Хонгконг


Будимпешта ја блокира секоја изјава со која треба да се осуди мешањето во демократските преоцеси во Хонконг. За Унгарија нејзините врски со Кина се поважни од единството на ЕУ   Колку надворешната политика на Европската унија е расцепкана поради различните интереси на земјите членки се покажа и денеска на министерскиот состанок, кога Унгарија ја блокираше […]

Ердоган: Ќе го мобилизираме целиот свет против Израел за да престане теророт


 Турција ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој во телефонските разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханиех, повтори дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и дека ќе застане покрај нив, […]

Во Франција најмалку новозаразени од почетокот на годината


Бројот на нови зарази со Ковид-19 во Франција падна на 3.292 во понеделникот, најмалку од почетокот на годината, додека бројот на пациенти на интензивна нега се смалува веќе седми ден по ред. Во понеделник има најмалку потврдени нови случаи затоа што за време на викендот се спроведуваат помалку тестирања, но седмодневниот просек падна на 17.767 […]

Хамилтон сака нов договор со Мерцедес пред летната пауза


 Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон најави денеска дека би сакал да го продолжи договорот со екипата на Мерцедес пред почетокот на летната пауза. Седумкратниот светски шампион на 8 февруари потпиша едногодишен договор со Мерцедес што истекува на крајот од актуелната сезона во Формула 1. -Не сакаме да брзаме, но мислам дека мораме […]

Бугарски медиуми: Радев подготвува „воен кабинет“


Медиумите во Бугарија објавија дека Стефан Јанев најверојатно ќе биде привремен премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на бугарските медиуми, бригадниот генерал Јанев, кој сега е секретар за безбедност и одбрана на претседателот Румен Радев, е можен кандидат за привремен премиер на Бугарија. Тој е поранешен вицепремиер и министер за […]

(Видео) Хамас го ракетираше Израел, деветмина загинати во Газа


Палестинските милитанти во Појасот Газа денеска истрелаа ракети кон Ерусалим и јужен Израел, заканувајќи му се на Израел поради насилните судири со Палестинците во Ерусалим, на што Израел одговори со воздушни напади. Министерството за здравство во Газа објави дека девет Палестинци биле убиени во израелските воздушни напади на палестинска територија, а израелската армија сè уште […]