Продолжува падот на новозаболени во Хрватска, но починаа уште 41 пациент
Продолжува трендот на пад на бројките на новозаболени од корона вирус, рекоа денеска од Штабот на Хрватска.
„Во последните пет дена во однос на просекот од минатата недела имаме пад за 37 отсто, што е значителен пад, но не треба со тоа да се занесуваме затоа што бројките на новозаразени се уште се високи, Во ЕУ сме на 22 место од 27 земји, но треба да имаме предвид дека кај нас третиот бран почна нешто подоцна. Ако се сеќавате на оние семафори на ЕК, сите наши жупании се во црвено, но Истра наскоро може да премине во портокалово, а овие северните се во темноцрвено. Очекувам да одиме на подобро затоа што повеќемина се вакцинираа. Со една доза се вакцинирани 980.000“, рече Каиќ член на Штабот.
„ДОсега имаме повеќе од 3.000 пријави на нуспојави, повеќето од „Фајзер“ затоа што таа вакцина најмногу се употребува. На „Модерна“ имаме 244 пријави за нуспојави. Од сите пријави 19 се сметаат сериозни, другите се благи“, додаде тој.
Во Хрватска, во последните 24 часа се забележани 926 нови зарази, а активни се 7.214.
Од нив 1.752 се на болничко лекување, а 207 на респиратор. Починаа уште 41 пациент или вкупно досега 7.664.
Во Хрватска се забележани вкупно 349.084 заразени, а оздравеа 334.206.
Тестирани се вкупно 1.912.994 од кои 6.587 во последното деноноќие.
Со прва доза се вакцинирани 29,2% од населението.