Фридом хаус за Бугарија: Опасна реторика заради политичка придобивка


Бугарското националистичко размислување ги блокираше преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, се нотира во најновиот извештај на Фридом хаус „Земји во транзиција 2021 година“, кој годинава е објавен под наслов „Антидемократски пресврт“. Во него се посочува дека изминатиот период имало „чести случаи на политичари кои инструментализираа опасна реторика за политичка добивка – […]

Со помош на специјални нуркачи откриени над 46 килограми кокаин во брод што од Бразил стигнал во Грција


Грчката крајбрежна служба откри и заплени 46 килограми и 710 грама кокаин во товарен брод што пловел под знаме од Маршалските острови, а од Бразил пристигнал во Коринт и уапсени се 23 членови на екипажот за поседување и трговија на дрога, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, информацијата […]

Сменет претставникот на Владата во „Еурокомпозит“, дадени насоки за продажба или реструктуирање


На последната владина седница е сменет претставникот на Владата во акционерското собрание на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“ и се дадени насоки дека ќе треба да се почнат постапки за  процес на реструктуирање, односно подготовка за евентуална продажба или репрограмирање и реструктуирање, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На новинарско прашање какво […]

Бруклин е првиот тим од Источната конференција што влезе во плејофот


Бруклин нетс стана првиот тим во Источната конференција кој обезбеди место во плејофот на НБА-лигата. Дваесет и двата поена на Џеф Грин им помогнаа на Нетс ноќеска да го совладаат Торонто репторс со 116:103. Оваа победа, како и поразите на Бостон и Шарлот беа доволни Бруклин прв од Истокот да обезбеди место во разигрувањето за […]

МОН апелира до иницијаторите на бојкот: Таква одлука ќе значи директна штета за учениците


 Оваа одлука и постапка ќе значи директна штета  на воспитно-образовниот процес на младите и тоа не треба да го дозволат, соопшти Министерството за образование и наука,  реагирајќи на прес-конференцијата на групата родители кои се против дигиталните учебници и најавија дека од утре ќе повикаат  на бојкот на наставата. Министерството апелира до граѓаните кои се дел […]

Со „Стартапувај 3“ два милиони евра за поддршка на проекти, може да аплицира и тим до пет физички лица


Финансиска поддршка од два милиони евра за македонскиот старт ап еко систем се на располагање со третиот јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стар-ап и спин-оф „Стартапувај 3“ што го објави денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и ќе биде отворен до 12 јуни годинава. – Поддршката е наменета за […]

Николовски: Пауновски е разрешен согласно законот и етичкиот кодекс, в.д. директор на ДПИ наредните денови


Разрешувањето на Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, соопшти денеска вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. Според Николовски, во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, се уште не […]

ДИЖС: По испуштањето обоени отпадни води, извршен надзор над „Пејпар Мил“


По рестартирањето на „Пејпар Мил“, обоени отпадни води се испуштаат во отворен канал што потоа се влива во Оризарска Река. А водата од реката, заедно со водите од хидроакумулациите Калиманци и Градче, се користи за наводнување на оризовите полиња. – Државен инспектор за животна средина завчера (26 април) излезе на терен и утврди дека отпадните […]

ЕП го изгласа трговски трговскиот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија


Со 660 гласови „за“, пет „против“ и 32 воздржани европратениците вчера го изгласаа трговскиот договор помеѓу Велика Британија и Европска Унија по Брегзит, со што е отстранета последната бариера за ратификација на Договорот. Со одлуката на ЕП завршуваат четиригодишните преговори за излегување на Велика Британија од ЕУ. Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен […]

ССМ бара Ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон. Според ССМ, потребна […]

Првата доза од вакцината против Ковид-19 ја примиле 88 пратеници


Вакцинирани против Ковид-19 се 88 пратеници од Собранието на Република Северна Македонија и околу 200 вработени во собраниските служби, соопшти денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери. Втората доза од вакцината на Спутник В, пратениците треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно. Останатите пратеници и вработени во службите во консултација […]

Демократијата се подобрува во Македонија, оцени „Фридом хаус“


Македонија заедно со Узбекистан се издвоени како две држави во транзиција со најголем демократски напредок изминатава година според извештајот на „Фридом хаус“ за 2021 за состојбата на демократијата во земјите во транзиција. Со подобрување од 0,07 поени во демократското владеење и изборниот процес, Македонија има втор најдобар резултат од вкупно 29 земји кои се анализираат […]

Нови униформи, зимски и летни, за Шумската полиција


 По 12 години Шумската полиција добива нови униформи и чизми, се потпиша Колективниот договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во Шумската полиција и првпат се регулира правото за добивање додаток од 30 отсто. Ова се работи кои со години беа само на хартија и декларативно се промовираа, но сега […]

Полициска акција во Арачиново се апсат дилери на дрога и оружје


Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. – По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски […]

Шпанија од јуни ќе прима туристи со ковид-сертификати


Шпанија планира да ги отвори границите за странски туристи во јуни според шемата за дигитални здравствени сертификати за Ковид, изјави државниот секретар за туризам. Фернандо Валдез на самитот на Светскиот совет за патувања и туризам во Мексико рече дека програмата – согласно која туристите ќе можат да покажат дека биле вакцинирани, дека имаат негативен тест […]

Албанија со заем од ЕБОР ќе гради пловечка фотонапонска централа


Заем од 9,1 милиони евра ќе одобри Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на албанската државна електроенергетска компанија, КЕШ за изградба на пловечка фотонапонска централа. Заемот, што ќе биде комерцијално одобрен за наменски механизам воспоставен од КЕШ за целите на проектот, ќе финансира изградба на пловечка соларна фарма од 12,9 мегавати, прва пловечка фотонапонска […]

Во Македонија ќе се произведува амбалажа за КОВИД-вакцините


Во наредните два месеца германската компанија „Гересхајмер“ ќе соопшти дали ќе ја прошири инвестицијата во земјава, која, според првичните проекции, би трбеало да достигне околу 100 милиони евра. Како што изјави потпретседателот на „Гересхајмер“, Оливер Бургел за „Дојче веле“, компанијата е во фаза на разговори, но многу важно при носењето на конечната одлука ќе биде […]

Турција ја забрани продажбата на алкохол за време на локдаунот


Турција забрани продажба на алкохол на национално ниво, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган објави остра 17-дневна блокада на населението, објавија локалните медиуми. Продажбата ќе биде забранета во сите продажни места, соопшти новинскиот канал НТВ повикувајќи се на официјални извори. Владата не ја објави мерката јавно, создавајќи конфузија на социјалните мрежи. Некои корисници на Твитер реагираа […]