Миланска Ла скала повторно отворена


Италија– Оперската куќа Ла скала во Милано синоќа повторно ги отвори вратите, со ограничен број гледачи, откако седум месеци беше затворена поради пандемијата на коронавирусот.

Членовите на оркестарот и хорот под заштитни маски изведуваа арии од опери на Џузепе Верди, Рихард Вагнер и други познати композитори. Тоа го следеа околу 500 гледачи на ложата, додека долниот дел од театарот остана празен.

Концертот го одбележа дебито на норвешката сопрано-певица Лиса Давидсон, а заврши со петминутни овации и бис на аријата „Хорот на Евреите“ од операта „Набуко“ на Верди.

– Ова е нов почеток не само за Ла скала, туку и за цела Италија!, рече уметничкиот директор на операта во Милано, Доминик Мајер.

Концертот ја одбележа и 75-годишнината од повторното отворање на Скала по паузата при бомбардирањето во Втората светска војна.