Брегзит може повторно да го потпали конфликтот во Северна Ирска


Новата трговска граница меѓу ЕУ и Велика Британија, која се појави по Брегзит во Ирското Море, кај Северноирците создава чувство на изолација, а тоа, пак, може повторно да го разгори речиси заборавениот конфликт, предвидува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Опасноста од ескалација расте. Во главниот град Белфаст криминалците ја гаѓаа полицијата со камења, петарди и молотови коктели, […]

Пукање во училиште во Ноксвил, едно лице убиено


САД– Едно лице е убиено, а еден полицаец е ранет во инцидент со пукање во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, соопшти полицијата.   Полицајците излегле на терен по дојава за вооружен маж во училиштето.   Полицијата соопшти дека нема други повредени лица, додавајќи дека местото на несреќата е обезбедено.   Властите не наведуваат други детали […]

Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип


Англија – Би-Би-Си добил 100.000 жалби од гледачите за известувањето по повод смртта на војводата од Единбург. Корпорацијата во петокот веднаш го расчисти дневниот програмски распоред откако беше објавена веста дека принцот Филип почина на 99-годишна возраст. Сапунската опера „Истендерс“ и финалето на натпреварувачкото шоу „MasterChef“ беа  заменети со вести, додека програмата на каналот Би-Би-Си 4 […]

Лорен и Дејвид Лорен го добија третиот син


САД– Лорен и Дејвид Лорен го поздравија својот трет син. Наречен Роберт Роки Лорен, тој е роден во саботата во Њујорк. И мајката и бебето се чувствуваат добро. Според објавата на Дејвид Лорен на Инстаграм, тие одлучија да го наречат Роки „како ода на прекрасните Карпести планини каде што се венчавме, место што двајцата го […]

Земјите од Г7 загрижени за трупањето руски сили на границата со Украина


САД – Земјите од Г7 вчера соопштија дека се длабоко загрижени за трупањето на руските сили на границата со Украина и анектираниот регион Крим, јави ДПА. Неодамнешните извештаи за руската воена активност во и околу Украина, како и кршењето на примирјето, предизвикаа меѓународна загриженост за повторно ескалирање на седумгодишниот конфликт меѓу двете земји, додаде германската агенција. […]

Експерти на ЕМА во Москва ја проценуваат вакцината „Спутник В“


Русија – Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината „Спутник В“ против Ковид-19, објавија денеска руските медиуми, наведувајќи дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети. Претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетија две клиники каде што се […]

Пресуда за „Трезор“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на […]

Направен исчекор во обидите за одблокирање на Собранието


Направен е исчекор околу законот за државјанство на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерите на опозициската коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците Африм Гаши и Зијадин Села. Тој исчекор, како што оцени вчера премиерот би значел и можност за одблокирање на законите во Собранието, пред се од петтиот пакет мерки за помош на бизнисите […]

Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26.000 граѓани, расте интересот за вакцинирање


Вакцина против Ковид-19 досега примиле 26.014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25 000 граѓани се вакцинирани во […]

Бугарија може да ја повлече од употреба вакцината „АстраЗенека“


Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, изјави дека вакцината „Астра Зенека“ ќе биде повлечена доколку интересот за неа во земјата целосно се намали. Дописникот на МИА од Софија пренесува дека Ангелов соопшти дека вакцините на оваа компанија ќе се чуваат во фрижидерите на компанијата „Булбио“ или во регионалните здравствени дирекции во Бугарија. „Согласно договорите што […]

Почнува рамазанскиот пост


Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 12 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 […]

Стопанска банка со добивка од 9,2 милиони евра во првите три месеци годинава


Стопанска банка АД – Скопје во првите три месеци од годинава оствари добивка пред оданочување во износ од 566.310.000 денари, или околу 9,2 милиони евра, покажува неревидираниот биланс на банката доставен до Македонската берза. Во споредба со истиот период од претходната година, односно пред КОВИД-19, се забележува намалување од 7 отсто, што е последица на пандемијата […]

Ердоган: Турската поддршка на Либија спречи пад на Триполи, нови крвопролевања и овозможи примирје


Турската поддршка на Либија спречи пад на главниот град Триполи, спречи нови крвопролевања и овозможи примирје, изјави во Анкара по состанокот со либискиот премиер Абдул Хамид Дбеибех, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија. – Поддршката која и ја пруживме на Либија во рамките на потпишаниот договор во областа на безбедноста и воената соработка […]

ЕУ ѝ порача на Црна Гора: Сами отплаќајте го кредитот од Кина


Унијата го одби барањето на владата во Подгорица да помогне во отплаќањето на кредитот од една милијарда долари за екстремно скапиот автопат   Брисел во понеделникот го одби повикот на владата на Црна Гора да помогне во финансирање на кинескиот заем од една милијарда американски долари за недовршен проект за автопатот што ја внесе земјата […]

Филипче: Со кинескиот амбасадор Ѕуо разговаравме да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини од „Синофарм“


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо. -На средбата разговаравме за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да […]

Прва фотографија со изгледот на зградите кај „Холидеј Ин“


Изгледот на зградите кај хотелот „Холидеј Ин“ за прв пат беше презентиран преку фотографија во „Топ Тема“ на Телма. Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе. Граѓаните претходно почнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот „Холидеј […]

Словенија дозволи вакцинација за сите со „АстраЗенека“


  Словенија ќе ги укине ограничувањата за вакцинација со „АстраЗенека“ па со нив во иднина ќе може да се вакцинираат сите, без оглед на возраста и полот, освен ако се работи за посебно осетлива група хронични болни, според предлогот кој до владата го дале стручњаци од нејзиниот научен совет за корона вирус. Како што пренесе […]

Битиќи: Директна финансика поддршка за „ивент“ индустријата за организирање настани од јавен интерес


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека Владата обезбедила средства за организација на поголем број настани од јавен интерес, за чија реализација би можело да бидат ангажирани компании од таканаречената „ивент“ индустрија со што би им се помогнало да го пребродат периодот кога се организираат помалку настани поради пандемијата. Овие компании, вели Битиќи, […]

(Видео) Голем пожар во руска фабрика, загина пожарникар


  Голем пожар во кој загина еден пожарникар, а двајца се тешко повредени, продолжи да се шири на подрачјето на историската фабика во Санкт Петерсбург, некогашна царска престолнина. Околностите околу избувнувањето на пожарот се непознати и пожарникарите продолжуваат да се борат со огнената стихија, која се гледа од историското средиште на Санкт Петерсбург и зафаќа […]