Во последните 24 часа регистрирани само 25 случаи на Ковид-19
Бројот на регистрирани нови инфекции од корона вирусот се намалува од ден на ден, што е знак дека третиот бран на епидемијата полека стивнува. Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19, објави Министерството за здравство, што изнесува само 2,3 отсто од земените примероци.
Од нив во Скопје има 15, во Куманово 4, а по еден случај во Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница.
Пријавени се 16 починати лица: шест од Скопје (61, 65, 71, 74, 76 и 80), две лица од Тетово (69 и 82) и по 1 починато лице од Битола (85), Охрид (79), Куманово (55), Кавадарци (83), Гостивар (77), Кичево (72), Радовиш (62) и Делчево (72).
Регистрирани се 408 оздравени пациенти:
– Скопје 160
– Прилеп 38
– Струмица 30
– Битола 28
– Охрид 25
– Куманово 15
– Штип и Струга по 13
– Велес, Кавадарци и Кочани по 9
– Свети Николе 8
– Виница 6
– Гевгелија и Неготино по 5
– Тетово, Гостивар и Дојран по 4
– Крива Паланка, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 3
– Кичево, Пробиштип, Крушево и Пехчево по 2
– Радовиш, Делчево и Демир Хисар по 1
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.