(Видео) Голем пожар во руска фабрика, загина пожарникар


 

Голем пожар во кој загина еден пожарникар, а двајца се тешко повредени, продолжи да се шири на подрачјето на историската фабика во Санкт Петерсбург, некогашна царска престолнина.

Околностите околу избувнувањето на пожарот се непознати и пожарникарите продолжуваат да се борат со огнената стихија, која се гледа од историското средиште на Санкт Петерсбург и зафаќа повече од 10.000 квадратни метри.

Еден пожарникар загина при гасењето, а двајца се потешко повредени, пренесе Франс прес. Огнот и понатаму е силен и ги голта околните стебла, а во гасењето учествуваат 350 пожарникари. Руското министерство наведе дека 40 луѓе се евакуирани од фабирката. Истражниот одбор покрена истрага поради немарност кој доведе до смрт.

Утврдени се бројни неправилности

Според државната новинска агенција Тасс, во текот на инспекцијата во февруари и во март утврдени се бројни неправилности, посебно недостаток на алармни уреди и автоматско гасење. Манифактурата „Невски“ , голем комплекс од цигло кој во 19 век наредил да се изгради англиски индустријалец. долго беше една од најголемите текстилни фабрики во СССР. ДО денеска остана делумно индустриски погон. Еден дел е напуштен, а еден дел е изнајмен како трговски простор.

Експлозиите и пожарите се релативно чести во Русија поради застарената инфраструктура и непочитувањето на безбедносните норми. Во декември 11 лица загинаа во дом за стари лица н подрачјето на Урал.