Клуге: Ситуацијата во Европа е сериозна, бројот на смртни случаи надмина еден милион


Швајцарија – Регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, денеска потврди дека минатата недела бројот на смртни случаи од последиците на коронавирусот во Европа надмина еден милион, пренесе агенцијата Анадолија. -Ситуацијата во нашиот регион е сериозна. Секоја недела се регистрираат околу 1,6 милиони нови случаи, што значи бројка од 9.500 инфицирани на […]

Груби: Процесот на прераспределба на админстративците оди по планот, нема отпор за нивно примање


Досега околу 650 прераспоредени административци започнаа со работа на нивните нови работни места, а за околу 500 во тек е процесот на реализација на распределбата изјави денеска првиот вицепремиер и министер за полиитчки систем Артан Груби при денешната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце. – Многу сме задоволни и Владата и јас. […]

Речиси 3.000 новозаразени во Србија, починаа 35


  Во Србија денеска регистрирани се 2.971 случаи со корона вирус. Од ковид-19 починаа 35 заболени. Направени биле 14.565 тестови. Во болница се лекуваат 7.341 пациенти, додека на респиратор се 259. Досега во Србија се регистрирани 654.870‬ случаи со корона вирус, а битката со вирусот ја изгубија 5.881 пациент.

Уште 2.927 нови случаи во Хрватска, починаа 43


  Во последните 24 часа забележани се 2.927 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 15.307. Од нив 1.988 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 179 пациенти. Почина ауште 43 пациенти/ Од почетокот на епидемијата забележани се 300.900 заразени со корона вирус, а починаа 6.442. Оздравеа 279.151. До денеска тестирани […]

Во Босна и Херцеговина повторно раст на новозаразени, починаа 60 пациенти со Ковид-19


Во Босна и Херцеговина забележан езголемен број нови случаи на зараза со корона вирус во споредба со претходните три дена, затоа што се пријавени повеќе од 1.300 новозаразени, а 60 луѓе заболени со Ковид-19 починаа. Тестирани биле околу 3.500 примероци, а заразата е потврдена кај 1.343 случаи. Во средата имаше малку повеќе од 700 новозаразени, […]

Поповолни очекувањата за производство и порачки во преработувачката индустрија


Поповолни се очекувањата во преработувачката индустрија за порачки во март 2021 година, во однос на претходиот месец, поповолни очекувања има и за обемот на производство во наредните три месеци, но намалени се залихите на готови производи.  Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2021 година […]

Жителите на Ново Маало сметаат дека заслужуваат да живеат во урбана средина


Жителите на населбата Ново Маало, која се наоѓа во Општина Центар денеска повторно излегоа да го поддржат проектот што е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј ин“, во инвестиција на „МГ Фешн“. Жителите не ја поддржуваат петицијата против изградба на висококатниците спроти „Холидеј ин“, што граѓаните ја започнаа и велат дека кога проектот […]

Бочварски: Општината Центар денеска треба да донесе одлука дали ќе бара суспензија на ДУП-от


Деталните урбанистички планови ги креираат општините, тие се на некој начин во сопственост на општините, а Министерството за транспорт и врски е само контрола, така што одлуката е на Општина Центар, која треба да ја донесе денеска на седница на Советот и да ја достави до Министерството, дали ќе бара суспензија. Ова го изјави министерот […]

Данска вакцините на Астра Зенека ќе ги дистрибуира на посиромашните земји


Данска размислува да ги дистрибуира вакцините против Ковид-19 на Астра Зенека на посиромашните земји откако ја стопира употребата поради загриженост за формирање на појава на тромози, изјави денеска директорот на Светска здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. Данска е првата земја што ја прекина употребата на вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека, додека европските власти […]

Се повеќе мажи жртви на семејно насилство поради напади на другите машки роднини


Во изминатите два дена по неколку пријави за семејно насилство се евидентирани во тетовската полиција,  а карактеристично е што кај поголемиот дел и сторители и жртви се машките лица. Вчера во Џепчиште 27 годишен син го пријавил таткото дека го нападнал, а 44 годишник од Челопек го пријавил стрикото. Претходниот ден 27 годишник од Тетово е […]

САД протераа руски дипломати и воведоа нови санкции


Администрацијата на Бајден нареди протерување на 10 руски дипломати и санкции против речиси триесетина луѓе и компании   ВАШИНГТОН – Администрацијата на Џо Бајден во четвртокот објави протерување на 10 руски дипломати и санкции против речиси триесетина луѓе и компании, бидејќи го смета Кремљ одговорен за мешање во минатогодишните претседателски избори и хакирање на федералните […]

Дали постои поврзаност помеѓу векторските вакцини и појавата на тромбози?


Прво со вакцината на АстраЗенека дојде до појава на тромбози, сега слични појави се забележани по примање на вакцината на Џонсон и Џонсон. Дали тоа е поврзано со начинот на кој дејствуваат векторските вакцини? Појавата на тромбози на венски синус (церебрална венска тромбоза) што во изминатите месеци беше забележана особено кај млади луѓе по примање на […]

Груби: Интензивно се работи на патот Скопје-Блаце


Интензивно се работи на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце, а јавното претпријатие за државни патишта веќе работи на проектирањето на втората делница во должина од 10,5 километри, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот […]

ЕУ нити го потврдува, нити демантира или коментира наводниот нон-пејпер на Јанша


 И покрај неколкудневните инсистирања од новинарите во регионот и од ЕУ кај прес службата на претседателот на Европскиот Совет за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша во кој се планира поделба на Босна и Херцеговина и создавање голема Србија и голема Албанија, нема никаква реакција од Шарл Мишел. Документот денеска го објави словенечки медиум […]

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 29 април


 Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 29 април, откако на денешното рочиште беа сослушани бизнисмените Адријан Амзовски и Ресул Лога. На следното рочиште треба да биде сослушан бизнисменот Силјан Мицевски, кој е последен од сведоците предложени од Обвинителството. Претходно, на денешното рочиште […]

Велешки „Благој Ѓорев“ ќе ја продава Стоковната куќа „26 Јули“ во Скопје


Објектот на Стоковната куќа „26 Јули“ во Скопје, во близина на Бит пазар, ќе оди на продажба. Ова е предлог одлука на прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес за Собранието на акционери што е закажано за 14 мај годинава. Во неа покрај овој некогаш многу популарен објект во Скопје (кој сега се користи за изнајмување […]

Собол: Осудена сум на една година општествено корисна работа


Љубов Собол, блиската соработничка на затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални, денеска на својот профил на Твитер напиша дека е осудена на една година општествено корисна работа поради насилен упад во приватна сопственост. Британските медиуми пренесуваат дека станува збор за инцидент од декември минатата година. Судскиот процес против Собол се одвива во, како што наведуваат британските […]

Урсула фон дер Лајен ја прими првата доза вакцина


Претседателката на Европската Комисија попладнево преку Твитер информираше дека денеска ја примила првата доза на вакцина против Ковид-19. -Откако ја надминавме стапката на сто милиони вакцинации во ЕУ, многу сум среќна што ја добив првата доза против Ковид-19 денеска. Вакцинацијата и натаму ќе се забрза затоа што испораките се забрзуваат. Што побргу се вакцинираме толку […]

Во февруари издадени за 39,5 отсто повеќе одобренија за градба


Во февруари годинава се издадени 346 одобренија за градење, што е за 39,5 отсто повеќе во однос на тој месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.586.656 илјади денари, што е за 50,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. […]

Австрија нема разбирање за блокадата од Бугарија


Министерката за Европа, Каролине Едштадлер, по средбата со Никола Димитров, изјави дека Австрија предложила Виеан да биде неутрално место каде што ќе бидат продолжени македонско-бугарските разговори но тоа не било прифатено   Со секое одложување на првата меѓувладина конференција сите ќе бидеме губитници  и преговарачката рамка треба да се усвои за време на португалското претседателство. […]