Силва и Вархеи утре во Софија и Скопје ќе понудат пакет за решение


Европската двојка утре претпладне прво ќе разговара со челниците во Софија, а попладнето со македонските раководители во Скопје   Португалскиот шеф на дипломатијата, Аугусто Силва, и еврокомесарот за проширување утре во шатл дипломатија треба да ги приближат ставовите на Скопје и Софија околу бугарската блокада за да може во јуни да се донесе одлука за […]

Буфон го освои својот последен трофеј со Јувентус


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон синоќа со својот тим го освои Купот на Италија. Во финалето Јуве ја совлада Аталанта (2:1). Четириесет и тригодишниот голман го одигра целиот натпревар. За Буфон ова е последен трофеј со „старата дама“. Тој претходно најави дека ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната. Тимот веќе ги загуби шансите […]

Топилница Велес еколошка бомба – по вчерашната експлозија инспекторите на терен


Државниот инспекторат за животна средина информира дека направил итен увид во кругот на поранешната Топилница во Велес, откако по силната експлозија на 19 мај изби пожар. -Топилницата е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на Метрудхем. Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот […]

Јанез Јанша се соочува со импичмент пред претседателството со ЕУ


Словенечкиот премиер нема мнозинство во парламентот, ниту пак опозицијата така што е неизвесно како ќе заврши гласањето. Протестите во Љубљана против владеењето на Јанша траат веќе еден месец   На помалку од два месеци пред Словенија да го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ, конзервативниот премиер Јанез Јанша се бори со пожари дома и во странство […]

Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност


Унапредувањето на соработката помеѓу Владата и развојните агенции на Германија и Франција во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност, беше тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија Ото […]

ЕУ склучи трет договор со „Фајзер“ за дополнителни 1,8 милијарда дози


Белгија– Европската Комисија соопшти утрово дека е склучен нов договор со фармаевтската компанија „Фајзер“ за дополнителни 1,8 милијарда дози вакцини до 2023 година, јави дописничката на МИА од Брисел.   Ова е трет договор на Европската унија со „Фајзер“/„БиоНТек“. Освен резервираните 1,8 милијарда дози, договорот предвидува опционални 900 милиони дози по потреба, од крајот на […]

Принцот Вилијам се вакцинираше против Ковид-19


Англија– Војводата од Кембриџ ја прими вакцината против Ковид во локалната болница во Кесингтон.  Споделувајќи слика на официјалниот профил на семејството на Твитер, тој рече: „Во вторникот ја примив првата доза на вакцина Ковид-19. „На сите оние кои работат на ширење на вакцините – благодарам за сè што сте направиле и продолжувате да правите“.  Не […]

Шилегов: Околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема за пожарникарите


Ќе продолжиме да вложуваме во опрема и човечки потенцијал, бидејќи за безбедноста на скопјани и безбедноста на вработените во пожарната се императив. Тоа го порача градоначалникот  на Скопје Петре Шилегов  кој денеска по повод Денот на пожарникарството, ја посети Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда. -Јас како градоначалник вложувам многу во човечкиот, но и […]

Утре ветровито и посвежо, од сабота значително потопло


Управата за хидрометеорлошки работи за утре најавува ветровито и уште посвежо време со засилен северозападен и северен ветер, особено изразен вдолж поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер. Според прогнозата на УХМР, најниската […]

Ангеловски го објави списокот со фудбалери кои ќе одат на ЕП


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денес го објави списокот со играчи кои ќе патуваат на претстојното Европско првенство. На списокот на Ангеловски се најдоа следниве 26 фудбалери: Голмани: Столе Димитриоски, Дамјан Шишковски и Ристе Јанков. Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски и Езџан Алиоски. Среден ред: […]

Свесноста за селекцијата и рециклирањето на отпадот не може да се купи со пари


Во европските земји треба да платите за да депонирате отпадно стакло до рециклаторот, а кај нас компаниите за рециклирање нудат да платат за овој селектиран отпад. И покрај тоа, нема доволно интерес за селекција на отпадот. Овој пример го наведуваат од компанијата АКРОН ДОО, која што се занимава со третман на отпадно стакло во земјава, […]

МЗ: Вчера се аплицирани 12.211 вакцини, а ревакцина примиле 36.366 граѓани


На вакциналните пунктови, во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани вкупно 12.211 лица, од кои прва доза вакцина против ковид-19 примиле 9.711 граѓани. „Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани“, соопштија од […]

Заев го прашал Борисов: Како тоа – сите настанале од Адам и Ева, само Македонците од Бугарите?


Зоран Заев се обидел на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов да му ја долови апсурдноста на ставот на Софија внесувајќи библиски мотиви. „ Кога сум разговарал со Бојко Борисов и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарав: ‘По науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од […]

Од сабота прскање против комарци во Скопје


 На 22 мај, сабота, ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24 мај терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци, соопшти Град Скопје. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 22 и на 23 мај 2021, во раните […]

Заев: Развиваме огромни енергетски проекти со соседна Грција, тоа се важни геостратешки приоритети


Целиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата генерално и ние сме посветени на овие приоритети, порача денеска премиерот Зоран Заев. Во денешното утринско интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека при неодамнешната посета на Грција во фокусот на средбите биле поддршката на […]

Салма Хајек преживеа тешка форма на Ковид-19


САД – Познатата холивудска глумица Салма Хајек откри дека била на работ на смртта од коронавирусот, и оти „лекарите ја замолиле да оди в болница затоа што била многу болна“, а таа не ги послушала. Во својот прв есеј за „Њујорк тајмс“, Хајек пишува и за малтретирањето од страна на продуцентот Харви Вајнстин, кој, според […]

Второ полуфинале на Евросонг: Србија и Албанија ќе пеат за финале


Србија и Албанија како претставници од регионот настапуваат вечерва (21 ч.) , од 17 учесници, на второто полуфинале на Евросонг кој во неделата беше свечено отворен во Ротердам. Вечерва за влез во финалето се борат и претставниците на Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд,  Грузија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, […]

Мијалков останува во притвор, судот ја одби гаранцијата од 11 милиони евра


Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од речиси 11 милиони евра. Предлогот е одбиен и покрај позитивното мсилење од Обвинителството за прифаќање на понудената гаранција за пуштање на […]

Заев: Промените во СДСМ носат нова енергија


СДСМ се менува, се подмладува и мислиме дека тоа носи прогресивност, тоа носи енергија во работата, не дозволуваме да се замрзнеме односно да се оддалечиме од реалноста со тоа што сме со чест и одговорност да ја водиме извршната власт и затоа вака динамични и кадровски и политички нови се случуваат во СДСМ, изјави утрово […]