Словенија дозволи вакцинација за сите со „АстраЗенека“


 

Словенија ќе ги укине ограничувањата за вакцинација со „АстраЗенека“ па со нив во иднина ќе може да се вакцинираат сите, без оглед на возраста и полот, освен ако се работи за посебно осетлива група хронични болни, според предлогот кој до владата го дале стручњаци од нејзиниот научен совет за корона вирус.

Како што пренесе Словенечката телевизија, тие тој предлог го темелат врз препораките на Евриоската агенција за лекови ЕМА која минатата недела по алнализите повторно утврди дека вакцината е сигурна и делотворна, дека користа од вакцинирањето далеку ги надминува можните ризици и дека примената на таа вакцина може да продолжи покрај појавата на ретките случаи со згрутчување на крвта.

Некои земји ги задржаа ограничувањата

Некои членки на ЕУ и по резултатите од анализите на европскиот регулатор ги задржаа или воведоа ограничувањата за некои возрасни групи кои може да се вакцинираат, додека Словенија во последните недели оваа вакцина ја користеше за имунизација за на популацијата од 60 до 65 години.

Во иднина, вакцината на „АстраЗенека“ во Словенија ќе може да се користи за сите возрасни групи освен за ризичните болни, а они кои ќе ја одбијат вакцината кога ќе им дојде ред ќе мора подолго да чекаат, односно да застанат на крајот на редот, јавуваат словенечките медиуми.