Трките „Прв до врв“ во предвидениот термин на 16 мај


По вчерашното олеснување на здравствените мерки со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје соопшти дека на 16 мај на Водно ќе има трки во предвидените термини. – Трките на Водно ќе се реализираат со почитување на мерките за држење дистанца и носење маска. Наместо […]

Амбалажа за вакцини против Ковид-19 ќе се произведува во Македонија


Потпретседателот на „Гересхајмер“ изјави дека компанијата има многу амбициозни планови за нејзините погони во Македонија. По првата фаза каде се вложени 30 милиони евра и околу 350 вработувања започна, треба да следи одлука за проширување на производствениот капацитет, кој според најавите треба да биде досега најголема инвестиција во Македонија. Доколку се реализира во близина на […]

Нема ширење на заразата на експерименталниот концерт во Шпанија


Научниците во Шпанија не пронајдоа доказ за зголемено ширење на заразата со корона вирус меѓу луѓето кои минатиот месец учествуваа на голем експериментален концерт. Шест лица се заразиле со корона вирус по 14 дена од концертот во Барселона, но инциденцата е помала од онаа кај општата популација, пишува Би-би-си. Околу 5.000 луѓе учествуваа во експериментот […]

Партијата на Слави Трифонов го доби и веднаш го врати мандатот за влада


„Не е нормално да формираме непринципиелни коалиции, затоа го враќаме мандатот за формирање влада, господине претседател. Со овие зборови, поранешниот светски шампион во шах и сегашен пратеник од партијата Има таков народ Антоанета Стефанова го доби и веднаш го врати мандатот на шефот на државата. Претседателот Румен Радев ја истакна потребата од формирање стабилна влада […]

Наследниците на „Самсунг“ мора да платат 10,8 милијарди долари данок на наследство


Јужна Кореја– Над 10,8 милијарди долари за данок за наследство треба да платат наследниците на Ли Кун Хи, претседател на телекомуникацискиот гигант Самсунг, кој почина во октомври, јавија локалните медиуми. Семејството на Ли преку Самсунг електроникс соопшти дека даноците на наследство ќе изнесуваат повеќе од половина од вредноста на вкупниот имот на починатиот, додавајќи дека вкупниот […]

Пад на серверите на Плејстејшн на светско ниво


САД– Серверите на Плејстејшн синоќа доживеаја крах на светско ниво. При тоа, корисниците на ПС-4 И ПС-5 не можеле да се регистрираат со својот профил, а со тоа ниту „да покренат игри, аликации, ниту мрежни додатоци“, како што гласеше пораката што ја добиле гејмерите. Последните податоци говорат дека проблемот е решен. Некаде овој период од […]

СЗО: Речиси 5,7 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот минатата недела


Швајцарија– Речиси 5,7 милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани ширум светот во изминатите седум дена, што е за осум проценти повеќе од претходната недела, соопшти Светската здравствена организација. Стапката на смртност исто така се зголеми за пет проценти, и регистрирани се 87.000 смртни случаи од Ковид-19. – На глобално ниво, бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголеми деветта недела по ред, […]

Фридом хаус: Бугарија 10 години продолжува да се лизга кон „хибриден режим“


Проблеми со функционирањето на судството се причина што оваа година демократијата во Бугарија продолжува да се лизга кон „хибриден режим“, што постепено се забележува со неколку исклучоци во една деценија. Многу од проблемите на таа држава се забележуваат и во повеќето други земји во регионот. Тие заклучоци произлегуваат од проценката на Бугарија во годишниот извештај […]

Проверка на факти: Митови за вакцините против корона


На Интернет се шират бројни тврдења за штетноста на некои вакцини против Ковид-19, од опасност од промена на човечката генетска структура до предизвикување неплодност. Што велат експертите? Дали вакцината базирана на mRNA може да ја промени човечката ДНК? Планот за градење на човечкото тело се чува во деоксирибонуклеинската киселина (ДНК). Кај некои вируси, како што […]

Промоција на реиздадениот роман „Зора зад аголот“ на Димитар Солев


„Арс Ламина – публикации“ на својата фејсбук-страница вечер од 19 часот ќе ги промовира реобјавените дела на Димитар Солев – „Зора зад аголот“ и „Кратката пролет на Моно Самоников“, кои неодамна  во нов дизајн излегоа во едицијата „Македонски книжевни класици“ на оваа издавачка куќа. По тој повод ќе биде организиран онлајн-разговор со писателот Александар Прокопиев […]

Борел: Западен Балкан ќе добие 651.000 вакцини на Фајзер


Белгија- Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија Жеозеп Борел потврди дека Западен Балкан ќе добие 651.000 дози од вакцината против Ковид-19 на Фајзер, од кои најмногу дози – 214.000, ќе добие Босна и Херцеговина. Станува збор за набавка на вакцини преку Европската комисија, а под координација на […]

Претседателот Пендаровски на средба со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг


Претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на дводневната работна посета во Брисел, денеска ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Како што е најавено од Кабинетот на Пендаровски, почетокот на средбата е предвиден во 12:45 часот, по што во 13:15 часот ќе следи заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и генералниот секретар […]

Полициски час од 21 часот, граѓаните да ги почитуваат заштитните мерки посебно за празниците


Од денеска стапува во сила новата препорака на Комисијата за заразни болести. Забраната за движење ќе почнува еден час подоцна, во 21:00, но нема да важи за претстојните празници, Велигден и Рамазан, ноќта меѓу 1 – 2 мај и меѓу 13 – 14 мај. Според Министерството за здравство, бранот полека стивнува, се помал е бројот […]

Пендаровски во Брисел со силна поддршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ,


Земјата е подготвена веднаш повторно да седне на преговарачка маса со Бугарија за да се надмине билатералниот спор и да се отвори патот кон ЕУ.  Да разговараме за сите отворени прашања, се разбира, со оние огради или т.н. црвени линии кои сме ги истакнувале и за кои не очекуваме воопшто дека ќе бидат на преговарачка […]

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот


Угостителските објекти од денеска ќе можат да ги отворат терасите и да работат до 20:30 часот. Од денеска престанува да важи и забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип. Забраната за организирање свадби, родендени и крштевки останува, а продолжува да важи и забраната за […]

Преку ден сончево, попладне нестабилно


Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје […]

Вашингтон очекува преговорите меѓу Македонија и ЕУ да почнат во јуни


Соединетите Држави изразија целосна поддршка и ветија дека ќе им помогнат на напорите на земјите од Западен Балкан да се приклучат на Европската унија, откако неофицијалната дипломатска нота за промена на границите во регионот предизвика страв од обновување на етничките тензии во регионот. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, во изјавата од понеделникот рече […]

Хашим Тачи од ќелијата во Хаг му ја честиташе победата на Еди Рама


Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за победата на Социјалистичката партија на изборите на 25 април. Тој ја испрати честитката од ќелијата за притвор во Хаг. Тачи му се обраќа на Рама како „брат Еди“. „Денес, Албанија победи! Денес, Албанците се добро. Грижи се за Албанија, брате, и […]

Од утре престанува забраната за одржување семинари, обуки, работилници, курсеви


Од утре, 28 април, престанува да важи забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, соопшти Владата. На денешната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19. […]

Предлог-законот за учебници усогласен со препораките на ЕК, текстот утврден на владина седница


Владата денеска на седница го утврди текстот на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, во кој се опфатени и стратешките документи и препораки на Европската комисија кои се однесуваат на образованието и дигитализацијата.   Владината прес-служба соопшти дека при изготвување на новото законско решение се  земени предвид […]