Ученици ги создадоа првите Вибер стикери со македонски знаковен јазик


Со цел да се поедностави мрежната комуникација помеѓу младите со оштетен слух и говор, но и да се им доближи знаковниот јазик на сите други корисници на комуникациската мрежа Viber, учениците од државниот центар „Партенија Зографски“ учествуваа во изработка на стикери, кои се комбинација од македонски знаковен јазик и текст. Во рамки на проектот ,,Одговорна […]

ФИТР и ПроКредит банка обезбедуваат полесен пристап за финансирање на иновативните компании


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и ПроКредит банка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со која микро, малите и средните претпријатија ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства. Преку новиот пакет на банката најголем број услуги ќе бидат обезбедени за стартап компаниите. Главната придобивка ќе биде за компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, […]

Продолжува падот на новозаболени во Хрватска, но починаа уште 41 пациент


Продолжува трендот на пад на бројките на новозаболени од корона вирус, рекоа денеска од Штабот на Хрватска. „Во последните пет дена во однос на просекот од минатата недела имаме пад за 37 отсто, што е значителен пад, но не треба со тоа да се занесуваме затоа што бројките на новозаразени се уште се високи, Во […]

Заев и Ципрас: Придобивките од Преспанскиот договор сега ги препознаваат сите


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерите за европски и за економски прашања Никола Димитров и Фатмир Битиќи остварија средба со поранешниот премиер на Грција и актуелен лидер на политичката партија Сириза, Алексис Ципрас во Атина. Заев и Ципрас изразија задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има злоупотреби при субвенционирањето на инвертерите


Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје најави пријава до ДКСК за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, поради сомненија дека ненаменски потрошил над 33 милиони денари народни пари што требало да бидат искористени за исплаќање на субвенции за инвертер клими на домаќинства кои се греат на дрва,нафта или мазут. -Субвенцијата што требаше да […]

Двајца возачи и двајца сопатници повредени во сообраќајка во Ченто


 Двајца возачи и двајца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера во 19:57 часот се случила на крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто“  и „Маџари“ во скопската населба Ченто меѓу две патнички возила и едно товрано возило. Како што информира МВР, во сообраќајна незгода учествувале патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од […]

Умерено облачно време со изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Локално ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. Во Скопје времето […]

Околу 40.000 дози од „Астра зенека“ пристигнуваат денес, утре 100.000 од „Синофарм“


Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија. Од новите дози на „Астра Зенека“, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани […]

Астероид поголем од Кеопсовата пирамида ќе мине крај Земјата


САД– Астероидот „2015 KJ-19“, кој е поголем од Кеопсовата пирамида во висина, ќе се приближи до Земјата денеска, на 14 мај, според официјалната страна на НАСА. Најблиската точка на патеката на вселенското тело се наоѓа на растојание 15 пати поголемо од она меѓу Земјата и Месечината. Тоа го прави астероидот безбеден за нашата планета. Астероидот […]

„Пријатели“ се враќаат на 27 мај


САД– Долгоочекуваниот повторен собир на „Пријатели“ конечно доби термин за првото свое прикажување, по одложувањето на снимањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот. „Пријатели“ беше една од најпопуларните хумористична серија во 1990-тите, а последната сезона заврши 2004 година. Специјалната епизода ќе биде достапна на стрим-сервисот „Ејч-би-оу макс“ од 27 мај. Оригиналната актерска екипа на серијата успеа […]

Слика на Пикасо продадена за 85 милиони евра


САД– „Жената што седи покрај прозорецот“ на Пабло Пикасоко, која претставува портрет на неговата млада љубовница, од 1932 година, беше продадена на аукција во „Кристи“ за повеќе од 103 милиони долари (85 милиони евра). Конечната цена на платното беше 90 милиони долари, но со оглед на сите дополнителни плаќања, идниот сопственик на сликата ќе треба […]

Биенале на млади уметници во МСУ – „Страст за лутање“


Под наслов „Страст за лутање“ на 19 мај започнува 13. Меѓународно биенале на млади уметници, во организација на Музејот на современа уметност во Скопје. Ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници. Селектирани се дела на уметници од Северна Македонија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Србија, Турција, Хрватска, а […]

Премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ во МКЦ


Во МКЦ (кино Фросина) вечерва со почеток од 19:30 и 20:30 часот ќе се одржи премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ во режија на Мирослав Илиќ. – „Прашливи цвеќиња“ (Dust flowers) е дебитантски и самофинансиран краткометражен филм на Мирослав Илиќ. Досега има добиено 2 награди за најдобар краткометражен филм и веќе е во 4 официјални […]

Филипче: Сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено


  Откако во САД веќе не е задолжително носење маски на отворено, па и на затоврено доколку некој е вакциниран и во Македонија се размислува во таа насока. – Тоа што мислам дека ќе следи, но не можам да кажам кога точно временски, е да се тргне обврската да се носи маска на отворено и […]

Филипче: Помлади се вакцинираат затоа што постарите веќе се вакцинирале


  По реакциите на јавноста дека се вакцинираат млади луѓе, а акцент не е ставен на оние со хронични болести, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека тоа се случило само во некои општини. – Во оние општини или пунктови, каде се пријавиле постари и помлади граѓани, а вакцинирани се сите, тоа се случи затоа […]

(Во живо) Изјава на министерот Филипче – средба со поранешни министри за изградба на нов Клинички центар


Денеска се сретнаа поранешни министри за здравство со актуелното раководство каде се разговарало за изградба на новиот клинички центар. Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека се согласиле дека ова прашање долго време се разговара и е актулено, веќе 15 години, а никако да се дојде решение. Тој смета дека сите засегнати чинители треба да […]

Зголемен водостојот на Охридското Езеро


За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 19 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за мај, а пониско е и нивото на […]

Студија: Одложувањето на втората доза на вакцината на Фајзер кај постарите лица резултира со поголеми нивоа на антитела


Вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирус кај постари лица произведува три и пол пати поголема реакција на антитела кога втората доза се одложува до 12 недели по првата, покажа британско истражување. Ова е прва студија која директно го споредува производството на антитела по тринеделен интервал помеѓу две дози, како што е препорачано од Фајзер/Бионтек, и продолжен интервал до 12 недели помеѓу две дози, што […]

„Форбс“ ја објави листата најголеми компании Глобал 2000, во првите десет доминација на фирми од САД и Кина


На првите 10 места на листата на најголеми компании во светот, има пет американски, четири кинески и една компанија од Саудиска Арабија, покажува годинашнавa листа Глобал 2000 на магазинот „Форбс“.  Од 2003 година, магазинот „Форбс“ ја следи работата на најголемите светски компании, мерејќи ги нивните перформанси врз основа на четири критериуми: вредност на активата, пазарната вредност, […]

ГП Богородица работи нормално, а Евзони уште не е отворен


Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица. -Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето […]