Миланска Ла скала повторно отворена


Италија– Оперската куќа Ла скала во Милано синоќа повторно ги отвори вратите, со ограничен број гледачи, откако седум месеци беше затворена поради пандемијата на коронавирусот. Членовите на оркестарот и хорот под заштитни маски изведуваа арии од опери на Џузепе Верди, Рихард Вагнер и други познати композитори. Тоа го следеа околу 500 гледачи на ложата, додека долниот […]

Детали за пукањето во училиште во Казан: 11 убиени, 32 ранети


Русија– Во пукањето во училиште во Казан, 32 лица се повредени и пренесени во болници, изјави за ТАСС извор од Министерството за образование. Според последните податоци, во нападот се убиени 11 лица, од кои девет се деца. Утрово две неименувани лица отвориле оган кон училиштето број 175 во Казан, по што одекна експлозија. Според извор, […]

Заев – Тимерманс: Силна поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ


Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија била искажана на средбата на премиерот Зоран Заев и членовите на македонската делегација, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во […]

МЗ: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини


Министерството за здравство информира дека во државата вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. – Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Со последните бројки 35 отсто од населението над 70 години имаат примено барем […]

Во болниците се лекуваат 701 пациент со Ковид, околу 100 празни кревети во ковид-центрите


Министерството за здравство информира дека на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 701 пациент и има околу 1000 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за Ковид […]

„Музичко патување“ со македонски солисти во Филхармонија


„Музичко патување“ е насловен концертот кој ќе се одржи в петок во 20 часот. На програмата за Концертот за кларинет и виола оп.88 од Брух и Симфонијата бр.4 –„Италијанска“ од Менделсон. Солисти се Здравко Ангелов (кларинет) и Илза Бафтиари (виола), а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Макс Брух (1838 – 1920) е познат по […]

Барањата на „Правда за штедачи“ сè поапсурдни – од Заев бараат да го разреши Бесими за искажан став


Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” на 7 мај до премиерот поднело барање за разрешување на министерот за финансии Фатмир Бесими. – Барањето за разрешување на министерот е поднесено по повод постапката пред Уставен суд за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, […]

АСО: Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто


За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друшта од кои купиле полиси за осигурување   За 56 отсто е зголемен бројот на претставки поднесени од осигуреници незадоволни од услугите на компаниите од кои купиле полиси за […]

Расте смртниот биланс: Учител и осум деца загинаа во напад во училиште во рускиот град Казан


Најмалку девет лица загинаа во денешниот напад во училиште во рускиот град Казан.  Најмалку еден учител и осум деца загинаа во пукањето, а локални медиуми јавуваат дека се повредени повеќе ученици. Во тек е евакуација на учениците. Претходно беше соопштено дека две непознати лица отвориле оган врз училиште во Казан, по што одекнала експлозија. „Обвинителот […]

ССМ се ребрендира во „Здружение со иста цел“


Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците, информираат од сојузот. Како што стои во соопштението, новото и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваат нивните ангажмани да бидат поефикасни и […]

Младите против радикализацијата во општеството


Неколку граѓански организации иницираат создавање платформа каде што преку едукација на младите ќе се работи на превенција од појава на радикализација. Оваа активност е главна цел на тригодишниот проект „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – (Младите против насилство)”, предводен од Иницијатива за Европска перспектива (ИЕП), во партнерство со организациите Нексус […]

Кредит од 1 милион евра од ЕБОР за Шпаркасе лизинг за поддршка на мали и средни претпријатија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од 1 милион евра за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП). Од ЕБОР денеска во соопштение информираат дека МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во […]

„Прада“ има  нова верзија на бестселер чантата „Галерија“ – ве носи на шопинг во Милано


Италија- За прв пат, Прада започнува кампања фокусирана на чанта и единствен производ: нејзината чанта Галерија. Замислена во 2007 година, чантата има неколку верзии, а Лоренцо Бертели, шеф на маркетинг група „Прада“ и раководител на општествена одговорност на компанијата, изјави за WWD дека верува дека кампањата ќе донесе ново внимание на клучниот производ за кој […]

Пукање и експлозија во училиште во рускиот град Казан


Засега две неименувани лица отвориле оган кон училиште во рускиот град Казан, а во нападот има и жртви, изјави извор за ТАСС. Обвинителството соопшти дека ги проверуваат информациите за вонредната состојба. „Обвинителот на Република Татарстан Илдус Нафиков замина на местото на настанот. Околностите околу инцидентот се испитуваат”, се вели во соопштението на Министерството. Набргу по пукањето, […]

Индија: Рекорден седумдневен просек на новозаразени


Кризата во Ковид-19 во Индија денеска покажа мали знаци на попуштање, но седумдневниот просек на нови случаи е рекордно висок. Седумдневниот просек на нови случаи е рекордно висок, изнесува 390.995, а во последните 24 часа се регистрирани 329.942 случаи, додека бројот на смртни случаи од оваа болест е зголемен за 3.876, според денешните податоци на […]

Заев во прва премиерска посета на Шпанија


Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска попладне заминува за Мадрид, што е прва посета на Кралството Шпанија на премиерско ниво. Заев во Мадрид доаѓа од Брисел каде што вчера имаше средби со претседателката на Европската комисијата Урсула фон дер Лајен и со други високи претставници на Европската унија и […]

Педесетгодишен сон за обединување на Кипар


Преговорите меѓу двете заедници – Грција и Турција – за повторно обединување на поделениот Кипар дојдоа до ќор-сокак од кој во моментов нема излез. Ова го потврди генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш по неуспешниот состанок во Женева, кој неодамна го организираше во формат „пет плус еден“ (делегации на двете етнички заедници од островот, земјите […]

Промоција на „Преобразби“ во македонскиот КИЦ во Софија


Бугарија– Во Културно информативниот центар на РС Македонија во Софија деенска ќе биде промовирана книгата „Преобразби“, која е составена од поетски дела на македонскиот писател Владимир Мартиновски. Ова литературно издание ќе биде претставено пред публиката од страна на издавачот Мартин Христов, од бугарското Издателство „Ерго“, од преведувачот, поетот и ликовниот уметник  Роман Кисјов, кој воедно […]

Коронизацијата на сексуалноста и иднината на општеството


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Пандемијата на многу начини влијае како врз сексуалните потреби така и врз практиките за нивно задоволување. Тоа понатаму се одразува врз брачните, семејните и домаќинските односи и групи   Во годината што измина се прашувавме и размислувавме за бројни аспекти на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Во прв план ни беа здравствените и […]

Студија: Кај нехоспитализираните ризикот е помал од долгорочни последици од Ковид-19


САД– Пациентите со коронавирус кои не се хоспитализирани имаат мал ризик од сериозни, долгорочни ефекти од заразата, но кај нив е забележан поголем број посети на лекари по општа медицина по болеста, покажа студија објавена во списанието „Лансет заразни болести“ (The Lancet Infectious Diseases). Истражување спроведено во Данска покажало дека постои мал ризик од сериозни компликации по […]