Пад на серверите на Плејстејшн на светско ниво


САД– Серверите на Плејстејшн синоќа доживеаја крах на светско ниво. При тоа, корисниците на ПС-4 И ПС-5 не можеле да се регистрираат со својот профил, а со тоа ниту „да покренат игри, аликации, ниту мрежни додатоци“, како што гласеше пораката што ја добиле гејмерите.

Последните податоци говорат дека проблемот е решен.

Некаде овој период од годината, и пред 10 години – 2011., се случи голем прекин на мрежата на Плејстејшн. Тоа ги блокираше услугите цели 23 дена.

Причината за падот сѐ уште не се знае.